Теодорос Пангалос

Теодорос Пангалос (грчки: Θεόδωρος Πάγκαλος; 17 август 1938 - 31 мај 2023) — грчки политичар и поранешен вицепретседател на Владата на Република Грција, задолжен како координатор на Советот на министерството за надворешни работи и одбрана (KYSEA).[2].

Теодорос Пангалос
Θεόδωρος Πάγκαλος


Пратеник
Вицепремиер на Грција[1]
На должноста
Стапил
7 октомври 2009 - 17 мај 2012
Премиер Јоргос Папандреу
Претходник Ѕанис Ѕанетакис
Наследник Евангелос Венизелос
Член на Грчкиот парламент
На должноста
1981–2012
Министер за надворешни работи
На должноста
22 јануари 1996 – 18 февруари 1999
Премиер Костас Симитис
Претходник Каролос Папуљас
Наследник Јоргос Папандреу
Лични податоци
Роден(а) 17 август 1938(1938-08-17)
Елефсина, Западна Атика, Грција
Починал(а) 31 мај 2023(2023-05-31) (возр. 84)
Атина
Партија ПАСОК

Пангалос во политичкиот живот на Грција се вклучил во 1967 година, против воената диктатура, и во 1968 година, кога воената хунта го лишела од грчкото државјанство. Во 1981 година бил избран за пратеник на Грчкото собрание од страна на партијата ПАСОК. Во периодот од 1996 до 1999 година бил Министер за надворешни работи на Република Грција. Тој во 1999 година поднел оставка од министерската функција, откако курдскиот националистички водач Абдула Оџалан, илегално влегол и ја напуштил Грција и на крајот бил уапсен при напуштањето на грчката амбасада во Најроби.

Починал на 31 мај 2023 г. на возраст од 84 години.[3]

Наводи уреди

  1. http://www.enet.gr/?i=news.el.article&id=89298
  2. „New Papandreou government Cabinet announced“. ANA-MPA. ana-mpa.gr. 2009-10-06. Архивирано од изворникот на 2018-11-11. Посетено на 2009-10-09.
  3. „Πέθανε ο Θεόδωρος Πάγκαλος - Η διαδρομή του από το ΚΚΕ στο ΠΑΣΟΚ κι από τον Οτσαλάν στο «μαζί τα φάγαμε»“. ProtoThema (грчки). 31 мај 2023. Посетено на 31 мај 2023.