Општина Другово — поранешна општина во Западна Македонија. Центар на општината било селото Другово. Општината била создадена со територијалната поделба од 2004 г., а престанала да постои согласно предлог-измените за територијална поделба од 2013 година, кога била припоена кон Општина Кичево, заедно со општините Зајас, Вранештица и Осломеј[1] со воспоставување на новата локална власт по изборите на 24 март 2013.

Општина Другово
денес дел од Општина Кичево


Местоположба на поранешната Општина Другово.
Знаме на Општина Другово Грб на Општина Другово
Знаме Грб
Општи податоци
Седиште Другово
Регион  Југозападен
Површина 383,24 км2
Основана 2004
Службен јазик македонски
Демографија
Население 3.249 жит.
- проценка од 31.12.2011 2.979 жит.
Густина 8,48 жит./км2
Населени места
Народности Македонци
Самоуправа
Градоначалник Добре Никоски (последен градоначалник)
Совет 9 члена
Контактни податоци
Мреж. место Службен портал
Карта на општина Другово со селските атари.

Територијата на Општина Другово е дел од Југозападниот Регион. Општината се граничела со: Општина Дебрца (порано Општина Белчишта) и Општина Демир Хисар (порано Општина Сопотница) на југ, Општина Дебар и Општина Маврово и Ростуше (порано Општина Ростуша) на запад, Општина Кичево и Општина Зајас на север и Општина Пласница и Општина Крушево на исток.

Географија уреди

Територијата на општина Другово' се наоѓала во Западна Македонија. Всушност , таа била и најголема општина во Кичевската Котлина која го зафаќа нејзиниот западен и јужен дел и припаѓала на горното сливно подрачје на реката Треска, која извира на овој простор. Релјефно таа се наоѓала меѓу планините Бистра на север, Стогово на запад, Илинска планина на југ, на тесен простор на исток со Бушева и на североисток со дел од рамништето на Кичевско Поле. Таа граничела со општините Кичево, Зајас, Маврово и Ростуше, Центар Жупа, Демир Хисар, и на тесен дел со Крушево и Пласница. Преку неа водел главниот пат Гостивар-Кичево-Охрид, а има и локални и регионални патишта. Територијата на општина Другово зафаќала површина од 385 км2 и се вбројувала во поголемите со простор општини во Република Македонија. Просечна густина на населеноста изнесувала само 8,48 жители на км2 , што укажува на мошне малата населеност во општината ,а која располага со добри природни ресурси.

Економија уреди

Главно стопански гранки на населението биле земјоделството, шумарството и сточарството.

Демографија уреди

Според пописот на население од 2002 година, општината имала вкупно население од 3.249 жители со густина на население од 8,48 жители на километар квадратен. Оваа општина била една од најмалите во државата. Етничкиот состав на општината бил следниот[2]:

Народ Број Удел (%)
Македонци 2.784 86,69
Турци 292 8,99
Албанци 155 4,77
Срби 8 0,24
Роми 1 0,03
други 9 0,28

Мајчин јазик на населението според пописот од 2002[3]:

Јазик Број
македонски 2.802
албански 153
турски 275
српски 8
бошњачки 1
други 7

Вероисповед на населението според пописот од 2002 година:

Вероисповед Број
православие 2.790
ислам 448
католицизам 2
други 9

Иселеништво уреди

Населените места во општина Другово забележале пад на населението поради миграцијата село-град. Добар дел од луѓето се иселувале во поголемите урбани центри во Македонија.

Според податоците заклучно со 2011 година, вкупниот број на ученици во Општина Другово во 2011 паднал за над 30% во однос на вкупниот број на ученици во 2007. Другово е трета општина по падот на вкупниот број на ученици.[4]

Општествени установи уреди

Во рамките на општината функционирале: ЦОУ „Христо Узунов“ - Другово и ЈП „Хигиена“ - Другово.

Цркви

Администрација и политика уреди

Последен градоначалник на општина Другово бил Добре Никоски. Општината имала вкупно 9 советници кои го претставуваат 28 села од општината.

Во склоп на општина Другово биле следниве села: Белица, Брждани, Видрани, Големо Црско, Горна Душегубица, Горно Добреноец, Долна Душегубица, Долно Добреноец, Другово, Ехлоец, Иванчишта, Извор, Јаворец, Јудово, Кладник, Кленоец, Козица, Лавчани, Малкоец, Мало Црско, Манастирско Доленци, Подвис, Попоец, Пополжани, Прострање, Свињиште, Србјани и Цер. Дел од селата, географски, се демирхисарски.

Културни и природни знаменитости уреди

Археолошки наоѓалишта[5]

Личности уреди

Култура и спорт уреди

Во Другово функционирале: КУД „Гоце Делчев“ - Другово и ФК Гоце Делчев - Другово.

Наводи уреди

  1. „ДУИ бара помош од иселениците“. Нова Македонија. Посетено на 2012-11-20.
  2. Попис на населението во Македонија, 2002
  3. Попис на Македонија, 2002: јазик, националност, религија
  4. „Во основните училишта за 10 години дури 46.500 ученици помалку“. Архивирано од изворникот на 2020-10-25. Посетено на 2013-02-08.
  5. 5,0 5,1 Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Поврзано уреди

Надворешни врски уреди