Европско првенство во кошарка

Европско првенство во кошарка — главен настан во кошарка одржуван на две години на кој учествувааат машките кошаркарски репрезентации членки на ФИБА Европа, европското подрачје во рамките на Меѓународната кошаркарска федерација. Првенството првпат било одржано во 1935 година и вообичаено се одржува на секои две години од 1947 година; започнувајќи од 2017 година, ќе се промени на четири години.[1] Од 2017 година, исто така ќе служи и како квалификациски турнир за Летните олимписки игри и Светското првенство во кошарка. Најуспешна земја е сега непостоечкиот Советски Сојуз со четиринаесет титули, додека Шпанија биле прваци во 2009 и 2011 година. Франција е најнеодамнешен првак, освојувајќи го Европското првенство во 2013 година.

СпортКошарка
Основана1935
Број на екипи24
ДржаваЕвропска Унија членки на ФИБА Европа
Тековен првак Франција (1. титула)
Најмногу титули СССР (14 титули)
Порталwww.FIBAEurope.com
www.EuroBasket.com

Квалификации уреди

24 европски екипи заземаат дел од крајниот настан. Квалификациите кои постоеле до Европското првенство во 2011 година дозволувале 16 екипи да настапат. Осум места биле пополнувани од домаќинот и првите седум земји на претходното првенство. Преостанатите екипи од дивизијата А настапувале во квалификациски турнир. Таму, биле поделувани во четири групи. Секоја група играла двојна тура. Првата екипа во секоја екипа се пласирала на првенството. Најдобрите три од четирите второпласирани исто така се пласирале.

Од десетте екипи кои не се квалификувале на квалификацискиот турнир, шесте најдобри добивале уште една шанса во дополнителни квалификации. Преостанатите четири се бореле за место на опстанок, бидејќи две екипи оделе во дивизијата Б (и биле заменувани од двете најдобри екипи од дивизијата Б).

Крајниот избор бил одредуван од дополнителен квалификациски турнир. Шесте екипи биле поделени во две групи од по три екипи, каде секоја група играла со секој двапати. Првата екипа во секоја група играла во финалето против најдобрата екипа од другата група; победникот го добивал последното место на првенството.

Формат на натпреварувањето уреди

Евроското првенство користело различни формати на натпреварувањето, поаѓајќи од разигрување секој со секого еднаш во 1939 година до троен турнир, кој моментално се користи.

Моменталниот формар започнува со прелиминарна фаза. Дваесет и четирите квалификувани екипи се делат во четири групо од по шест екипи и секога група игра разигрување секој со секого. Најдобрите три екипи во секоја група (12 вкупно) напредуваат во следната фаза. Двете групи од по шест екипи во квалификациската фаза се мешавина од екипите на прелиминарните групи: групите А и Б ја создаваат група Е, додека групите Ц и Д ја создаваат група Ф. Резултатите од претходната фаза се пренесуваат, а секоја екипа игра еднаш против екипи од другата прелиминарна група во квалификациската група.

Најдобрите четири екипи во секоја екипа напредуваат во одлучувачката фаза. Се работи за турнир на исфрлање, каде се одигруваат и дополнителни натпревари за бронзениот медал за губитниците во полуфиналињата и за местата од петтото до осмото место за губитниците во четвртфиналињата.

Резултати уреди

Преглед
Година Домаќин (Финале) Натпревар за златен медал Натпревар за бронзен медал
Злато Резултат Сребро Бронза Резултат Четврто место
1935   Швајцарија (Женева)  
Латвија
24–18  
Шпанија
 
Чехословачка
25–23  
Швајцарија
1937   Латвија (Рига)  
Литванија
24–23  
Италија
 
Франција
27–24  
Полска
1939   Литванија (Каунас)  
Литванија
[2]  
Латвија
 
Полска
[2]  
Франција
1946   Швајцарија (Женева)  
Чехословачка
34–32  
Италија
 
Унгарија
38–32  
Франција
1947   Чехословачка (Прага)  
СССР
56–37  
Чехословачка
 
Египет
50–48  
Белгија
1949   Египет (Каиро)  
Египет
57-36  
Франција
 
Грција
[2]  
Турција
1951   Франција (Париз)  
СССР
45–44  
Чехословачка
 
Франција
55–52  
Бугарија
1953   СССР (Москва)  
СССР
[2]  
Унгарија
 
Франција
[2]  
Чехословачка
1955   Унгарија (Будимпешта)  
Унгарија
[2]  
Чехословачка
 
