Здраво Билјана, книгата „Македонски народни носии“ од Георги Здравев ја имам дома и во најскоро време ќе ги пресликам сите слики од таму. Инаку книгата е во издание на Матица и може да се купи во салонот на Матица во Скопје по цена од 1800 денари (што е многу скапо), а јас ја имам добиено како подарок. Можно е да ја имаат во Македонскиот културен центар во Софија, доколку не ја отстраниле до сега поради личниот став на сегашната директорка во однос на македонскиот национален идентитет. Поздрав - МАКЕДОНЦИ ЗАСЕКОГАШ! 18:18, 8 октомври 2007 (UTC)


За Александар Матковски уреди

Здраво! За жал, освен „Грбовите на Македонија“ во моментов немам ништо друго од Матковски. „Македонскиот полк во Украина“ сигурно ја има низ книжарниците во Македонија, ако ја најдам ќе пробам да контактирам и да ти ја пратам некако...Ако не ти е тешко дај ми го имејлот. Мојот е damjanmk@hotmail.com Сѐ најубаво Дамјан Македонски 21:17, 17 јануари 2008 (UTC)