Таратор

(Пренасочено од Таратур)

Таратор[1] или таратур[2] — освежителна салата или ладна супа, особено популарна во топлата пролет и жешкото лето.

Таратор
Дел од оброкотсупа
Главни состојкикисело млеко, или јогурт, краставица, лук, орев, мирудија зеленчук
Варијантиповеќе
Таратор

Како се прави (рецепт) уреди

Состојки (за четворица) уреди

Потребен специјален прибор уреди

  • дрвен сад за толчење
  • дрвен толчник

Подготвување уреди

Лукот се дели на чешниња и се лупи. Чешнињата се ставаат во дибекот со сѐ солта и се толчат сѐ додека не се добие еднолична маса. Во дибекот се додава сето масло и со толчникот се меша сѐ додека маслото не се впие во истолчениот лук. Масата треба да добие конзистенција слична на мајонез. Киселото млеко се истура во длабок порцелански или стаклен сад и во него се додава истолчениот лук. Се меша за да се изедначи. Ако киселото млеко е прегусто, некои додаваат малку студена вода. Други пак претпочитаат тараторот да остане погуст.

Краставиците се мијат и се лупат. Потоа со остар нож се сечкаат на ситни парченца. Наместо нож може да се употреби ренде. Иситнетите краставици се додаваат во смесата. По можност, се зачинува со листови свеж копар (Anethum graveolens).

Сервирање уреди

Готовиот таратур пред сервирањето се лади во фрижидер. Непосредно пред послужувањето може да се додадат коцки мраз.

Галерија уреди

Наводи уреди