Тур де Франс 2011 било 98. издание на Тур де Франс. Започнало на 2 јули 2011 со должина на првата етапа од 180 километри на Пасаж ду Гоа и завршило на Шанзелизе во Париз на 24 јули 2011. Комплетната маршрута на Тур де Франс 2011 била објавена на 19 октомври 2010. Оваа година, трката повторно накратко ќе навлезе во Италија.

Тур де Франс 2011
Светска турнеја на UCI 2011, трка 17 од 27
Карта на Тур де Франс 2011
Карта на Тур де Франс 2011
Детали за трката
Датум(и) 2–24 јули
Етапи 21
Растојание 3.430,5 км
Време 86ч 12' 22" (39,79 км/ч)
Добитници на наградите
Победник  Кедел Еванс (АВС) (Верандас Вилемс-Аксент)
Втор  Анди Шлек (ЛУК) (Леопард Трек)
Трет  Френк Шлек (ЛУК) (Леопард Трек)

Бодовен  Марк Кевендиш (ВБР) (ХТЦ-Хајроад)
Планински  Самуел Санчес (ШПА) (Еускалтел-Еускади)
Младински  Пјер Ролан (ФРА) (Тим Јуропкар)
Екипен Гармин-Сервело
2010
2012

Акцентот бил ставен на Алпите во 2011, слично како што било на Пиринеите во 2010, во чест на 100-годишнината од првата посета на овие врвови од страна на возачите во Турот.[1] Галибје бил посетен двапати во текот на трката и на 18. етапа за првпат групата завршила на врв од 2.645 метри.[2] Ова било највисокиот врв, кој воедно бил и крај за етапата, на ова натпреварување, надминувајќи го крајот на Гранон (2413 м, близу Сере Шевалие) во текот на Тур де Франс 1986 (17. етапа). Само по вторпат од 1967 година Тур 2011 стартувал со масовна почетна етапа наместо пролог, последниот таков почеток беше во 2008.[3]

Австралиецот Кедел Еванс ја освоил трката, добивајќи го своето водство на поединечниот хронометар на претпоследниот ден. Тој станал првиот Австралиец, кој победил на трката и со 34 години, најстариот повоен победник. Енди Шлек од Луксембург завршил втор трета година по ред, а неговиот брат Френк Шлек завршил на третото место. Марк Кевендиш бил првиот британски победник во бодовен пласман, додека Самуел Санчес од Шпанија победил во планинскиот пласман.

Промена на правилата уреди

Нови правила биле прифатени за Тур де Франс 2011, во однос на пласманите за бодовите и кралот на планините.

Претходно, етапите оквалификувани како рамни имале три средни спринтерски точки со бодови вредни 6, 4 и 2 за првите три велосипедисти, кои поминувале низ линијата. Во 2011, рамните етапи имале само еден среден спринт, но бил од вредност од 20 бода за првиот велосипедист, кој ја поминал линијата, како и првите 15 возачи добиваат бодови. Намерата била фаворитите за зелената маичка да се натераат да спринтаат двапати во денот за да освојат бодови.[4] Бодовите на крајот на рамните етапи исто така биле зголемени, од 25 за победникот во 2010 на 45.[5] Среднопланинските етапи се наградувале по 30 бода за победникот, додека високопланинските етапи и индувидуалните хронометри по 20 бода.[6]

Претходно во планинскиот пласман, за било кое искачување од екстра категорија, прва категорија или втора категорија се доделувале двојни бодови, доколку тоа е последно на крајот на денот. Во 2011, само врвните етапи кои завршувале на врв добивале двојни бодови, посебно етапата број 12, која завршува на Луз Ардиден, етапа број 14 на Плато де Бел, етапа број 18 на Галибје и етапа број 19 на Алп д'Оз. Претходно, првите осум возачи во искачувањето од прва категорија добивале бодови, како и првите шест низ втора категорија и првите четворица низ трета категорија. Сега бодовите се добивале на следниов начин:

  • Искачувањата оценети како „екстра категорија“ (HC): 20, 16, 12, 8, 4 и 2 бодови за првите 6 возачи кои ќе стигнат на врвот.
  • Прва категорија: 10, 8, 6, 4, 2 и 1 бод за првите 6 возачи кои ќе стигнат на врвот.
  • Втора категорија: 5, 3, 2 и 1 бод за првите 4 возачи кои ќе стигнат на врвот.
  • Трета категорија: 2 и 1 бод за првите 2 возача кои ќе стигнат на врвот.
  • Четврта категорија: 1 бод за првиот возач кој ќе стигне на врвот.[7]

Раните анализи довеле до шпекулации дека победникот во планинскиот пласман е поверојатно, во овој систем, да биде возач од генералниот пласман во однос на минатите години.[8] Овие шпекулации се покажале точни, бидејќи Самуел Санчес, кој завршил шести во генералниот пласман, ја зел точкастата маичка.

