Рабровачко Езеро се наоѓа во селото Рабровац, на територијата на белградската општина Младеновац. Езерото е оддалечено 12 километри од Младеновац[1] и 70 километри од Белград.[2]

Рабровачко Езеро
Рабровачко Езеро -
Рабровачко Езеро -
Вид вештачко
Земји во сливот  Србија
Прос. длабочина 16
Надм. височина на површината 180
Населени места Младеновац

Езерото настанало во 1970-те година на минатиот век, како вештачка акумулација, со изградба на браната на потокот Трстен, кој поминува низ селото. Долго е 780 метри и широко околу 160 метри и е најдлабоко од сите белградски езера. На некои места неговата длабочина изнесува и до 20 метри. Има површината од околу 10 хектари.[3] Се наоѓа на надморска височина од 180 метри.[2]

Езерото изобилува со риби, а најзастапени се крап, амур и деверика. Опколено е со листопадни шуми.[1]

Нема изградена пропратна инфраструктура и главно се користи за риболов и наводнување[3] на околните градини и за поење на добитокот.[2] Поради тоа е направен и усвоен проектот за изградба на туристичко-земјоделски комплекс на оваа езеро. Со проектот е предвидвидено уредување на брегот како и изградба на угостителски објекти[1], а во план е покрај езерото да се направи и мал спортски комплекс.[4]

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 1,2 ТО Младеновца: „Рабровачко језеро“ Архивирано на 19 јули 2014 г., приступ 13.7.2013
  2. 2,0 2,1 2,2 Београдска језера: „Рабровачко језеро“ Архивирано на 7 август 2013 г., приступ 13.7.2013
  3. 3,0 3,1 Урбанистички завод Београд: „Инфо бр. 35“ Архивирано на 14 март 2014 г., стр. 37, приступ 13.7.2013
  4. Рабровац блог: „Рабровачко језеро“, приступ 13.7.2013