Обршани

село во Општина Кривогаштани, Македонија

Обршани — село во Општина Кривогаштани, во околината на градот Прилеп.

Обршани

Улица низ селото

Обршани во рамките на Македонија
Обршани
Местоположба на Обршани во Македонија
Обршани на карта

Карта

Координати 41°16′56″N 21°21′46″E / 41.28222° СГШ; 21.36278° ИГД / 41.28222; 21.36278
Регион  Пелагониски
Општина  Кривогаштани
Област Прилепско Поле
Население 672 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 7525
Повик. бр. 048
Шифра на КО 20075
Надм. вис. 589 м
Обршани на општинската карта

Атарот на Обршани во рамките на општината
Обршани на Ризницата

Географија и местоположба уреди

 
Поглед на селото

Селото се наоѓа во западниот дел на Прилепското Поле, а на југозападната страна на територијата на Општина Кривогаштани.[2] Селото е рамничарско, на надморска височина од 589 метри. Од градот Прилеп е оддалечено 27 километри,[2] додека од општинското средиште Кривогаштани е оддалечено 7 километри. Претставува природен крстопат кон Прилеп-Крушево-Демир Хисар.

Низ селото поминува регионалниот пат 2339, кој ја поврзува Пелагонија со Железник.

Селото е големо низинско село помеѓу селата Пашино Рувци, Бела Црква и Боротино. Во минатото, водата за пиење се добивала од бунари длабоки 3 до 6 метри. Нема извори во околината.[3]

Месностите во атарот ги носат следниве имиња: Чатојца, Камење, Ливадски Пат, Средни Пат, Друм, Боротински Пат и Камберица.[3]

Селото има збиен тип, поделено на четири маала: Сугароско, Паскоско, Ѓореско и Баир Маало.[3]

Историја уреди

Обршани е старо македонско село. Во него се наоѓаат родови, кои најверојатно се староседелски. Прв пишан помен за селото се среќава од 1337 година кога кралот Стефан Душан го прилoжил на манастирот Трескавец.[3] Селото се споменува и во турските пописни дефтери од 1467/68 година, како дел од Прилепскиот Вилает (Vilayet-I Prilepe) под името Абршани и имало 35 семејства, 2 неженети и 4 вдовици, сите христијани.[4]

Околу 500 метри североисточно од селото се наоѓа месноста Црквиште, каде денес има ливади и нема остатоци од старини. Денес, таму се наоѓа Обршанскиот манастир. Покрај патот за соседното село Боротино во нивите и во ливадите биле ископувани стари гробови.[3]

Стопанство уреди

Атарот зафаќа простор од 6,6 км2. На него преовладува обработливото земјиште на површина од 588 хектари, додека на пасиштата и на шумите отпаѓаат мали површини.[2]

Селото, во основа, има полјоделска функција. Во селото постојат продавници и услужни објекти.[2]

За време на турското ропство во селото постоеле чифлици и тоа: Велиов, Бајрамоски, Аџи Здравев и Ицкоичин. Сопствениците на првите два живееле во Битола, а другите во Прилеп. По ослободување од османлиската власт, жителите ја купиле чифчиската земја, а некои ја добиле и со аграрната реформа.[3]

Население уреди

Население во минатото
ГодинаНас.±%
19481.005—    
19531.169+16.3%
19611.229+5.1%
19711.247+1.5%
19811.138−8.7%
ГодинаНас.±%
1991863−24.2%
1994825−4.4%
2002793−3.9%
2021672−15.3%

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Обршани живееле 540 жители, сите Македонци.[5] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Обршани имало 448 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[6]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Обршани се води како чисто македонско село во Битолската каза на Битолскиот санџак со 65 куќи.[7]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 700 Македонци.[8]

Обршани е големо село, но со намалување на бројот на жителите. Така, во 1961 година селото броело 1.229 жители, главно македонско население, а во 1994 година бројот се намалил на 825 жители, од кои 823 биле Македонци и двајца жители Срби.[2]

Според пописот од 2002 година, во селото Обршани живееле 793 жители, сите Македонци.[9]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 672 жители, од кои 667 Македонци, 2 Албанци, 1 останат и 2 лица без податоци.[10]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 540 448 1.005 1.169 1.229 1.247 1.138 863 825 793 672
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[11]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[12]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[14]

Родови уреди

Обршани е старо македонско село, во него живеат родови кои не знаат дали се староседелски или доселенички.[3]

Според истражувањата на Јован Трифуноски во 1955 година родови во селото се:

