Павле Арсоски ― поранешен генерал-мајор, советник на началникот на Генералштабот на Армијата за борбена готовност и операции на Република Македонија и сегашен потпретседател на партијата ЗНАМ.[1].

Павле Арсоски
Арсоски во 2020 година
РоденГостивар, СР Македонија, СФРЈ
РодАртилерија
Служба1990 - 2023
Чингенерал-мајор
ЕдиницаГенералштаб на Армијата
Заповедал соКоманда за операции,

Здружена оперативна команда, 1.механизирана пешадиска бригада,

Полк за специјални операции,

1.пешадиски баталјон
ОдликувањаВонредно унапредување во чин мајор;

Златна, Сребрена и Бронзена значка на АРМ;

Плакета на АРМ; Сребрена значка на АРМ за долгогодишна служба;

Златна и сребрена значка на АРМ за партнерство, координација и соработка.

Арсоски во 1990 година бил промовиран во потпоручник. Во текот на неговата кариера тој извршува широк спектар на должности, од кои можат да се истакнат командант на 1-виот баталјон од 15-та пешадиска бригада, полкот за специјални операции, 1-та механизирана пешадиска бригада и командант на Командата за операции во 2018 година, пред да биде назначен на сегашната должност како советник на началникот на Генералштабот на Армијата за борбена готовност и операции. Од 19.05.2023 година генерал мајор Павле Арсоски е во пензија.

Животопис уреди

Роден бил во Гостивар во 1967 година, воена гимназија завршил во Загреб (Хрватска) во 1986 година, а военото образование го продолжува на Воената академија на копнената војска во Белград Архивирано на 19 април 2016 г. (Србија) и Задар (Хрватска). Дипломирал во 1990 година како потпоручник на родот артилерија. Воената кариера ја започнува во поранешната Југословенска Народна Армија (ЈНА) во Словенија, а во Армијата на Република Македонија[2] е од првиот ден на нејзиното формирање во април 1992 година. Во текот на својата богата војничка кариера, генералот Арсоски извршува бројни командни и штабни должности. Негова прва должност во Армијата на Република Македонија (АРМ) е командир на вод во артилерискиот дивизион на 1.гардиската бригада во Скопје, а потоа следователно, командир на чета, заменик командант на баталјон и командант на 1.пешадиски баталјон на 15.пешадиска бригада во Тетово. За време на воениот конфликт во 2001 година[3], Арсоски командува со пешадиски баталјон и подоцна со баталјонска борбена група во Тетовско и на Шар Планина, за што истата година вонредно е унапреден во чин мајор. Во 2003 година станува дел од најелитната борбена единица на АРМ, полкот за специјални операции. Најпрво ја извршува должноста началник за операции, планирање и обука, а во 2010 година е поставен за началник на штаб и унапреден во чин полковник. Командант на полкот за специјални операции стана во 2012 година. Со Указ на Претседателот на Република Македонија и Врховен командант на вооружените сили, во август 2013 година е поставен за командант на 1. механизирана пешадиска бригада[4] и унапреден во чин бригаден генерал. Во 2015 година е поставен за заменик на командантот на Здружената оперативна команда, а три години подоцна во 2018 година, стана командант на Здружена оперативна команда[5][6][7]. Истата година е унапреден во чин генерал-мајор. Со трансформација на Армијата во 2019 година е поставен за командант на Командата за операции Архивирано на 25 април 2020 г.[8] и должноста ја извршува до 2021 година кога е поставен за советник на началникот на Генералштабот на Армијата за борбена готовност и операции.

За време на воената кариера, Арсоски го продолжува своето военото образование. По дипломирањето на Постдипломски студии за командни и штабни должности во Скопје во 2003 година, во 2011 година го завршува највисоко воено образование и дипломира на Ратната школа „Бан Јосип Јелачиќ“ во Загреб, (Република Хрватска). Генерал-мајор Арсоски има завршено повеќе курсеви и обуки во земјата и странство, меѓу кои и престижните: Курс за командант на баталјон во Сојузна Република Германија, Курс за водачи на 21 век во Џорџ Маршал Центарот во Сојузна Република Германија, Курс за воен менаџмент и донесување на одлуки, Обука за воени аташеи и експерти за меѓународна комуникација и Курс за генерали и амбасадори во Одбранбениот колеџ на НАТО во Рим, (Република Италија).

Награди и признанија уреди

Вонредно унапредување во чин мајор во 2001 година, Златна, Сребрена и Бронзена значка на АРМ; Плакета на АРМ, Сребрена значка на АРМ за долгогодишна служба, Златна и сребрена значка на АРМ за партнерство, координација и соработка.

Семеен статус и интереси уреди

Генерал Арсоски од 1990 година е во брак со Елизабета Арсоска, дипломиран новинар и заменик главен и одговорен уредник на дневниот весник „Вечер“ со која има две деца, ќерка Марија, професор по германски јазик и син Александар, дипломиран економист. Зборува активно англиски и германски јазик.

Во слободно време генерал Арсоски активно се занимава со спорт, голем љубител е на ликовната и драмска уметност, како и опера и балет. Ја проучува воената историја, класичната литература, хералдиката и хорологијата.

Потпретседател е на здружението[9] и секретар на Македонското грбословно друштво[10] со титула Хералд Еригонски. Напоредно со военото образование, генерал-мајор Арсоски вложува и во надградба на цивилното образование. Во 2016 година ги завршува магистерски студии на Институтот за национална историја при УКИМ и се стекнува со титула магистер по воена историја. Во 2021 година се стекнал со титулата Доктор на науки на истиот Институт.

Наводи уреди

  1. „Командата за операции на Армијата на Република Македонија“. Архивирано од изворникот на 2020-06-24. Посетено на 2020-05-08.
  2. „Армија на Македонија“. Википедија. 2020-05-31.
  3. „Воен конфликт во Македонија, 2001“. Википедија. 2020-05-31.
  4. „Генерал Арсоски, нов командант на механизираната пешадиска бригада“. А1он (англиски). 2013-09-06. Посетено на 2020-06-02.
  5. „Бригадниот генерал Арсоски нов командант на ЗОК“. Нова Македонија. Посетено на 2020-06-02.
  6. „Бригадниот генерал Арсоски нов командант на Здружената оперативна команда“. makpress.mk. Посетено на 2020-06-02.
  7. „Павле Арсоски - нов командант на Здружената оперативна команда“. МКД.мк. Архивирано од изворникот на 2020-06-03. Посетено на 2020-06-02.
  8. „Команда за операции“. Архивирано од изворникот на 2020-06-24. Посетено на 2020-06-02.
  9. Клуб на генерали Архивирано на 3 јуни 2020 г.
  10. Македонско грбословно друштво