Екипи уреди

Сите 18 екипи во категоријата на Меѓународниот велосипедистички сојуз Proteam биле повикани и обврзани да се тркаат. Четири UCI професионални континентални тимови, сите француски, биле исто така поканети.[9]

Аг2р-Ла Мондијал
ФДЖ
Рабобанк
Тим РадиоШек
Астана
Гармин-Сервело
Сор-Сожасен
Саксо Банк-СанГард
Верандас Вилемс-Аксент
Лампре-ИСД
ХТЦ-Хајроад
Тим Скај
Кофидис
Ликвигас-Канондејл
Катјуша
Вакансолел-ДКМ
Тим Јуропкар
Омега Парма-Лото
Леопард Трек
Еускалтел-Еускади
Квик Степ
Мовистар Тим

†: Поканети про-континентални тимови.

За повеќе детали, види Список на тимови и велосипедисти на Тур де Франс 2011.

Фаворити пред почетокот уреди

Победникот од 2010 Алберто Контадор бил отсутен од велосипедизмот за време на допинг-истрагата од септември 2010 до февруари 2011, за кое време финалистот од 2010 Енди Шлек бил оценет како фаворит. Кога суспензијата била укината, тој објавил дека негова желба е да се натпреварува на двете трки, и на Тур де Франс и на Џиро д’Италиа 2011, која и ја освоил. Од другите на списокот на фаворити, Денис Мењшов бил член на тимот Геокс-ТМЦ, кој не бил поканет да учествува.

Резиме на трката уреди

 
Тур де Франс на последниот ден, минувајќи низ Бри-сур-Марн во источните предградија на Париз

Специјалистот за класици Филип Жилбер прв ја зел жолтата маичка, победувајќи на првата етапа во Вандеја,[10], но на вториот ден Гармин-Сервело биле најбрзи на екипниот хронометар, дозволувајќи му на Тор Хушовд[11] да го преземе водството на трката, кое го задржал седум дена. Првата недела и половина била одбележана со бројни падови и несреќи, во кои имало голем број на познати возачи, како Андреас Кледен, Бредли Вигинс, Александар Винокуров, Јанез Брајкович, Крис Хорнер и Јурген ван ден Брук, сите морале да се повлечат поради повреди, додека Роберт Гесинк, Алберто Контадор, Самуел Санчес и Леви Лајпхајмер загубиле значително време и кондиција во текот на падовите. Имало и контроверзии, кога Ники Серенсен бил удрен од мотор, кој носел фотограф и кога Џони Хогерланд и Хуан Антонио Флеча биле повредени по инцидент со возила на Француската телевизија. Хаосот на етапата број 9 го искористил Тома Веклер кој го преземал водството на трката,[12], која ја носел цели 10 дена, спротивно на очекувањата, дури и низ Пиринеите и на сите, освен на една алпска етапа.

Клучните временски разлики помеѓу возачите, кои на крајот завршиле на првите три места во генералниот пласман, Кедел Еванс од Верандас Вилемс-Аксент, Луксембуржанецот Енди Шлек и неговиот постар брат и негов екипен колега Френк од Леопард Трек, се случиле на етапата 16, кога Еванс доби 21 секунда во однос на Френк Шлек и минута и девет секунди во однос на Енди на крајот во Гап во влажни услови;[13] етапата 18, кога 60 километарското бегство на Енди Шлек му донело предност од повеќе од две минути на највисоката етапна завршница во историјата на трката, на Галибје;[14] и на претпоследниот ден, кога Еванс се најде на второто место на хронометарот, победувајќи го луксембуршкиот двоец за повеќе од минута и половина, со што ја обезбедил победата.[15] И двајцата, Енди Шлек и Еванс, ја носеле жолтата маичка само по еден ден секој: Шлек на хронометарот, а Еванс на последната, во голема мера церемонијална, етапа во Париз.

