А Коруња (покраина)

покраина во Галисија, северозападна Шпанија

А Коруња (галисиски: A Coruña) или Ла Коруња (шпански: La Coruña) — најсеверозападна покраина на Шпанија и една од четирите кои ја сочинуваат автономната заедница Галисија. Опкружена е од Атлантскиот Океан на запад и север, покраината Понтеведра на југ и покраината Луго на исток.

А Коруња / Ла Коруња
A Coruña / La Coruña
покраина
Плажата Фора во ФистераПлоштадот Тапал во Ноја
Херкуловата кула во А Коруња
Еумската шумаПлоштадот на кујунџиите во Сантјаго де Компостела
Разни знаменитости во покраината
Грб на А Коруња / Ла Коруња
Местоположба на покраината во Шпанија
Местоположба на покраината во Шпанија
Земја Шпанија
Автономна заедница Галисија
CapitalА Коруња
Управа
 • ОрганСобрание на А Коруња
 • ПретседавачВалентин Гонсалес Формосо (СПГ)
Површина
 • Вкупна7,950 км2 (3,070 ми2)
Население (2018)[1]
 • Вкупно1.121.484
 • Густина140,000/км2 (370,000/ми2)
Пошт. бр.15---
ISO 3166ES-C
Парламент24 пратеници (од 75)
Конгрес9 пратеници (од 350)
Сенат4 сенатори (од 264)
Мреж. местоdicoruna.es

Историја уреди

Историјата на покраината започнува некаде на крајот од средниот век, за време на владеењето на католичките кралеви. Во тоа време покраината била значително помала од денес, а денешните граници ги добила дури со територијалното преуредување на Шпанија во 1833 г. кога сета покраина Бетансос и половината од Мондоњедо биле споени во една, со главен град А Коруња.

Оттогаш А Коруња е покраина со најголемо население и најголд брег во Галисија. Сè до втората половина на XX век, покраината била духовно и културно средиште на сиот регион. Универзитетот на Сантјаго де Компостела бил единствениот во северозападна Шпанија сè до смртта на Франциско Франко.

Главни знаменитости уреди

Од исклучително значење е катедралата „Сантјаго де Компостела“ како крајно одредиште на познатиот Пат за Сантјаго — важен историски пат за поклонение на Апостол Јаков уште од средновековието. Тука и денес доаѓаат голем број поклоници од најразлични делови од светот.

Паркови уреди

Сообраќај уреди

Воздушен сообраќај уреди

Железнички сообраќај уреди

  • Државна железничка мрежа на Шпанија (RENFE) — ги поврзува сите поважни градови: Ферол, Бетансос, А Коруња и Сантјаго де Компостела
  • Шпански теснолинејки (FEVE) — го поврзува Ферол со разни населени места во Ортегал. Оди и до Ирун во Баскија.
  • Шпанска големобрзинска железничка мрежа (AVE) — ги поврзува поважените градови на покраината со Лисабон и Мадрид.

Стопанство уреди

Пристаништа уреди

 
Пристаништето во А Коруња

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. Општински регистар на Шпанија 2018. Национален статистички институт.
  2. Национален парк Атлантски острови на Галисија Архивирано на 27 јануари 2007 г. (шпански)

Надворешни врски уреди