Радибушка Река

река во Македонија

Радибушка Река или Ранковачка Рекарека која извира од планината Герман. Реката претставува десна притока на Крива Река, во која се влева кај селото Ранковце.

Радибушка Река
Ранковачка Река
Местоположба
Физички особености
Устиекај Ранковце во Крива Река
 • надм. вис.
1200
Особености на сливот
ТечениеКрива РекаПчињаВардарЕгејско Море

По својот тек реката поминува и низ селото Радибуш, по кое и официјално го добила своето име, иако сретнува и под името Ранковачка Река, наречена по селото Ранковце, во кое се влева во Крива Река.

Тек уреди

Реката извира во високите изворишни делови на планината Герман (на околу 1200 м н.в.), а потоа нагло се спушта кон подножјето на селото Радибуш на 600 метри.[1]. Главното течение на реката настанува од составот на помалите Кривокаменска и Станчанска Река кај Радибуш по што таа го добива името Радибушка или Ранковечка Река[2]. При големиот пад од изворишното подрачје до Радибуш, реката изградила брзаци, мали слапови и неколку водопади високи од 5 до 6 метри, сите со големи природни базени во подножјето.[1] Поради својот кањонест и пошумен простор и ваквите природни базени, реката има голем туристички потенцијал, кој не е искористен.[1]. Реката во својот тек поминува низ атарите на селата Радибуш и Ранковце, поради што ги носи имињата Радибушка или Ранковечка. Се влева во Крива Река од нејзината десна страна, веднаш под селото Ранковце.

Галерија уреди

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 1,2 Милевски, Ивица; Маркоски, Благоја; Димитровска, Олгица (2012). „Физичко-географски атрактивности во североисточниот дел на Република Македонија“ (PDF). Скопје: Институт за географија, ПМФ. стр. 93. Архивирано од изворникот (PDF) на 2017-10-10. Посетено на 23 јануари 2016.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  2. Трифуноски, Јован (1976). Кривопаланачка област (српскохрватски). Загреб: ХАЗУ. стр. 297–298.

Надворешни врски уреди

42°14′09″N 22°06′27″E / 42.23583° СГШ; 22.10750° ИГД / 42.23583; 22.10750