Горно Село (Белица)

археолошко наоѓалиште во Македонија
Горно Село

Карта

Местоположба 41°24′11″N 20°56′57″E / 41.40306° СГШ; 20.94917° ИГД / 41.40306; 20.94917
Основни податоци
Место Белица
Општина Кичево
Тип

 некропола


Период доцноантичко време
Портал „Археологија“

Горно Селоархеолошко наоѓалиште во кичевското село Белица. Претставува некропола од доцноантичко време. Се наоѓа на околу 800 м југоисточно од селото, во приватни ниви, распослани на мала височинка што потсетува на могила, каде има грамади од камења насобрани при расчистувањето на нивите. Југоисточно од оваа месност се наоѓа слична могила на која се гледаат вкопани камења. На повеќе места на наоѓалиштето има дупки копани од диви копачи.[1]

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069