Маркус Бургхарт

германски велосипедист

Маркус Бургхарт (германски: Marcus Burghardt; р. 30 јуни 1983 во Чопау, Саксонија) — поранешен германски професионален друмски велосипедист, кој возел професионално во периодот 2005-2021.

Маркус Бургхарт
Бургхарт на Тур де Романди 2013
Лични податоци
Цело имеМаркус Бургхарт
Роден30 јуни 1983(1983-06-30)(40 г.)
Чопау,  Источна Германија
Висина1,89 м
Маса78 кг
Податоци за клубот
Мом. клубпензиониран
Дисциплинадрумски велосипедист
Улогавозач
Вид на возачспецијалист за класици
Професионални клубови
2005–2009
2010–2016
2017-2021
Т-Мобајл Тим
Верандас Вилемс
Бора-Хансгрое
Значајни победи
Големи трки
Тур де Франс
1 поединечна етапа (2008)

Еднодневни трки и класици

Национален друмски првак (2017)
Гент-Вевелгем (2007)

Се повлекол од професионалниот велосипедизам откако се здобил со сериозна повреда на зглобот при пад на Трката околу Полска 2021 година, каде паднал на кружен тек близу завршницата на петтата етапа.

Кариера уреди

Бургхарт станал професионалец во 2005 година, пред тоа натпреварувајќи се како аматер во екипата Визенхоф, со која веќе постигнал успех на одредени трки во Бундеслигата Герлинген во 2004 година. Бургхарт ја освоил UCI ProTour трката Гент-Вевелгем во 2007, пред неговиот колега Роџер Хамонд. Тој исто така имал добри резултати на Дварс дор Вландерен и на некои етапи од Вуелта а Еспања.

Бургхарт постигнал мала популарност на деветтата етапа на Тур де Франс 2007, кога удрил во куче на патеката. Тој исто така бил успешен со освојување на етапата 18 на Тур де Франс 2008 во Сент Етјен, победувајќи го Карлос Баредо, другиот член во бегството.

Бургхарт потпишал со Верандас Вилемс за сезоната 2010.[1]

По седум години во екипата, во август 2016 година Бора-Хансгрое објавиле дека ќе им се приклучи за 2017 година.[2]

Достигнувања уреди

2001
1.   Трофео Карлсберг
1. Етапа 1
1. Етапа 5
9. Светско јуниорско друмско првенство
2003
1. Етапа 3 Ронд де л’Изар
2004
4. Париз-Рубе за млади
8. Краен пласман Триптих на планините и замоците
2005
4. Дварс дор Вландерен
2006
7. Дварс дор Вландерен
2007
1. Гент-Вевелгем
3. Е3 Харелбеке
6. Краен пласман Трка на три земји
1. Етапа 3
1. Етапа 5
6. Трофео Кала Милор-Кала Бона
2008
Тур де Франс
1. Етапа 18
  Награда за борбеност на етапата 18
2009
4. Краен пласман, Трка околу Саксонија
5. Омлоп Хет Ниусблад
7. Трка околу Фландрија
7. Гент-Вевелгем
10. Е3 Харелбеке
2010
Тур де Свис
1.   Бодовен пласман
1. Етапа 5
1. Етапа 7
5. Краен пласман Трка околу Катар
7. Краен пласман Трка околу Оман
2011
9. Краен пласман Трка околу Катар
2013
1.   Планински пласман Тур де Романди
2015
3. Национално друмско првенство
2017
1.   Национално друмско првенство
2018
10. Омлоп Хет Ниусблад
2019
2. Национално друмско првенство
2021
5. Национално друмско првенство

Распоред на резултатите на големите трки уреди

Голема трка 2005 2006 2007 2008 2009 2010 2011 2012 2013 2014 2015 2016 2017 2018 2019
  Џиро 70
  Тур 127 120 161 164 58 98 154 89 131 92 141
  Вуелта 76 СО 149

СО = се откажал; — = не учествувал

Наводи уреди

  1. VeloNews.com (1 септември 2009). „Хинкапи потпиша со БМЦ заедно со Балан, Крон, Бургхарт“. VeloNews. Архивирано од изворникот на 2009-09-03. Посетено на 2 септември 2009.
  2. „Marcus Burghardt signs for Bora-Hansgrohe“. cyclingnews.com. 19 август 2016. Посетено на 15 октомври 2016.

Надворешни врски уреди