Наташа Саад (31 октомври 197424 јуни 2007), позната и како Лил Т, Литл Т, и Наташаданска раперка и реге изведувач чии вокали во реге-ремиксот на песната „Calabria“ го прославија нејзиното име и првата позиција на Билборд листата за најдобра денс песна.

Живот и кариера уреди

Саад е ќерка на данската фотографка Кирстин Саад и татко по потекло од Судан, која започна со пеење на возраст од 13 години во Копенхаген, каде во живо пееше со Мис Микупа и Мекемзи со бендот Ноу Нејм Реквестед. За време на тој период, настапува заедно со Квин Латифа, а истовремено стекнува слава во Јамајка. Во 1998 додека тренирала да стане професионален џокеј, паднала од коњот со што сериозно ја забавила својата кариера.

Смрт уреди

Наташа загина на 24 јуни 2007 во сообраќајна несреќа во Јамајка. Другите два патника биле сериозно повредени, но пријателката на Саад, данската пејачка Карен Макупа била речиси и неповредена. Таа и другите повредени биле пренесени во болницата каде што била изјавена нејзината смрт. Несреќата беше прифатена како особено акутна загуба за данската музика како и за забавниот свет, не само поради искрениот и исклучително интересен карактер, туку и поради тоа што имала огромен успех во нејзината кариера. Наташа е погребана на гробиштата Асистенс во Копенхаген, каде што се погребани и Ханс Кристијан Андерсен, Сорен Киркегорд и физичарот Нилс Бор, но сепак претставува и вечен дом за многу други познати личности од 21иот век.

Дискографија уреди

Албуми уреди

  • 2005: Release Album
  • 2007: I Danmark er jeg Født
  • 2008: Shooting Star објавен по нејзината смрт

Синглови уреди

  • 2003: „Colors of My Mind“
  • 2003: „Real Sponsor“
  • 2004: „Summer Cute“
  • 2004: „My Dogg /45 Questions“
  • 2005: „Op med Hovedet“
  • 2005: „Købmanden“
  • 2006: „Mon De Reggae“
  • 2007: „Calabria 2007“ ( Enur)
  • 2007: „Long Time“7" (Sly & Robbie)
  • 2007: „Gi' Mig Danmark Tilbage
  • 2008: „I Danmark er jeg født “
  • 2008: „Better than dem “