Мезе (персиски: مزه; турски: meze; грчки: μεζές; српски: мезе; бугарски: мезе; арапски: مقبلات; албански: Meze) е јадење кое се служи со алкохолни пијалаци во земјите од Блискиот Исток, балканските земји, и во делови од Средна Азија. Во левантската, кавкаската и балканската кујна, мезето се служи на почетокот од оброкот.[1] Зборот мезе доаѓа од персискиот јазик مزه, со значење „вкусно“.[2]

Јорданско мезе, Петра, Јордан.

Видови мезе уреди

 
Грчко мезе
 
Албанско мезе

Мезето во Турција вообичаено се состои од: бело сирење, парчиња диња, мелени лути пиперки мешани со ореви, таратур или цаѕики, салата од модри патлиџани, салата од мозок, пржени лигни, сарма, џигери, салата од октопод, шиш-ќофте, и слично.

Во Грција, на Кипар и во земјите од Балканскиот Полуостров, како и кај нас во Македонија, мезе може да биде топло или ладно послужено јадење. Може да биде: морска храна, или каков било вид на салата, сечкани варени јајца, леб со вкус на лук, свежо или печено парче сирење, маслинки, готвен зеленчук, салата од модар патлиџан, тарамо салата, и слично.

Во земјите од Балканскиот Полуостров, мезето може да вклучува разни видови салати, и најчесто не вклучува готвени јадења. Како мезе, се изнесуваат разни видови на сирење, кајмак, салами, сушено месо, кулен, сланина, суџук, маслинки, кој било вид на зеленчук, а доколку се работи за муслиманско мезе, тогаш тоа ги исклучува производите од свинско месо.

Во Романија за мезе се изнесува сирење или некој вид на салама.

Наводи уреди

  1. Alan Davidson, The Oxford Companion to Food, Oxford University Press, 1999, pp. 500-501
  2. Oxford English Dictionary, online version, June 2011