Најголемата борба на Мухамед Али

„Најголемата борба на Мухамед Али“ е филм, во режија на Стивен Фрирс. Главните улоги ги толкуваат: Кристофер Пламер, Френк Лангела, Бенџамин Вокер итн.

Содржина уреди

Кога Мухамед Али се наоѓал на врвот на својата боксерска кариера, тој бил регрутиран за војната во Виетнам. Неговото одбивање на повикот предизвикал долг судски процес, кој достигнал до највисокиот суд на САД и го потресол целиот правен систем. Во филмот се истражува интригантната политика што стоела зад овие историски одлуки, во времето на длабоки општествени промени во САД.[1]

Наводи уреди

  1. Антена, број 859, 12.12.2014, стр. 20.