Островот Палм (англиски: Palm Island) е остров во Карипското Море, дел од архипелагот Гренадини. Островот е еден од островите на карипската држава Свети Винцент и Гренадини. Палм се наоѓа на една милја од островот Јунион и е достапен само со брод. Островот има вкупна површина од 0.55 км2. Палм има пет плажи.

Остров Палм
Palm Island / Prune Island
Островот Палм.
Географија
МестоКарипски Острови
Координати12°35′09″N 61°23′48″W / 12.585853° СГШ; 61.396537° ЗГД / 12.585853; -61.396537
АрхипелагГренадини
Управување
Дополнителни податоци
приватен остров

Првично островот бил именуван како Прун. Сегашното име потекнува од моментот кога поранешните сопственици на островот, Џон Калдвел и неговата сопруга, засадиле стотици кокосови палми на островот. Така, пустинскиот остров преполн со мочурливи предели и комарци, се претворил во остров прекриен со кокосова шума.

Природа уреди

 
Поглед кон островот Палм од островот Јунион.

Островот е погодно место за биотата. Во 2015 година на островот биле донесени 125 желки како замена на популацијата на желку која била однесена од уриганот Иван во 2004 година. Иако не е ендемска, растителноста е слична со таа на островот Јунион.

Покрај желките и растителноста, на островот има домашен гуштер, копнени гуштери, копнени краби, морски желки и слично. Дополнително на тоа, островот е засолниште на гулаби, тропски дрозд, бананов тангар, сина и крунеста чапја, колибри и други. Секако, на островот има галеби и фрегати.

Туризам уреди

Палм е дом на „Палм Ајланд Ресорт и Спа“. Овој комплекс има 40 соби и неколку приватни вили. Има два ресторана, два бара, спа, базен, сала, библиотека, игралишта и современа технологија. Овој ресорт има капацитет од околу 100 гости и вработен персонал од 92 луѓе.

Поврзано уреди

Наводи уреди

Надворешни врски уреди