Јалиџик

село во Солунско, Егејска Македонија

Јалиџик (грчки: Φίλυρο, Филиро; до 1926 г. Γιαλιτζίκ/Γιαλιτζήκ, Јалиѕик[2]) — село во Солунско, Егејска Македонија, денес во општината Капуџилар-Хортач на Солунскиот округ во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 5.531 жител (2021).

Јалиџик
Φίλυρο
Јалиџик is located in Грција
Јалиџик
Јалиџик
Местоположба во областа
Јалиџик во рамките на Капуџилар-Хортач
Јалиџик
Местоположба на Јалиџик во Солунскиот округ и областа Централна Македонија
Координати: 40°41.28′N 23°0.15′E / 40.68800° СГШ; 23.00250° ИГД / 40.68800; 23.00250
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругСолунски
ОпштинаКапуџилар-Хортач
Општ. единицаХортач
Надм. вис.&10000000000000509000000509 м
Население (2021)[1]
 • Вкупно5.531
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Географија уреди

Селото се наоѓа во северниот дел на планината Хортач, на 4 км источно од солунската населба Лембед и на 5,5 км североисточно од Кара Усеин. На 2 км северно од селото, на Хортач е сместен големиот старостилен манастир „Св. Рафаил и Св. Троица“.[3]

Историја уреди

Во XIX век Јалиџик било турско село во Солунската каза. Според Боривое Милоевиќ, пред војните селото имало 100 турски куќи.[4] Во текот на војните населението го напуштило селото[5]. По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција. Во 1914 г. во Јалиџик се доселиле три големи рода од Понт и Кавказ, но претежно од покраината Карс. Доселувањето продолжило и понатаму. Во 1920 г. селото имало 361 жител.[5] Во 1928 г. селото е преименувано во Филирос или Филиро. Во 1928 г. тоа е заведено како дојденско село со 97 дојденски семејства сочинети од 365 лица.[6]

Во 1981–1993 г. е изградена црквата „Св. Ѓорѓи“.

Население уреди

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 555 492 519 547 1.019 2.192 3.620 5.495 5.531
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Наводи уреди

  1. „Попис на населението од 2021 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. „Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας“. Πανδέκτης: Name Changes of Settlements in Greece. Посетено на 12 април 2021.
  3. „Ι.Μ.Αγίου Ραφαήλ και Αγίας Τριάδος“. Ι.Μ.Αγίου Ραφαήλ και Αγίας Τριάδος. 1 мај 2017.
  4. Милојевић, Боривоје Ж (1921). Јужна Македонија (PDF). Насеља српских земаља. стр. 36.
  5. 5,0 5,1 Симовски, Тодор Христов (1998). Населените места во Егеjска Македониjа (PDF). II дел. Скопjе: Здружение на децата-бегалци од Егејскиот дел на Македонија, Печатница „Гоце Делчев“. стр. 322. ISBN 9989-9819-6-5.
  6. Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928, Архивирано од изворникот на 30 јуни 2012, Посетено на 30 јуни 2012