Суд е институција на која е поверено вршењето на судската функција, т.е. решавање на спорните случаи во области на граѓанското, кривичното, меѓународното право или во некоја друга област каде можат да се јават спорови. Најчесто под суд се подразбира државен орган, кој се наоѓа во составот на судството како една од трите гранки на власта, но судот може да биде и меѓународен, суд на некоја недржавна организација или привремен, специјален суд и сл.

Судница на Високиот суд на Австралија
Судница меѓународбиот Суд на Правдата

Судот како тема во уметноста и во популарната култура уреди

Судот како тема во книжевноста уреди

  • „Праведна судбина на еден кадија со еден сиромав“ - македонска народна приказна.[1]
  • „Чоеко што милуаше правината и отиде да бара праведен судија во друго царсто и го најде“ - македонска народна приказна.[2]
  • „Еро и кадијата“ (Еро и кадија) - српска народна приказна.[3]
  • „Судијата и неговиот обвинувач“ - басна на американскиот писател Емброуз Бирс.[4]
  • „Незаинтересираниот судија“ - басна на американскиот писател Емброуз Бирс.[5]
  • „Судењето на убиецот“ - басна на американскиот писател Емброуз Бирс.[6]
  • Судијата од Заламеја“ (El alcalde de Zalamea) - драма на шпанскиот писател Педро Калдерон де ла Барка од 1643 година.[7]
  • „Химна на судијата“ (Гимн судье) - песна на рускиот поет Владимир Мајаковски од 1915 година.[8]
  • Во селскиот суд“ — расказ на францускиот писател Ги де Мопасан.[9]
  • „Итар Пејо-кадија“ - расказ на македонскиот писател Стале Попов.[10]
  • „Поротник“ - расказ на чешкиот писател Карел Чапек.[11]

Судот како тема во музиката уреди

  • „Суде, може ли да повикаме сведок?“ (Caught, Can We Get A Witness?) - песна на американската рап-група „Паблик енеми“ (Public Enemy) од 1988 година.[12]
  • „Адвокат на одбраната на Освалд“ (Oswald Defence Lawyer) - песна на британската рок-група „Фол“ од 1988 година.[13]

Судот како тема во филмот уреди

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. Марко Цепенков, Три вреќи лаги. Скопје: Мисла, 1967, стр. 9-12.
  2. Марко Цепенков, Три вреќи лаги. Скопје: Мисла, 1967, стр. 95-98.
  3. Народне приповетке. Београд: Просвета, 1963, стр. 151.
  4. Емброуз Бирс, Басни. Скопје: Темплум, 2016, стр. 49.
  5. Емброуз Бирс, Басни. Скопје: Темплум, 2016, стр. 47.
  6. Емброуз Бирс, Басни. Скопје: Темплум, 2016, стр. 62.
  7. Nikola Milićević, „Između sna i jave“, во: Pedro Kalderon de la Barka, Život je san. Beograd: Rad, 1977, стр. 122.
  8. Владимир Мајаковски, Песме и поеме. Нови Сад: Академска књига, 2015, стр. 58-59.
  9. „У сеоском суду“ во: Гиј де Мопасан, Изабране новеле (друга књига). Култура, Београд, 1950, стр. 264-270.
  10. Стале Попов, Итар Пејо. Скопје: Мисла, Детска радост, Култура, Наша книга, Македонска книга, 1980, стр. 48-60.
  11. Карел Чапек, Раскази од другиот џеб, Темплум, Скопје, 2012.
  12. DISCOGS, Public Enemy ‎– It Takes A Nation Of Millions To Hold Us Back (пристапено на 25.8.2019)
  13. Discogs, The Fall ‎– The Frenz Experiment (пристапено на 22.10.2020)
  14. HRT, Suđenje u Nürnbergu, američki film (12) (1961.) (пристапено на 9.5.2020)