Милан Петрев Штрбанов ( 1902 во Кучевиште, Скопско12 ноември 1944 во Скопје) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Милан Штрбанов
Роден 1902 година
Кучевиште, Скопје, Македонија под Османлиско Царство
Починал 12 ноември, 1944 година
Скопје, Македонија

Животопис уреди

Потекнувал од сиромашно семејство. Иако не успеал да заврши основно училиште, подоцна се научил да чита и пишува, а изучил и занает. Работел како столарски работник, во Скопје. Уштe во почетокот на оруженото востание против окупаторот, се вклучил активно и го помагал. Од 1941 година неговата куќа била отворена за илегалците, каде голем број партиски работници наоѓале засолниште. Честопати вршел и многу доверливи курирски задачи. Во текот на 1944 година, бил постојанен курир на Шеснаесеттата македонска ударна бригада. Бил задолжен за одржување на врска меѓу градот и бригадата. На 12 ноември 1944 година, пред самиот напад за ослободување на Скопје, вршејќи една задача, се судрил со германски единици и во близината на бившата воена болница и загинал.[1]

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив. 1969. стр. 285. На |first= му недостасува |last= (help)