Мусиќ Стеван (песна)

Мусиќ Стеван (српски: Мусић Стеван) - српска епска (јуначка) песна.

Содржина уреди

Во својот дворец, Стеван Мусиќ пие вино, а потоа легнува да се одмори пред заминувањето на Косово каде треба да земе учество во борбата против османлиската војска. Неговиот слуга гледа дека српската војска оди кон Косово и сака да го разбуди господарот, но сопругата на Стеван го моли да не го буди, зашто сонила лош сон. Сепак, слугата не сака да ја послуша, имајќи ја предвид клетвата на кнезот Лазар. Стеван заминува на Косово каде среќаваат една девојка која штотуку се враќа од реката Ситница, каде видела многу мртви српски и турски војници. Стеван го препознава шлемот кој го носи девојката и, не сакајќи да ја прекрши заклетвата, се вклучува во Битката при што погинува заедно со слугата и со својата војска.[1]

Осврт кон песната уреди

Стеван Мусиќ е јунак кој се плаши од клетвата на кнезот, се подготвува за борбата, но сепак задоцнува на Косовската битка. Неговата сопруга се обидува да го задржи, но тој не се плаши од смртта, а единствената негова мисла е да погине заедно со своите браќа по оружје. Единствено, тој е длабоко несреќен што мора да умре подоцна од другите.[2]

Наводи уреди

  1. Војислав Ђурић, Антологија српских народних јуначких песама. Београд: Српска књижевна задруга, 2012, стр. 152-158.
  2. Војислав Ђурић, „О народним епским песмама“, во: Војислав Ђурић, Антологија српских народних јуначких песама. Београд: Српска књижевна задруга, 2012, стр. 13-14.