Етапите, кои биле предвидени за спринтерски завршници биле доминирани од страна на манскиот спринтер Марк Кевендиш, кој освоил пет етапи, вклучувајќи ја и рекордната трета последователна победа на последната етапа на Елисејските полиња во Париз, со што победил и во бодовниот пласман, пред Хосе Хоакин Рохас и Филип Жилбер.[16]

Во планинскиот пласман победил Шпанецот Самуел Санчес, кој имал победа и две втори места на четири планински етапни завршници. Енди Шлек завршил втор во таа категорија, а релативно непознатиот Белгиец Јеле Ванендерт трет.[17]

Пјер Ролан победил во пласманот за млади возачи, во голема мера поради местата што ги постигнуваше во поддршката за неговиот екипен водач, Веклер, во текот на периодот кога тој ја носел жолтата маичка, но тој, исто така, ја освоил и престижната етапа на Алп д’Ез.[18]

Етапи уреди

[19][20]

Етапа Датум Движење Должина Вид Победник
1 2 јули Пасаж ду ГоаМон де Алует 191,5 км   рамна етапа   Филип Жилбер (БЕЛ)
2 3 јули Лез ЕсарЛез Есар 23 км   екипен хронометар Гармин-Сервело
3 4 јули Олон сур МерРедон 198 км   рамна етапа   Тајлер Фарар (САД)
4 5 јули ЛорјенМур де Бретањ 172,5 км   брановидна етапа   Кедел Еванс (АВС)
5 6 јули КареКап Фреел 164,5 км   рамна етапа   Марк Кевендиш (ВБР)
6 7 јули ДинанЛизе 226,5 км   рамна етапа   Едвалд Боасон Хаген (НОР)
7 8 јули Ле МанШатору 218 км   рамна етапа   Марк Кевендиш (ВБР)
8 9 јули ЕгиранСупер Бес 189 км   средно планинска етапа   Руј Кошта (ПОР)
9 10 јули ИсуарСен Флур 208 км   средно планинска етапа   Луис Леон Санчес (ШПА)
11 јули Ден за одмор
10 12 јули ОријакКармо 158 км   рамна етапа   Андре Грајпел (ГЕР)
11 13 јули Бле ле МенЛавор 167,5 км   рамна етапа   Марк Кевендиш (ВБР)
12 14 јули КињоЛуз Ардиден 211 км   планинска етапа   Самуел Санчес (ШПА)
13 15 јули ПоЛурд 152,5 км   планинска етапа   Тор Хушовд (НОР)
14 16 јули Сен ГоданПлато ле Бел 168,5 км   планинска етапа   Јеле Ванендерт (БЕЛ)
15 17 јули ЛимуМонпелие 192,5 км   рамна етапа   Марк Кевендиш (ВБР)
18 јули Ден за одмор
16 19 јули Сен Пол Труа ШатоГап 162,5 км   средно планинска етапа   Тор Хушовд (НОР)
17 20 јули ГапПинероло 179 км   планинска етапа   Едвалд Боасон Хаген (НОР)
18 21 јули ПинеролоГалибие / Сере Шевалие 200,5 км   планинска етапа   Енди Шлек (ЛУК)
19 22 јули МоданеАлп д'Оз 109,5 км   планинска етапа   Пјер Ролан (ФРА)
20 23 јули ГреноблГренобл 42,5 км   поединечен хронометар   Тони Мартин (ГЕР)
21 24 јули КретејПариз (Шанзелизе) 95 км   рамна етапа   Марк Кевендиш (ВБР)

