Крешимир Ќосиќ (Загреб, 26 ноември 1948 - Балтимор, САД, 25 мај 1995) - хрватски кошаркар и тренер. Има освоено речиси сѐ што може да се освои во аматерската кошарка, а оставил трага и во американската универзитетска кошарка. Познат по својата елеганција, врвна техника и тактика на играта, пленел со својот срдечен карактер и добрина, а на многумина после него им служел како спортски и личен пример. Тој е вброен меѓу 50-те луѓе кои придонеле најмногу за Евролигата.

Крешимир Ќосиќ
Krešimir Ćosić
Ќосиќ со Југославија во 1970
Ќосиќ со Југославија во 1970
Висинам
Тежинакг
Роден26 ноември 1948(1948-11-26)
Загреб, СР Хрватска, СФРЈ
Починал25 мај 1995(1995-05-25) (возр. 46)
Балтимор, Мериленд, САД
НационалностХрват
ФакултетBYU (1970–1973)
Драфт1973 / Рунда: 5 / Пик: 84-ти overall
Избран од Лос Анџелес лејкерс
Проф. кариера1964–1983
Клубови
Како играч:
1964–1969Задар
1973–1976Задар
1976–1978Олимпија
1978–1980Синудине Болоња
1980–1983Цибона
Како тренер:
1976–1978Олимпија
1984–1985Југопластика
1985–1987Југославија
1987–1988Виртус Болоња
1988–1991АЕК Атина
Репрезентација

Играчка кариера уреди

Европска кариера уреди

Крешимир Ќосиќ е роден во Загреб, но пораснал во Задар, каде што ја започнал својата кошаркарска кариера во КК Задар во 1965 година. Настапувал и за Цибона, а играл и во Словенија и Италија. Негови први тренери биле Енцо Совити и проф. Леонардо Бајло. За европската репрезентација настапувал 6 пати и бил прогласен за најдобар играч на ЕП во 1971 и 1975 година. Шест пати го освојувал државното првенство на Југославија и 4 пати кошаркарскиот куп. Со Цибона го освоил Купот на победниците на куповите (1982). Со репрезентацијата на Југославија, за која настапувал 303 пати, го освоил првото место на ЕП (1973, 1975, 1977), второто место ( 1969, 1971, 1981 година) и третото место (1979). На светските првенства го 2 пати го освоил првото место (1970, 1978) и 2 пати второто место (1967, 1974), а на Олимписките игри златен (1980 година во Москва) и сребрен медал (1968 година во Мексико Сити, 1976 година во Монтреал). По враќањето од Америка во Европа со Задар, освоил уште две титули во југословенското првенство, во 1974 и 1975 година.[1]

Според постигнатите резултати тој е веројатно најдобриот кошаркар во поранешна Југославија, но и еден од најдобрите кошаркари во Европа во историјата.

Кариера во САД уреди

Во периодот од 1969 до 1973 година, играл во САД за Универзитетот Бригам Јанг. Бил првиот неамериканец кој беше драфтуван во НБА. Во 1972 г. Портланд Трејл Блејзерс го избрале за број 1 во 10. коло на драфтот. Потоа следната година бил избран од Лос Анџелес Лејкерс во 5. коло како 15. драфт. Иако имал неколку понуди од професионалната НБА лига, Ќосиќ решил да се врати во Европа. Многу стручњаци веруваат дека Ќосиќ можел да одигра забележителна улога во НБА лигата, во време кога таму воопшто немало играчи кои не се Американци. Тој бил првиот Европеец во All American (All Stars).[2] На Универзитетот Бригам Јанг, дресот со неговото име и број 11 бил повлечен на 4 март 2006 година,[3] на почесно место каде што само два повлечени кошаркарски дреса во историјата на училиштето, дресот на Ќосиќ и дресот на Дени Ејнџ, играч на Бостон Селтикс од славните осумдесетти.[4]

