Маратонците го трчаат почесниот круг (филм)

Маратонците го трчаат почесниот круг (српски: Маратонци трче почасни круг) - југословенски филм од 1982 година, во режија на Слободан Шијан, по сценариото на Душан Ковачевиќ. Главните улоги ги играат: Богдан Диклиќ, Јелисавета Сека Саблиќ, Зоран Радмиловиќ, Мија Алексиќ, Данило Бата Стојковиќ, Павле Вуисиќ, Миќа Томиќ и Бора Тодоровиќ.[1]

Синопсис уреди

Дејството на филмот се одвива во 1935 година, во еден провинциски град во Србија. Во семејството Топаловиќ живеат пет генерации мажи, који извршуваат погребни услуги. Исто така, тие се караат околу наследството што го оставил штотуку починатиот Пантелие Топаловиќ. Најмладиот член на семејството, Мирко (го игра Диклиќ), сака да се откаже од работата и да работи некоја „почесна“ работа. Тој сака да ја се ожени со ќерката на Били Питон (го игра Радмиловиќ), Кристина (ја игра Саблиќ), но таа не го сака. Били, пак, сака да ги земе парите што му ги должи семејството Топаловиќ и затоа го поттикнува Мирко да го земе својот дел од наследството, ако сака да се ожени со Кристина. Меѓутоа, таа е вљубена во најдобриот другар на Мирко, Ѓенка (го игра Тодоровиќ), кој има либерални погледи на светот и сака да сними порнографски филм во кој главните улоги треба да ги играат Мирко и Кристина. На крајот од филмот, Мирко ја убива Кристина зашто ја наоѓа како води љубов со Ѓенка, а потоа семејството Топаловиќ ја пали куќата на Били Питон. Истовремено, дружината на Били ја пали куќата на Топаловиќ. Потоа, двете групи се среќаваат на улицата и започнува престрелка во која семејството Топаловиќ ги убиваат Били и неговите помошници.[2]

Наводи уреди