Понтеведра (покраина)
Понтеведра ― покраина во Шпанија долж атлантскиот брег на земјата во југозападна Европа. Покраината го обликува југозападниот дел од автономната заедница Галисија. Се граничи со покраините А Коруња, Луго и Оуренсе, државата Португалија и Атлантскиот Океан. Службени јазици на покраината Понтеведра се шпанскиот и галисискиот. Постои јавна установа наречена Покраински совет на Понтеведра (Diputación Provincial of Pontevedra), чие седиште е во градот Понтеведра, која обезбедува директни услуги за граѓаните како техничка, финансиска и технолошка поддршка на советите на 62 општини во покраината Понтеведра.
Понтеведра | |||
---|---|---|---|
Покраина | |||
Градот Понтеведра | |||
Местоположва на Покраината Понтеведра во рамките на Шпанија | |||
Држава | Шпанија | ||
Автономна заедница | Галисија | ||
Главен град | Понтеведра | ||
Управа | |||
• Орган | Покраински совет на Понтеведра | ||
Површина | |||
• Вкупна | 4.495 км2 (1,736 ми2) | ||
Население (2019) | |||
• Вкупно | 942,665 жители (НИС) | ||
• Густина | 210/км2 (500/ми2) | ||
Демоним | Pontevedrés (м), Pontevedresa (ж) | ||
Часовен појас | СЕВ (UTC+1) | ||
• Лете (ЛСВ) | СЕлВ (UTC+2) | ||
Поштенски број | 36--- | ||
ISO 3166 | ES-PO | ||
Мреж. место | http://www.visit-pontevedra.com |
Населението на покраината е 942.665 (2019), од кои 9% живеат во главниот град, градот Понтеведра и 28% во Виго.
Географија уреди
Понтеведра е пресечена на два дела од реката Лерез. Повеќето од главните туристички знаменитости во Понтеведра се на југ од реката. Понтеведра има многу историски градби, споменици и цркви.
Голем дел од винската ознака Ријас Баисас се наоѓа во покраината. Покраината на сличен начин го дели Националниот парк на Атлантските Острови на Галисија со соседната покраина А Коруња. Овој регион ги содржи галисиските острови Онс, Сиес, Салвора и Кортегада.
Клима уреди
Покраината има океанска клима со топли и релативно суви лета и свежи и многу влажни зими.
Демографија уреди
Главниот град на покраината, Понтеведра, со население од 83.029 (2019) не е најголемиот град во нејзината провинција, најголемата општина е индустрискиот Виго со население од 295.364. Покрај тоа, во покраината има 62 општини. Други релевантни општини, врз основа на нивното население, се Вилагарсија де Ароса (37.456), Редондела (29.218), Кангас (26.542), Марин (24.319), Понтеареас (22.877), Ла Естрада (20.479), Лалин (20.218) и О Порињо (19.848).
Година | Нас. | ±% |
---|---|---|
1900 | 457.262 | — |
1930 | 568.011 | +24.2% |
1950 | 671.609 | +18.2% |
1981 | 859.897 | +28.0% |
2004 | 930.931 | +8.3% |
2013 | 955.050 | +2.6% |
2019 | 942.665 | −1.3% |
Окрузи уреди
- О Баисо Мињо
- Калдас
- О Кондадо
- О Деза
- О Моразо
- Ла Параданта
- Понтеведра
- О Салнес
- Табеирос – Тера де Монтес
- Виго
Поврзано уреди
Наводи уреди
Надворешни врски уреди
- Понтеведра (покраина) на Ризницата ?