Марин Чилиќ

хрватски тенисер

Марин Чилиќ (хрватски: Marin Čilić) (28 септември 1988, Меѓугорје) — хрватски тенисер, освојувач на гренд-слем турнирот „US Open“ во Њујорк.

Марин Чилиќ
Земја Хрватска
Место на живеењеЗагреб, Хрватска
Роден на28 септември 1988(1988-09-28)(35 г.)
Роден воМеѓугорје, СФРЈ
Спорт Тенис
Висина&100000000000002000000002,00 м
Професионалец2005
Игра содесна рака
Заработка$4,457,428
Поединечно
Победи-порази196-122)
Титули7
Највисок пласманNo. 9 (22 февруари 2010)
Сегашен пласманNo. 18 (18 јуни 2012)
Резултати на Гренд Слемови
Австралијан ОпенSF (2010)
Ролан Гарос4R (2009, 2010)
Вимблдон4R (2008)
УС ОпенQF (2009)
Во двојки
Победи-порази15–19)
Титули0
Највисок пласманNo. 233 (22 март 2009)
Ажурирано на: 10 јануари 2011.

Животопис уреди

Марин Чилиќ е роден во малото место Меѓугорје, во Херцеговина. Тој одржува повеќегодишна врска со Кристина Милковиќ од Дубровник.[1]

Кариера уреди

Чилиќ започнал да се занимава со тенис, кога имал седум години. Во 2004 година започнал да се натпреварува на турнирите во јуниорска категорија, а сезоната ја завршил на 1 463 место. Следната година, на возраст од 16 години, тој го освоил јуниорскиот турнир „Ролан Гарос“ во Париз, а потоа стигнал и до четвртфиналето на останатите три гренд-слем турнири во јуниорска категорија. Така, 2005 година ја завршил на второто место.

Чилиќ имал одредени проблеми во кариерата, кога поради обвинението дека корител допинг, добил четиримесечна суспензија за настап на тениските терени. Но, потоа, тој се вратил на патот на успехот и под водство на новиот тренер Горан Иванишевиќ, започнал да напредува кон самиот врв на профеионалниот тенис.

Бајголемиот успех во кариерата, Чилиќ го постигнал во септември 2014 година, кога го освоил гренд-слем турнирот „US Open“ во Њујорк, а претходно, во полуфиналето го совладал Федерер. Така, Чилиќ станал третиот Хрватски тенисер кој успеал да победи на гренд-слем турнир, по Горан Иванишевиќ, кој го освоил „Вимблдон“ во 2001 година и Ива Мајоли, која победила на „Ролан Гарос“ во 1997 година.[1]

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 Ѓорге Стојанов, „Туѓите грешки ме доведоа до суспензија“, Антена, број 846, 12.9.2014, стр. 11.