Намик Докле

албански политичар

Намик Хамза Докле (албански: Namik Dokle, р. 11 март 1946, Драч) — албански политичар со македонско етничко, горанско потекло, поранешен вицепремиер на Албанија и поранешен претседател на парламентот на Албанија.

Намик Докле
Податотека:Namik Dokle.jpg
Вицепремиер на Република Албанија
На должноста
2002 – 2005
Претседател Алфред Мојсиу
Премиер Фатос Нано
Претседател на парламентот на Република Албанија
На должноста
2001 – 2002
Претседател Реџеп Мејдани
Премиер Илир Мета
Пратеник во парламентот на Република Албанија
На должноста
1991 – 2000
Претседател Рамиз Алија
Сали Бериша
Реџеп Мејдани
Лични податоци
Роден(а) 11 март 1946
Драч, Албанија
Партија СПА
Професија политичар, новинар

Животопис уреди

Ран живот уреди

Роден е на 11 март 1946 година во Драч. По народност е Горанец - албански Македонец, со потекло од с. Борје, Кукушко. Во 1970 година завршува високо образование на земјоделскиот Универзитет во Тирана, каде студира аграрна економика, како и на тиранскиот Универзитет, каде студира новинарство.

Кариера уреди

Помеѓу 1970-1983 година работи како новинар во весникот „Пуна“, а од 1983 до 1989 година е негов главен уредник. Во 1991 г. е главен уредник на весникот „З`ри и Популит“.

Намик Докле е еден од раководителите на социјалистичката партија на Албанија од 1991 година. Помеѓу 1991-2000 година е пратеник од СПА во албанскиот парламент. Од 1992 до 1997 година е претседател на парламентарната група на СПА, како и заменик-претседател на СПА (1992-1996). Од 2001 до 2002 година е претседател на парламентот на Република Албанија.[1] Во третата влада на Фатос Нано (2002-2005) е вицепремиер.

Ги владее шпанскиот, францускиот и рускиот јазик.

Наводи уреди

Поврзано уреди