Крсто Тодоровски (8 август 1930 - 2016) — македонски архитект.[1]

Крсто Тодоровски
Роден 8 август 1930
Починал 20016
Занимање архитект

Животопис уреди

Тодоровски е роден на 8 август 1930 година. Тој ѝ припаѓа на првата генерација архитекти запишана на Архитектонскиот отсек на Техничкиот факултет во Скопје во 1949 година, а дипломирал во 1956 година.

По дипломирањето се вработил во Заводот за станбена изградба во Скопје којшто подоцна се трансформирал во „Македонија проект“ и тука останал сè до истекот на неговиот активен работен стаж во 1990 година. Својата кариера претежно ја посветил на проектирањето на објекти од општествен карактер, давајќи притоа посебен акцент на спортските објекти.[1] Позначајни негови дела се.[1]:

  • 1967 и 1969 Поштите во Делчево и Свети Николе;
  • 1969 Бањите и хотелот Бањиште, Дебар;
  • 1972 Републичкиот хидрометеоролошки завод во Скопје;-Конзервација на црквата „Св. Никола Болнички“ во Охрид
  • 1977 Станбените објекти на „Електродистрибуција“ во Кичево;
  • 1978 Мотел во Крива Паланка;
  • 1981 Градска Порта во Гостивар;
  • 1982 Судскиот објект во Берово;
  • 1981 и 1982 Хотелите на „Макпетрол“ во Маврово и Берово;
  • 1983 и 1986 Филијали на „Стопанска Банка“ во Маврови Анови и Велес;
  • 1984 и 1986 Банките во Берово и Кичево;
  • 1986 Градската порта во Неготино;
  • 1995 Станбена зграда ( П+4+По) во Берово;
  • 1999 Станбениот објект ( П+6+По) во населбата „Вардарче“ во Скопје;
  • 1967, 1969, 1977, 1984 Пензионерските домови во Кичево, Берово, Крива Паланка и Велес.

Награди уреди

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 1,2 „Крсто Тодоровски1930 – 2016“. Македонска архитектура. Посетено на 4 јуни 2022.
  2. „Крсто Тодоровски,добитник на наградата „Андреја Дамјанов". Порта 3. 16.11.2012. Посетено на 4 јуни 2022. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)