Лудијас (Солунско)

село во Солунско, Егејска Македонија, создадено од грчки дојденци во XX век.

Лудијас (грчки: Λουδίας, до 1951 г. Νέα Ζωή, Неја Зои) — село во Солунско, Егејска Македонија, денес во општината Илиџиево на Солунскиот округ во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 789 жители (2011).[2][3] Ова село не традиционално, туку претставува новосоздадена населба на грчки доселеници.[4]

Лудијас
Λουδίας
Лудијас is located in Грција
Лудијас
Лудијас
Местоположба во областа
Лудијас во рамките на Илиџиево (општина)
Лудијас
Местоположба на Лудијас во Солунскиот округ и областа Централна Македонија
Координати: 40°40.42′N 22°32.33′E / 40.67367° СГШ; 22.53883° ИГД / 40.67367; 22.53883
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругСолунски
ОпштинаИлиџиево
Општ. единицаИлиџиево
Надм. вис.&1000000000000001000000010 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно789
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)
Пошт. бр.570 07
Повик. бр.239

Географија уреди

Селото се наоѓа јужно од Зорбатово, 8 км западно од Илиџиево и 43 км западно од Солун. Лежи во областа Вардарија во Солунското Поле, на северниот брег на река Колудеј.

Историја уреди

Селото е основано како место за грчки доселеници од Турција во 1939 г. на местото на ослободеното плодно земјиште при исцедувањето на Ениџевардарското Езеро. При неговото создавање, наречено е Неја Зои, што во превод значи „нов живот“. Населението било од Понд, Кавказ, Тракија и Мала Азија, кое овде се префрлило од првично создадените Елевтерохори и Метони, како и од колонизираните традиционални села Јалиџик и Бугариево.[2][3] Во 1940 г. Лудијас имал 804 жители, сите грчки дојденици.[4]

Во 1951 г. населението се зголемило на 991 жител, а селото е преименувано во Лудијас, што е грчкото име на месната река Колудеј. На пописот од 1961 г. бројот на жители достигнал 1.222, за да опадне на 929 во 1971, 907 во 1981 г.[4] Во 1991 г. е забележан пораст на 948 лица, кои во 2001 г. се зголемиле на 973, но во 2011 г. опаднало на 795 жители.

Население уреди

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 804 991 1.222 929 907 948 973 789
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Стопанство уреди

Селото важи за мошне богато бидејќи има плодни површини кои целосно се наводнуваат. Се произведува овошје, памук, жито, бостан и други земојделски култури. Многумина работат во блиските претпријатија „Захарис“, „ЕЛВИЗ“ и „Нестле“.[2][3]

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. 2,0 2,1 2,2 „Λουδίας“. Δήμος Χαλκηδόνας. Посетено на 8 јули 2019.
  3. 3,0 3,1 3,2 „Λουδίας“. Greek Travel Pages. Посетено на 8 јули 2019.
  4. 4,0 4,1 4,2 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 330–331.