Оптичари

село во Општина Битола

Оптичари — село во Општина Битола, во околината на градот Битола.

Оптичари
Оптичари во рамките на Македонија
Оптичари
Местоположба на Оптичари во Македонија
Оптичари на карта

Карта

Координати 40°59′10″N 21°25′15″E / 40.98611° СГШ; 21.42083° ИГД / 40.98611; 21.42083Координати: 40°59′10″N 21°25′15″E / 40.98611° СГШ; 21.42083° ИГД / 40.98611; 21.42083
Општина Битола
Население 242 жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО 02088
Надм. вис. 569 м
Слава Атанасовден
Оптичари на општинската карта

Атарот на Оптичари во рамките на општината
Оптичари на Ризницата

Географија и местоположба уреди

Оптичари се наоѓа во јужниот дел на плодното Битолското Поле, на територијата на Општина Битола. Селото е рамничарско, на надморска височина од 578 метри. Од градот Битола е оддалечено 10 километри. Атарот зафаќа простор од 16,7 км2. Обработливото земјиште зафаќа површина од 1.530 ха, а 140 ха се под пасишта. До селото има асфалтиран пат. Изграден е водовод за снабдување на населението со чиста и здрава вода за пиење.

Историја уреди

 
Куќа во Оптичари за време на Првата светска војна

Првиот пишан помен за Оптичари е од периодот меѓу 1650 и 1750 година.[2] Во 1912 година тука се затекнати 40 македонски домаќинства, од кои половината биле чифчии, а половината рајати. Таа година чифлици имале: Мемиш-ага, Шаќир-ага, Идриз-бег, Рифан-ефенди, Абдула, Малик, Салија и Рашид, сите од Битола.[2] По 1912 година, земјата била разделена на жителите по основа на аграрната реформа.[2]

Само 1 жител на оваа населба е заведен како жртва во Втората светска војна.[3]

Стопанство уреди

Население уреди

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948503—    
1953528+5.0%
1961712+34.8%
1971745+4.6%
1981851+14.2%
ГодинаНас.±%
1991442−48.1%
1994326−26.2%
2002317−2.8%
2021242−23.7%

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Оптичари живееле 380 жители, сите Македонци.[4] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Оптичари имало 480 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[5]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Оптичари се води како чисто македонско село во Битолската каза на Битолскиот санџак со 55 куќи.[6]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 350 Македонци.[7]

Според пописот од 2002 година, во селото има 317 жители, од кои 316 Македонци и 1 Србин.[8]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 242 жители, од кои 233 Македонци и 9 лица без податоци.[9]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 380 480 503 528 712 745 851 442 326 317 242
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[10]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[11]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]

Родови уреди

Оптичари е македонско православно село. Во минатото некое време во селото живееле и муслимански родови, турски и албански. Повеќето родови во селото се доселени.[14]

Родови во Оптичари се:

