Првенството Вимблдон, или многу попознат само како Вимблдон — најстариот голем турнир во тенис и е општо признат и како најпрестижен во белиот спорт [1].

The Championships, Wimbledon
(Вимблдон)
Гренд Слем
ЛокацијаВимблдон
Обединето Кралство Обединето Кралство
Подлогатрева / отворено
Учесници (мажи)128 п / 128 кв. / 64 дв.
Учесници (жени)128 п / 96 кв. / 64 дв.
Награда£ 34,000,000
Официјално мрежно место
Гренд Слем Турнири
Вимблдон, мај 2019

Се одржува секоја година кон крајот на јуни и почетокот на јули [2] во период од две седмици (обично завршува, најдоцна, на втората недела во јули) на тениските терени на Ол Ингланд Клубот (All England Lawn Tennis and Croquet Club) во Лондон, Англија. Турнирот е третиот Гренд Слем настан по ред, веднаш по Австралијан Опен и Ролан Гарос, а пред ЈуЕс Опен. Често, како резултат на честите врнежи, самиот настан се оддолжува.

Симултано се одржуваат неколку турнири, сите за време на истиот период, и тоа во поединечна конкуренција кај мажите, поединечна конкуренција кај мажите, во двојки кај мажите и жените, како и во мешани двојки. Младинските турнири – поединечна конкуренција за момчиња, поединечна конкуренција за девојки, двојки за момчиња и двојки за девојки – исто така се одржуваат. Покрај тоа, Вимблдон е познат и по своите специјални турнирски типови: двојки за мажи над 35 години, двојки за мажи над 45 години, двојки за жени над 35 години и двојки за лица во инвалидска количка.

Белешки уреди

  1. „„Ролан Гарос: настан отворен во текот на целата година. Телевизиска покриеност." ftt.fr“. Архивирано од изворникот на 2007-07-04. Посетено на 2007-08-12.
  2. „Официјална страница (Wimbledon.org): Дати“. Архивирано од изворникот на 2010-03-29. Посетено на 2007-08-12.

Надворешни врски уреди

Галерија уреди

Претходник
Ролан Гарос
Гренд Слем турнир
јуни-јули
Наследник
ЈуЕс Опен