Пласмани уреди

Етапа Победник Генерален пласман
 
Бодовен пласман
 
Планински пласман
 
Пласман за млад возач
 
Екипен пласман
 
Награда за борбеност
 
1 Филип Жилбер Филип Жилбер Филип Жилбер Филип Жилбер Герајнт Томас Омега Парма-Лото Периг Кеменор
2 Гармин-Сервело Тор Хушовд Гармин-Сервело недоделена
3 Тајлер Фарар Хосе Хоакин Рохас Микаел Делаж
4 Кадел Еванс Кедел Еванс Жереми Роа
5 Марк Кевендиш Филип Жилбер Иван Гутиерез
6 Едвалд Боасон Хаген Џони Хогерланд Адријано Малори
7 Марк Кевендиш Хосе Хоакин Рохас Роберт Гесинк Јаник Талабардон
8 Руј Кошта Филип Жилбер Тиџеј ван Гардерен Тиџеј ван Гардерен
9 Луис Леон Санчес Тома Веклер Џони Хогерланд Тим Јуропкар Флеча и Хогерланд
10 Андре Грајпел Марко Маркато
11 Марк Кевендиш Марк Кевендиш Микаел Делаж
12 Самуел Санчес Самуел Санчес Арнолд Жанесон Леопард Трек Герајнт Томас
13 Тор Хушовд Жереми Роа Гармин-Сервело Жереми Роа
14 Јеле Ванендерт Јеле Ванендерт Ригоберто Уран Леопард Трек Санди Казар
15 Марк Кевендиш Ники Терпстра
16 Тор Хушовд Гармин-Сервело Михаил Игнатиев
17 Едвалд Боасон Хаген Рубен Перес
18 Енди Шлек Реин Тарамае Енди Шлек
19 Пјер Ролан Енди Шлек Самуел Санчес Пјер Ролан Алберто Контадор
20 Тони Мартин Кадел Еванс недоделена
21 Марк Кевендиш
На крај Кадел Еванс Марк Кевендиш Самуел Санчес Пјер Ролан Гармин-Сервело Жереми Роа
Забелешки
  • Во втората етапа, Кадел Еванс, кој бил втор во бодовниот пласман, ја облекол зелената маичка, бидејќи Филип Жилбер бил прв во генералниот пласман, како и во планинскиот пласман. Тор Хушовд, кој бил трет во генералниот и во бодовниот пласман, ја носел точкастата маичка.
  • Во третата етапа, бидејќи Филип Жилбер бил прв во генералниот пласман, како и во планинскиот пласман, Кедел Еванс, кој бил втор единствено за единствените бодови на таа етапа, ја облекол точкастата маичка.
  • Во десеттата етапа, и двајцата Хуан Антонио Флеча и Џони Хогерланд ги носеле црвените броеви. Тие ја добиле наградата за борбеност по деветтата етапа за завршување на етапата и покрај ударот од телевизискиот автомобил.[21] Флеча одбил да ја прифати наградата за подиум по етапата; Хогерланд имајќи ја веќе точкастата маичка, ја прифатил наградата.

Поредок уреди

Пласман за млад возач уреди

Возач Екипа Време
1   Пјер Ролан (ФРА)   Тим Јуропкар 86ч 23′ 05″
2   Реин Тарамае (ЕСТ)   Кофидис 0′ 46″
3   Жером Копел (ФРА) Сор-Сожасен + 7′ 53″
4   Арнолд Жанесон (ФРА) ФДЖ + 10′ 37″
5   Роб Раух (ХОЛ) Вакансолел-ДКМ + 22′ 21″
6   Ригоберто Уран (КОЛ) Тим Скај + 32′ 05″
7   Герајнт Томас (ВБР) Тим Скај + 50′ 05″
8   Роберт Гесинк (ХОЛ) Рабобанк + 54′ 26″
9   Сирил Готје (ФРА) Тим Јуропкар + 1ч 17′ 00″
10   Андреј Зејц (КАЗ) Астана + 1ч 21′ 05″

Екипен пласман уреди

Место Екипа Време
1 Гармин-Сервело   258ч 18′ 49″
2 Леопард Трек + 11′ 04″
3 Аг2р-Ла Мондијал + 11′ 20″
4 Тим Јуропкар + 41′ 53″
5 Еускалтел-Еускади + 52′ 00″
6 Тим Скај + 58′ 24″
7 Катјуша + 1ч 09′ 39″
8 Саксо Банк-СанГард + 1ч 16′ 12″
9 ФДЖ + 1ч 30′ 16″
10 Квик Степ + 1ч 47′ 29″

Бодови за светското бодување уреди

Тур де Франс е еден од 27. настани во текот на сезоната, кои носат бодови за Светската турнеја 2011. Со бодови се наградуваат сите возачи во топ 20 на крајот на трката и по првите пет возачи на секоја етапа. Само на возачите во UCI ProTour тимовите им е дозволени да добиваат бодови.[22]

Бодови освоени на Тур де Франс[23]
Име Екипа Бодови
  Еванс, КеделКедел Еванс (АВС) Верандас Вилемс-Аксент 260
  Шлек, ЕндиЕнди Шлек (ЛУК) Леопард Трек 176
  Шлек, ФренкФренк Шлек (ЛУК) Леопард Трек 136
  Санчес, СамуелСамуел Санчес (ШПА) Еускалтел-Еускади 134
  Контадор, АлбертоАлберто Контадор (ШПА) Саксо Банк-СанГард 122
  Кевендиш, МаркМарк Кевендиш (ВБР) ХТЦ-Хајроад 112
  Кунего, ДамијаноДамијано Кунего (ИТА) Лампре-ИСД 80
  Басо, ИванИван Басо (ИТА) Ликвигас-Канондејл 78
  Боасон Хаген, ЕдвалдЕдвалд Боасон Хаген (НОР) Тим Скај 62

