Петар Јанков ((роден во 1967 година во Скопје) — македонски поранешен член и учесник на првите три албуми на музичката група Архангел. Завршил градежен факултет во Скопје.

Петар Јанков
Родено имеПетар Јанков
Роден(а)1967
Скопје, Македонија

Објавувал карикатури во Студентски збор, Остен, Дневник, Време, Шпиц, Утрински весник и Нова Македонија. Уште во 1987 година освоил Прва награда на конкурсот за карикатури во Студентски збор. Добивал награди и на некои меѓународни конкурси во Кореја, Полска, како и на конкурсот на Обединетите Нации за политичка карикатура во 2010 и 2011 година.[1] Неговите политички карикатури во Дневник и Време позитивно ги оцениле и некои светски политичари меѓу кои Романо Проди и Теодорос Пангалос.

Се занимава и со 3D анимација, како и со музика.

Наводи уреди