РК Делчево — ракометен клуб од Делчево.

РК Делчево
Целосен називРакометен клуб Делчево
Основан2011
ИгралиштеМ.М. Брицо, Делчево
Приемност300
ПрестедателАна Стоиловска
Главен тренерГоран Велков
ЛигаWINNER Кадетска лига, SPARKASSE Пионерска лига
2013–143. место
Бои
Клупски бои         
Дресови
Бои на екипата
Бои на екипата
Бои на екипата
Бои на екипата
Домашен
Бои на екипата
Бои на екипата
Бои на екипата
Бои на екипата
Гостински
Мреж. место
Матична страница

Историја уреди

Ракометниот клуб Делчевo е формиран 2011 година од страна на Горан Велков Дипломиран професор по физичко и здравствено образование.Целта на формирањето е развивање на свеста кај младите за спорт и посветување повеќе внимание на спортските активности. Во натпреварувачката 2012/13 година Ракометниот клуб Делчево за првпат влегува во Ракометна Федерација на Македонија и учествува во WINNER Кадетска лига и SPARKASSE Пионерска лига и постигнува забележителни резултати во WINNER Кадетска лига, каде се пласира на final four турнирот. РK Делчево го освојува 3 место и ракометарките се закитуваат со бронзениот медал што е доста значајно бидејќи во првата година од своето учество освојуваат медал. Истата 2013 година добиваат покана од Меѓународниот турнир Атлант 2013 Бугарија. На овој турнир учествуваа ракометни екипи од Македонија, Русија, Украина, Бугарија и Полска. Ракометниот клуб Делчево се покажува во вистинско светло и го освојува првото место и златниот медал.

Екипа уреди

број име позиција датум на
раѓање
тежина
кг
висина
см
држава
1 Бојана Захариева голман 08.02.1999 57 168   Македонија
2 Сара Николова десно крило 22.09.2000 52 158   Македонија
3 Марија Гоцевска десно крило 18.08.2000 56 163   Македонија
4 Симона Димовска лев бек 12.05.1997 66 171   Македонија
5 Моника Цонева кружен напаѓач 29.05.1998 58 168   Македонија
6 Андреа Крстевска кружен напаѓач 01.05.1997 69 162   Македонија
7 Александра Георгиевска десно крило 10.09.1997 65 163   Македонија
8 Михаела Јанковска среден бек 29.05.1998 51 169   Македонија
9 Анастасија Стоименовска лево крило 01.04.1999 48 161   Македонија
10 Сандра Величковска десен бек 17.06.1999 62 174   Македонија
11 Кристина Атанасовска лев бек 29.10.2000 59 170   Македонија
12 Сандра Митевска голман 03.02.1998 70 180   Македонија
13 Моника Сумрачка десно крило 08.10.2001 55 162   Македонија
14 Кети Ангеловска десно крило 21.08.2001 57 170   Македонија
15 Христина Богдановска кружен напаѓач 24.04.1997 61 162   Македонија
16 Теона Димитровска лев бек 26.11.2001 61 165   Македонија
17 Бојана Георгиевска десен бек 21.03.1999 52 170   Македонија
18 Тамара Спасевска кружен напаѓач 29.02.2000 60 163   Македонија
19 Моника Крстевска десен бек 18.10.1998 56 167   Македонија
20 Дијана Ивановска десен бек 18.08.1998 63 171   Македонија
21 Наталија Стојановска голман 07.06.1998 58 163   Македонија
22 Габриела Атанасовска кружен напаѓач 20.07.1999 60 167   Македонија
23 Ивана Гоцевска десно крило 12.03.2000 39 158   Македонија

Технички персонал уреди

  •   Тренер: Горан Велков
  •   Претседател: Ана Стоиловска
  •   Заменик Тренер: Ѓорѓи Велинов
  •   Доктор: Дејан Златковски
  •   Официјално лице: Гоце Стоиловски

Спортска сала уреди

РК Делчево своите спортски активности ги одржува во спортската сала на ООУ Ванчо Прке и спортската сала на СОУ М.М. Брицо каде се играат натпреварите.Спортската сала на М.М. Брицо е со капацитет од 300 гледачи.

Трофеи уреди

  • Атлант 2013 - Приморско Бугарија
Победник (1): 2013 година
  • WINNER Кадетска лига
Трето место: 2012- 2013 година