Првите 10 возачи во поединечен пласман по Тур де Франс[24]
Место Прет. Име Екипа Бодови
1 4   Еванс, КеделКедел Еванс (АВС) Верандас Вилемс-Аксент 574
2 2   Контадор, АлбертоАлберто Контадор (ШПА) Саксо Банк-СанГард 471
3 1   Жилбер, ФилипФилип Жилбер (БЕЛ) Омега Парма-Лото 402
4 3   Скарпони, МикелеМикеле Скарпони (ИТА) Лампре-ИСД 348
5 13   Санчес, СамуелСамуел Санчес (ШПА) Еускалтел-Еускади 297
6 5   Родригес, ХоакимХоаким Родригес (ШПА) Катјуша 288
7 19   Шлек, ФренкФренк Шлек (ЛУК) Леопард Трек 262
8 31   Шлек, ЕндиЕнди Шлек (ЛУК) Леопард Трек 252
9 6   Канчелара, ФабијанФабијан Канчелара (ШВА) Леопард Трек 250
10 7   Винокуров, АлександарАлександар Винокуров (КАЗ) Астана 230

Награден фонд уреди

Вкупно, повеќе од 3,5 милиони евра биле поделени во текот на трката. Првично, секој тим добил 51.243 евра, додека секој тим со најмалку седум возачи, кои ја завршиле трката добиле 1.600 евра по возач. Победникот во генералниот пласман добил 450.000 евра, со помали награди за секое победничко место, сè до 400 евра до последниот возач.[25]

Награден фонд за секој пласман[25]
Пласмани 1. 2. 3. 4. 5. 6. 7. 8. 9. 10. по ден
  генерален 450.000 € 200.000 € 100.000 € 70.000 € 50.000 € 23.000 € 11.500 € 7.600 € 4.500 € 3.800 € 350 €
  бодовен 25.000 € 15.000 € 10.000 € 4.000 € 3.500 € 3.000 € 2.500 € 2.000 € 300 €
  планински 25.000 € 15.000 € 10.000 € 4.000 € 3.500 € 3.000 € 2.500 € 2.000 € 300 €
  за млад возач 20.000 € 15.000 € 10.000 € 5.000 € 300 €
  екипен 50.000 € 30.000 € 20.000 € 12.000 € 8.000 €
  борбеност 20.000 €

Етапниот победник добивал 8.000 евра на нормална етапа и 10.000 евра на хронометар. Парите се намалуваат, па така 20. возач на целта добивал само 200 евра. Првата личност што ќе помина на спринтот добива 1.500 евра. Пари се добиваат и за поминување на категоризирани искачувања, за најдобриот млад возач на секоја етапа, најборбен возач и најдобриот тим на етапата.[25]

Награден фонд за етапите и другите награди[25]
Пласмани 1. 2. 3. 4. 5. 6. 7. 8. 9. 10.
Етапа 8.000 € 4.000 € 2.000 € 1.200 € 830 € 780 € 730 € 670 € 650 € 600 €
Хронометар 10.000 € 5.000 € 2.500 € 1.000 € 800 € 700 € 600 € 600 € 500 € 500 €
Спринт 1.500 € 1.000 € 500 €
Екстра категорија 800 € 450 € 300 €
Прва категорија 650 € 400 € 150 €
Втора категорија 500 € 250 €
Трета категорија 300 €
Четврта категорија 200 €
Млади 500 €
Борбеност 2.000 €
Екипа 2.800 €

Две други специјални награди, исто така, се доделуваат. За првата, во чест на Турмале и Галибје се добива сувенир Жак Годе и сувенир Анри Дегранж соодветно. Секоја награда вреди 5.000 евра.[25]