  • Староседелци: Чекановци (5 к.), Аневци (2 к.), Мурговци (2 к.), Пајкаровци (2 к.) и Кукајца (1 к.);
  • Доселеници: Коларовци (1 к.), доселени се од некое село во Железник, овој род отсекогаш имал 1 куќа; Тупачовци (4 к.), доселени се од селото Обедник во Железник; Стојчевци (6 к.), доселени се од прилепското село Обршани; Иловци (1 к.), доселени се во турско време од селото Кравари; Милевци (5 к.), потекнуваат од селото Обедник во Железник, од Обедник најпрво се населиле во Кравари, а од Кравари во Оптичари; Станковци (5 к.) за нив се вели дека се Брсјаци, доселени се од некое село во Железник; Боротинци (1 к.), доселени се од Горно Оризари, подалечно потекло од селото Боротино; Чадија (1 к.), се викаат и Добромирци, доселени се од селото Добромири; Манчевци (3 к.), доселени се од селото Трн; Клаповци (2 к.), доселени се од селото Могила; Ракомот (1 к.), доселени се од селото Трн; Кураш (1 к.), доселени се од селото Поешево; Таневци (2 к.) доселени се од селото Новаци; Ѓентовци (2 к.), доселени се од селото Трн; Копановци (1 к.) потекнуваат од домазет кој дошол од Новаци; Думлиовци (1 к.) се викаат и Марулци, доселени се од селото Марул; Чарлинци (3 к.) родот го основал Ѓоре кој се доселил од Долна Чарлија; Чичкаровци (2 к.) доселени се од селото Трн; Тасевци (1 к.) доселени се од селото Новаци; Ранакот (1 к.) потекнуваат од домазет кој дошол од Буково; Ванчовци (2 к.) доселени се после Првата светска војна од селото Новаци; Преспанци (1 к.) доселени се 1927 година од селото Граждено во егејскиот дел од Преспа, таму се викале Петрејчинци; Павлевци (3 к.) доселени се од селото Жабјани, некое време живееле и во Долно Егри, од Долно Егри дошле во Оптичари во 1936 година; Бошко (1 к.) доселен од селото Долно Егри во 1937 година; Божин (1 к.) доселени се 1941 година од селото Средно Егри, таму се ист род со Шишаковци, кои биле старинци; Маџарот (1 к.) доселен основачот на родот како домазет во 1935 година од селото Ношпал; Пановци (2 к.) доселени се 1924 година од селото Орехово, старинци се во Битолско; Котевци (1 к.) потекнуваат од домазет кој дошол во 1935 од Долно Егри; Винарот (1 к.) потекнуваат од домазет кој дошол од селото Новаци во 1918 година; Кичевци (2 к.) доселени се од кичевското село Душегубица; Јошевци (3 к.) доселени се 1945 година од селото Церје во Мала Преспа; Нешковци (4 к.), Шолевци (3 к.), Јунаковци (3 к.) и Николовци (1 к.), доселеници од непозната старина, првиот род потекнува од домазет, во родот Николовци имало потурчена жена.

Муслимански родови кои живееле некое време во селото се: Маликовци (3 к.) доселени се од селото Бела Црква, зборуваат албански, но се издаваат за Турци; Реџеп (1 к.) доселен бил Реџеп како домазет во 1941 година од некое албанско село во околината на Битола; Музафер (1 к.) доселени од некое село во Кичевско, зборуваат албански; Алитовци (1 к.) доселени се 1950 година од селото Коџаџик, зборуваат турски.

Општествени установи уреди

Самоуправа и политика уреди

Избирачко место уреди

Во селото постои избирачкото место бр. 152 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на месна заедница.[15]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 248 гласачи.[16]

Културни и природни знаменитости уреди

Цркви[17][18]
Археолошки наоѓалишта

Редовни настани уреди

Личности уреди

Култура и спорт уреди

Во Оптичари постои Фудбалски клуб „Младост“.

Иселеништво уреди

Галерија уреди

Наводи уреди

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Ф. Трифуноски, Јован (1998). Битољско-прилепска котлина (српски). Српска академија наука и уметности. стр. 185.
  3. „Попис на жртвите од војната 1941-1945, СР Македонија“ (PDF).
  4. Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 236.
  5. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 168-169.
  6. Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 11.
  7. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  8. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 28 јули 2016.
  9. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  10. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  11. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  12. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  13. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  14. Трифуноски, Јован (1998). Битолско-Прилепска Котлина. Белград. стр. 184-185-186.
  15. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
  16. „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.
  17. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  18. „Оптичари“. Мој Роден Крај. Архивирано од изворникот на 2018-08-01. Посетено на 30 декември 2021.
  19. 19,0 19,1 19,2 Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
  20. 20,0 20,1 20,2 20,3 20,4 Д-р Гоце Наумов и Слободан Стојкоски, Нови предисториски тумбиво Пелагонија, Национална установа Завод за заштита на спомениците на културата и музеј, Битола, 2015
  21. Нова книга од Македонката од Мелбурн: Вечна светлина над Македонија. Архивирано од изворникот на 2021-06-15. Посетено на 2017-10-24.

Надворешни врски уреди