Пустина е секое место на Земјата каде условите за живот се многу оскудни или воопшто ги нема.

Пустина со бел песок

Пустините се копнени подрачја кои имаат помалку од 250мм врнежи годишно. Тоа се соголени предели со незабени висови, карпести кањони и рамнини покриени со чакал и дини. Пустина е подрачје кое поради минималната влага нема вегетација. Иако пустините се познати по теоријата дека има многу малку живот, сепак во пустините има развиен животински свет.

Ерозијата на пустините создава карактеристични облици, а ја предизвикуваат силни ветрови, големи разлики во температурата меѓу денот и ноќта и повремени води кои бликаат. Пустините покриваат околу 12% од копното, а уште третина се претвора во пустина (опустинување).

Видови пустини уреди

  • Континентални пустини, најчесто се создаваат бидејќи се предалеку од морето, па ветровите не им носат дождови. Ветрот преминува илјадници километри пред да стигне до тие пустини, а за тоа време, додека да стигне до нив ја губи својата влага. Најпозната континентална пустина е и воедно најголемата на светот - Сахара.
 
Сахара
  • Пустини „позади планини“, се такви пустини кои најчесто се создаваат позади планинските венци. Додека ветрот преоѓа преку планините, влагата која ја носи паѓа како дожд, а од друга страна пак ветрот е сув. Најпозната пустина од овој тип е Атакама во Чиле.
  • Ледени или поларни пустини

Поларните пустини се оние пустини на кои годишното количество на дожд изнесува околу 250 милиметри и оние кои средната температура во најтоплите денови изнесува 10° С. Најпозната пустина од овој тип е Суводолицата на Антарктикот.

Песочни дини уреди

 
Песочни дини

Песочните дини се создаваат на зарамнети подрачја. Висината им варира од неколку метри до 200 м, а можат да бидат широки и до 900 м. Постојат неколку типа на песочни дини:

  • Бархани, односно дини со кикиришка и два рога кои најмногу се високи до 30 м. Тие се секогаш во движење;
  • Сеифи, односно долги песочни гребени на места сиромашни со песок, а со силни ветрови. Можат да бидат високи и до 215 м.
  • Попречни дини, односно овие песочни гребени се раздвоени со длабоки ровови. Тие се создаваат под прав агол во однос на правецот на ветерот;
  • Ѕвездести дини, односно се создаваат од повеќе дини кога се среќаваат неколку гребени, а ветрот дува од различни страни односно правци;

Најголеми пустини уреди

Пустина Плоштина (км2)
1 Сахара (Африка) 9 000 000
Арабиска Пустина (Азија) 2 300 000
Гоби (Азија) 1 200 000
Калахари (Африка) 580 000
Голема Песочна Пустина (Австралија) 414 000
Каракум (Азија) 350 000
Такла Макан (Азија) 344 000
Сонора (Северна Америка) 312 000
Намибиска Пустина (Африка) 310 000
10° Тар (Азија) 260 000

Пустината како тема во уметноста и во популарната култура уреди

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. Дино Буцати, Татарска пустина. Скопје: Ѓурѓа, 2007.
  2. Поетска читанка: Избор од македонската и светската поезија за деца, Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2005, стр. 63-64.
  3. Мак Диздар, Горчин. Скопје, Македонска книга, стр. 29-30.
  4. Đ. Leopardi, Pesme i proza. Beograd: Rad, 1964, стр. 48-56.
  5. Блаже Конески, Поезија. Скопје: Просветно дело, Редакција „Детска радост“, 2011, стр. 81.
  6. „Објавена книга со драми на Сашо Огненовски“, Дневник, година XXI, број 6289, вторник, 14 февруари 2017, стр. 17.
  7. Анте Поповски, Дрво што крвави. Скопје: Детска радост, Наша книга, Македонска книга, Култура, Мисла, 1991, стр. 46-47.
  8. Артур Рембо, Боравак у паклу. Београд: Култура, 1968.
  9. Никола Гелевски и Владимир Мартиновски (приредувачи), Џинџуџе во земјата на афионите: Антологија на македонскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2022, стр. 57.
  10. Arapska poezija. Beograd: Rad, 1977, стр. 10-11.
  11. Кинотека на Македонија, Програма - февруари 2017
  12. Darkwood Dub, Elektro pionir. Free B92, CD001, 1998.
  13. Orbital – Orbital (пристапено на 3.6.2023)
  14. YouTube, 10,000 MANIACS - The Painted Desert (пристапено на 22.9.2017)