Вкупни освоени пари од награди по тимови[26]
Место Екипа Награден фонд Поголеми награди
Маички/Награди Освоени етапи Топ 10 пласмани
(или најдобриот надвор од топ 10)
1 Верандас Вилемс-Аксент 493.990 €   1 1.
2 Леопард Трек 395.310 € сувенир Анри Дегранж 1 2. & 3.
3 Тим Јуропкар 147.130 €   1 4.
4 Гармин-Сервело 145.940 €   4 9.
5 ХТЦ-Хајроад 104.940 €   6 19.
6 Омега Парма-Лото 96.600 € 3 20.
7 ФДЖ 90.660 €  
сувенир Жак Годе
0 15.
8 Еускалтел-Еускади 87.780 €   1 6.
9 Саксо Банк-СанГард 72.290 € 0 5.
10 Тим Скај 67.000 € 2 24.
11 Мовистар Тим 46.660 € 1 36.
12 Аг2р-Ла Мондијал 45.560 € 0 10.
13 Кофидис 41.740 € 0 12.
14 Вакансолел-ДКМ 35.650 € 0 21.
15 Лампре-ИСД 30.100 € 0 7.
16 Сор-Сожасен 26.930 € 0 14.
17 Рабобанк 24.290 € 1 33.
18 Ликвигас-Канондејл 22.360 € 0 8.
19 Квик Степ 19.940 € 0 13.
20 Катјуша 12.380 € 0 23.
21 Астана 11.710 € 0 39.
22 Тим РадиоШек 10.540 € 0 32.

Наводи уреди

  1. Стивен Фаранд. „Тур де Франс 2011 ги слави Алпите“. Cyclingnews.com. Посетено на 28 јануари 2011.
  2. „Тур де Франс 2011 – Галибје 1911–2011“. Letour.fr. 10 јули 1911. Посетено на 28 јануари 2011.
  3. Тур де Франс: 2011 Без пролог uk.eurosport.yahoo.com, published: 27 јануари 2010, accessed: 2 јуни 2011
  4. Хедвиг Кренер (19 октомври 2010). „Тур де Франс 2011 - Објавена маршрутата“. Cyclingnews.com. Посетено на 28 јануари 2011.
  5. „Бонен очекува потактичен настап за зелената маичка на Турот“. Cyclingnews.com. 20 октомври 2010. Посетено на 28 јануари 2011.
  6. „Објаснување за бодовниот пласман“. Тим Скај. 24 јуни 2011. Архивирано од изворникот на 2012-03-16. Посетено на 29 јуни 2011.
  7. http://www.letour.fr/2011/TDF/LIVE/us/reglements.html
  8. Бери Рајан (19 октомври 2010). „Совети од Састре за точкастата маичка на Тур де Франс 2011“. Cyclingnews.com. Посетено на 28 јануари 2011.
  9. „Тур де Франс избра 22 тима“. Cyclingnews.com. Посетено на 28 јануари 2011.
  10. „Жилберт победи на Мон де Алует“. Cycling News.
  11. „Гармин-Сервело победи на тимскиот хронометар“. Cycling News.
  12. „Луис Леон Санчес победи на етапата со голем број на несреќи“. Cycling News.
  13. „Хушовд ја освои етапата, постигнувајќи две етапни победи на овогодинешниот Тур“. Cycling news.
  14. „Шлек победи на највисоката етапна завршница“. Cycling News.
  15. „Еванс испиша нова страница со совршениот хронометар“. Cycling News.
  16. „Кадел Еванс победи на Тур де Франс 2011“. Cycling News.
  17. „Ролан победи на Алп д'Ез на крајот на возбудливата етапа“. Cycling News.
  18. „Ролан ја презема белата маичка до Париз“. Cycling News.
  19. „Велосипедизам: Тур де Франс 2011 започнува во Венди“. АФП. 30 јануари 2010. Архивирано од изворникот на 2011-03-13. Посетено на 27 јануари 2010.
  20. „Организаторите на Тур де Франс понудија неверојатни искачувања во етапите во 2011“. VeloNews. 19 октомври 2010. Посетено на 19 октомври 2010.
  21. Жилиен Прето (10 јули 2011). „Велосипедисти од Тур де Франс повредени по несовесно возење“. Национал Пост]]. Не се допушта закосување или задебелување во: |publisher= (help)
  22. „Бодовна скала – UCI World Ranking“. Union Cycliste Internationale. Посетено на 2010-07-17.
  23. „Светска турнеја на UCI 2011 детални бодови“. Меѓународен велосипедистички сојуз. 15 август 2011. Архивирано од изворникот на 2012-03-16. Посетено на 17 август 2011.
  24. „UCI World Ranking – 2011“. Union Cycliste Internationale. 25 јули 2011. Архивирано од изворникот на 2012-04-18. Посетено на 17 август 2011.
  25. 25,0 25,1 25,2 25,3 25,4 Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име Regulations.
  26. „БМЦ носи дома најголем дел од парите на наградниот фонд“. sporza.be (холандски). 24 јули 2011. Посетено на 17 август 2011.

Надворешни врски уреди