Св. Мартин де Порес е католички светец.

Реконструкција на лицето на Мартин де Порес

Животопис уреди

Св. Мартин се родил во Лима, Перу. Бидејќи бил мелез, тој бил напуштен од татко му поради што доживувал големи понижувања и дискриминација. Сакал да студира медицина, но поради сиромаштијата, немал можност да се запише на универзитетот и поради тоа, заминал во манастир и станал калуѓер.

Св. Мартин бил многу побожен, а Господ го обдарил со милост и мудрост, така што од него барале совет многу угледни луѓе, црковни великодостојници и кралеви. Исто така, тој имал дарба да ги лекува болните на чуден начин, а поседувал и способност за билокација, односно можел во исто време да се наоѓа на различни места.

Неговиот празник се слави на 3 ноември, а верниците му се молат за различни потреби, а го слават особено оние што се обесправени.[1]

Наводи уреди

  1. „Верски календар“, Дневник, година XVIII, број 5607, понеделник, 3 ноември 2014, стр. 26.