  • Староседелци и доселеници со непознато потекло: Смургевци (13 к.), Истинџиовци (11 к.), Аџиовци (10 к.), Дамчевци (9 к.), Момировци (4 к.), Глушевци (4 к.), Станчевци (2 к.), Шестаковци (4 к.), Бардинковци (2 к.), Размовци (1 к.), Ѓоревци (9 к.) и Дрлевци (4 к.).
  • Доселеници со познато потекло: Шарковци (13 к.), „доселени се некогаш од Шар Планина” Полог; Китановци (5 к.), доселени се од Кривогаштани; Мисковци (11 к.), доселени се од Воѓани; Рулевци (2 к.), доселени се од селото Рулја во Леринско; Козаровци (2 к.), доселени се од Воѓани, таму им се род Банковци; Киселовци (2 к.), доселени се во 1936 година од Кривогаштани, таму имаат роднини; Пасковци (14 к.), доселени од селото Воѓани, каде имаат роднини, во Воѓани се доселени од Растојца во Железник. а во Растојца од некое место кое е сега во Албанија.

Иселеништво уреди

Се знае за следните постари иселени родови и семејства од ова село: Стојчевци (6 к.) иселени се во Оптичари, Стомнаровци (2 к.), Лисковци (2 к.), Дрлевци (1 к.), Пасковци (1 к.), Кромидовци (1 к.) и Рувчевци (1 к.), иселени се во Пашино Рувци, Плитаровци (2 к.), Глуши (1 к.) и Шарковци (1 к.), иселени се во Бучин, Бишиновци (1 к.) и Естенџиовци (1 к.), иселени се во Новоселани, Обршанци (2 к.), иселени се во Поешево, Ќајовци (2 к.), Обршанци (2 к.) и Размовци (1 к.), иселени се во Боротино, Пасковци (3 к.), иселени се во Крушеани, Колчаковци (4 к.), иселени се во Врбјани и Прдлевци (2 к.), иселени се во Свето Тодори.[3]

Општествени установи уреди

Самоуправа и политика уреди

Во XIX век, Обршани било село во Битолската каза на Отоманското Царство.

Селото влегува во рамките на Општина Кривогаштани, која била една од ретките општини во Македонија која не била изменета при територијалната поделба во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото припаѓало на тогашната Општина Кривогаштани.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Прилеп. Во периодот 1955-1965, селото било дел од тогашната Општина Кривогаштани.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Бела Црква, во која покрај селото Обршани, се наоѓале и селата Бела Црква, Бучин, Воѓани, Пашино Рувци, Пресил и Света. Во периодот 1950-1952 година, селото било седиште на некогашната Општина Обршани, во која влегувале селата Боротино, Обршани и Пашино Рувци.

Избирачко место уреди

Во селото постои избирачкото место бр. 1515 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште.[15]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 584 гласачи.[16] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 596 гласачи.[17]

Културни и природни знаменитости уреди

Археолошки наоѓалишта[3][18]
Цркви[19]
Манастири

Личности уреди

Родени во или по потекло од Обршани
Жртви во војната 1941-1945[25]

Култура и спорт уреди

Во селоти работи фудбалскиот клуб ФК „Партизан“.

Галерија уреди

Наводи уреди

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 217. Посетено на 9 јануари 2022.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 3,6 3,7 3,8 Трифуноски; Јован Ф. (1998). Bitoljsko-Prilepska kotlina: antropogeografska proučavanja. Белград: Српска академија на науките и уметностите. ISBN 8670252678. OCLC 41961345.
  4. Турски документи за историјата на македонскиот народ кн. 4, Методија Соколоски, д-р Александар Стојановски, Скопје 1971, стр. 74
  5. Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 237.
  6. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 166-167.
  7. Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 13.
  8. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  9. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 9 јануари 2022.
  10. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  11. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  12. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  13. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  14. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  15. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
  16. „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.
  17. „Локални избори 2021“. Посетено на 9 јануари 2022.
  18. Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 305. ISBN 9989-649-28-6.
  19. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  20. 20,0 20,1 20,2 20,3 . Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва. том I, дел II. Скопје: Државен архив на Република Македонија. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: друго (link)
  21. . Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва. том II, дел I. Скопје: Државен архив на Република Македонија. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: друго (link)
  22. . Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва. том II, дел II. Скопје: Државен архив на Република Македонија. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: друго (link)
  23. 23,0 23,1 . Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2017). Илинденски сведоштва. том III, дел II. Скопје: Државен архив на Република Македонија. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: друго (link)
  24. 24,0 24,1 24,2 . Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2017). Илинденски сведоштва. том IV, дел I. Скопје: Државен архив на Република Македонија. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: друго (link)
  25. Žrtve rata 1941-1945 (PDF). Muzej žrtava genocida Beograd. 1997. стр. 217.

Поврзано уреди

Надворешни врски уреди