Тренерска кариера уреди

Тренерската кариера ја започнал во 1976 година во словенечкиот клуб Олимпија од Љубљана како играч/тренер.[1] По завршувањето на играчката кариера бил успешен како селектор на репрезентацијата на Југославија. Како селектор на југословенската репрезентација дебитирал на Европското првенство во Германија во 1985 година.[1] Под негово водство, репрезентацијата на Југославија освоила сребро на Олимписките игри во Сеул во 1988 година. Во 1996 година, во престижната Куќа на славните кошаркари (Basketball Hall of Fame), и тоа само како трет неамериканец во историјата, со што американската јавност ја препозна големината и трагата што тој ја остави на континентот, кој воедно е и колевка на кошаркарската игра.

Животот вон кошарката уреди

 
Споменик на Крешимир Ќосиќ на Мирогој

Мормонска црква уреди

За време на студиите на Универзитетот Бригам Јанг во Прово, во американската сојузна држава Јута, Крешо Ќосиќ станал следбеник на Црквата на Исус Христос на светците од подоцнежните дни[4][5] (колоквијално позната како Мормонска црква). Подоцна, по враќањето во Хрватска како верен следбеник, во 1975 година, тој ја основал мормонската заедница во Хрватска. Со помош на католички свештеник, Крешо Ќосиќ ја превел Мормонската книга од англиски на хрватски.[4][5] Мормонската книга била објавена во 1979 година, а преводот на Ќосиќ сè уште се користи во Хрватска.[5]

Дипломатска служба уреди

По стекнувањето на независност на Хрватска (1992 г.), работел во дипломатската служба како министерски советник во Амбасадата на Република Хрватска во Вашингтон во САД.

Смрт уреди

Крешимир Ќосиќ починал на 25 мај 1995 година,[4] по кратко боледување од лимфом во Балтимор, САД, прерано, на возраст од неполни 47 години. Погребан е во Мирогој во Загреб, под аркадите,[6] на 2 јуни 1995 година.

Награди, признанија и споменици уреди

 
Статуата на Ќосиќ на Вишњик во Задар
  • 1996: Влезе во Куќата на славните кошаркари, и тоа само како трет неамериканец.
  • Од 1998 година, хрватскиот национален кошаркарски куп во спомен на Крешо Ќосиќ се нарекува Куп на Крешимир Ќосиќ.
  • 2002 година: постхумно за животно дело ја добил Државната награда за спорт „Фрањо Бучар“ .
  • Десет години по неговата смрт, плоштадот во Загреб го добил неговото име, плоштадот Крешимир Ќосиќ, во близина на Спортската сала.
  • Документарниот филм Крешо - човек пред времето на спортскиот новинар Славко Цвитковиќ бил емитуван на десетгодишнината од смртта на Крешо.[3]
  • 2006: Дресот со неговото име и број 11 е повлечен на Универзитетот Бригам Јанг.
  • Новата кошаркарска сала во Задар, која се наоѓа во спортскиот комплекс на Вишњик од 3 октомври 2008 година, се вика Сала Крешимир Ќосиќ .
  • Во Задар една улица го носи неговото име.

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 1,2 (англиски) Vladimir Stankovic: Kresimir Cosic, a player ahead of his time, preuzeto 28. siječnja 2012.
  2. D.R., Video: Nema više košarke koju je volio Krešo Ćosić, Index.hr, 26. studenoga 2011., preuzeto 28. siječnja 2012.
  3. 3,0 3,1 NBACro.com: Krešo Čosić Архивирано на 6. prosinca 2011.., preuzeto 28. siječnja 2012.
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 Zadarski list: Zoran Čutura: Svaki dan živio je kao lav, preuzeto 28. siječnja 2012.
  5. 5,0 5,1 5,2 Crkva Isusa Krista svetaca posljednjih dana | Hrvatska: Počeci Crkve u Hrvatskoj Архивирано на 8. veljače 2012.., preuzeto 28. siječnja 2012.
  6. Gradska groblja Zagreb - Č, Ć, preuzeto 28. siječnja 2012.