Путир (грчки: ποτήρ= сад за пиење, чаша) — во православната литургија е чаша (со рачка) која служи за осветување на виното (разредено со вода) со кое се причестуваат верниците.

Путир од XII век пронајден на Скопското Кале

Првично путирот бил обична чаша, но веќе од 4 век бил од сребро или злато (според канонските прописи барем одвнатре позлатен). Често е украсен со гравури или емајлирани иконографски мотиви.

Галерија уреди

Наводи уреди

Надворешни врски уреди