СУ „Методија Митевски - Брицо“ - Делчево

СОУ „Методи Митевски-Брицо“ — средно училиште во Делчево, Општина Делчево[1]. Го носи името на делчевчанецот Методија Митевски Брицо. Училиштето се наоѓа во строгиот центар на градот и е посетувано од ученици од целата општина.

СОУ Методи Митевски-Брицо

Место
Општина: Делчево
Место: Делчево
Адреса: бул.М.М.Брицо бр.35 Делчево
Основни информации
Основано: 1961
Директор: Дијана Цонева
Број на ученици: 371
Настава на: македонски
Контактни информации
Портал mmbrico.edu.mk
е-пошта mm_brico@hotmail.com
тел. +38978/220-411
факс +38933/411-864

Основање и развој уреди

Од учебната 1961/62 во Делчево се појави првата средношколска институција во ова подрачје под името “Браќа Миладинови”. Оваа гимназија имаше за цел да образува кадри за понатамошен побрз стопански општествен развој во оваа подрачје. Името е променето во 1963 во тоа на првоборецот на НОБ од Делчево, Методија Митевски Брицо. Училиштето во учебната 1966/67 година прераснува во училиштен центар за средно образование, со отворањето на подрачните паралелките во Македонска Каменица.

Бројот на учениците во оваа гимназија од 1961/62 г. постепено сè повеќе се зголемува, а особено од учебната 1975/76 година со воведувањето на повеќе струки, меѓу кои се: Машинската и лозаро-овоштарската струка (1980/81), текстилна (1982/83), правана (1983/84) во Делчево, а во Македонска Каменица била воведена угостителска и метална струка (1975/76).

Оттогаш па до денес бројот на учениците сè повеќе се зголемува. Многу ученици од подоцнежните генерации завршено заземаат важни и високи функции меѓу кои многумина од нив станале: професори на филолошки, природно математички и рударски факултет, дипломирани економисти и правници доктори, офицери на АРМ и сл.

Денес во овој училиштен центар активно работат повеќе секции и тоа литературната, физичката, ликовната секција и др. Покрај овие секции активно работи историскиот клуб „Гоце Делчев“ , хорот и оркестарот, а голем број ученици се вклучени и во спортските активности.

Сите ученици кои учествуваат на овие активности постиганле задоволителни резултати, на регионалните и републичките натпревари во знаење.Сето тоа го потврдуваат многубројните дипломи и признанија.

Мисија и визија уреди

Мисија уреди

Средното општинско училиште ,,Методи Митевски Брицо,,  е воспитно образовна институција со воспоставен систем на демократски вредности што се рефлектираат преку здрава,  безбедна, дисциплинирана и стимулативна средина за учење во која се негува современа актуелна училишна култура и овозможува градење на младите луѓе во интелектуално емотивно социјално морално зрели личности достојни за почит во општеството.

Главните цели на училиштето се  учениците  да се здобијат со трајни и употребливи знаења, со креативни и практични вештини овозможувајќи им своите интереси и способности да ги применат во сите области на работата и животот.

Визија уреди

Современо Европско училиште со јасно поставени стратешки цели за квалитет во образованието преку вклучување на научно технолошки постигнувањa, информатичка технологија, креативни методи и техники за активна настава иучење, тимска работа, партнерски однос со родителите и локалната заедница, изградени капацитети за децентрализирано образование. Светилник кој го осветлува патот до успехот на генерациите што доаѓаат за да го пронајдат заслуженото место под сонцето.

Познати личности кои учеле во ова училиште уреди

  1. Љубчо Георгиевски - премиер на Р Македонија од 1998 до 2002 год
  2. Tрајан Гоцевски - декан на Филозовскиот факултет во Скопје
  3. Мишо Христов - професор на Земјоделско-шумарскиот факултет во Скопје
  4. Игор Митревски - фудбалер во Русија
  5. Мето Јовановски - глумец

Наводи уреди