СССР
[2]  
Бугарија
1957   Бугарија (Софија)  
СССР
[2]  
Бугарија
 
Чехословачка
[2]  
Унгарија
1959   Турција (Истанбул)  
СССР
83–72  
Чехословачка
 
Франција
62–60  
Унгарија
1961   Социјалистичка Федеративна Република Југославија (Белград)  
СССР
60–53  
Југославија
 
Бугарија
55–46  
Франција
1963   Полска (Вроцлав)  
СССР
60–53  
Полска
 
Југославија
89–61  
Унгарија
1965   СССР (Москва)  
СССР
58–49  
Југославија
 
Полска
86–70  
Италија
1967   Финска (Хелсинки)  
СССР
89–77  
Чехословачка
 
Полска
80–76  
Бугарија
1969   Италија (Неапол)  
СССР
81–72  
Југославија
 
Чехословачка
77–75  
Полска
1971   Западна Германија (Есен)  
СССР
69–64  
Југославија
 
Италија
85–67  
Полска
1973   Шпанија (Барселона)  
Југославија
78–67  
Шпанија
 
СССР
90–58  
Чехословачка
1975   Социјалистичка Федеративна Република Југославија (Белград)  
Југославија
[2]  
СССР
 
Италија
[2]  
Шпанија
1977   Белгија (Лиеж)  
Југославија
74–61  
СССР
 
Чехословачка
91–81  
Италија
1979   Италија (Торино)  
СССР
98–76  
Израел
 
Југославија
99–92  
Чехословачка
1981   Чехословачка (Прага)  
СССР
84–76  
Југославија
 
Чехословачка
101–90  
Шпанија
1983   Франција (Нант)  
Италија
105–96  
Шпанија
 
СССР
105–70  
Холандија
1985   Западна Германија (Штутгарт)  
СССР
120–89  
Чехословачка
 
Италија
102–90  
Шпанија
1987   Грција (Пиреја)  
Грција
103–101
продолжение
 
СССР
 
Југославија
98–87  
Шпанија
1989   Социјалистичка Федеративна Република Југославија (Загреб)  
Југославија
98–77  
Грција
 
СССР
104–76  
Италија
1991   Италија (Рим)  
Југославија
88–73  
Италија
 
Шпанија
101–83  
Франција
1993   Германија (Минхен)  
Германија
71–70  
Русија
 
Хрватска
99–59  
Грција
1995   Грција (Атина)  
Југославија
96–90  
Литванија
 
Хрватска
73–68  
Грција
1997   Шпанија (Барселона)  
Југославија
61–49  
Италија
 
Русија
97–77  
Грција
1999   Франција (Париз)  
Италија
64–56  
Шпанија
 
Југославија
74–62  
Франција
2001   Турција (Истанбул)  
Југославија
78–69  
Турција
 
Шпанија
99–90  
Германија
2003   Шведска (Стокхолм)  
Литванија
93–84  
Шпанија
 
Италија
69–67  
Франција
2005   Србија и Црна Гора (Белград)  
Грција
78–62  
Германија
 
Франција
98–68  
Шпанија
2007   Шпанија (Мадрид)  
Русија
60–59  
Шпанија
 
Литванија
78–69  
Грција
2009   Полска (Катовице)  
Шпанија
85–63  
Србија
 
Грција
57–56  
Словенија
2011   Литванија (Каунас)  
Шпанија
98–85  
Франција
 
Русија
72–68  
Македонија
2013   Словенија (Љубљана)  
Франција
80–66  
Литванија
 
Шпанија
92–66  
Хрватска
2015   Хрватска
  Франција (Лил)
  Германија
  Латвија (Рига)
 
Шпанија
80–63'  
Литванија
 
Франција
81–68  
Србија
2017   Финска
  Израел (Лил)
  Романија
  Турција (Истанбул)
 
Словенија
93–85  
Србија
 
Шпанија
93–85  
Русија
2021   Чехословачка
  Грузија
  Германија
  Италија (Берлин)

Табела на медали уреди

 
Карта на најдобри пласмани по земја.

Табелата на медали подолу ги прикажува националните репрезентациите според соодветна табела на ФИБА.[3]

 Место  Земја Злато Сребро Бронза Вкупно
1   СССР 14 3 4 21
2   Југославија+  Југославија 8 5 4 17
3   Литванија 3 2 1 6
4   Шпанија 2 6 3 11
5   Италија 2 4 4 10
6   Грција 2 1 2 5
7   Чехословачка 1 6 5 12
8   Франција 1 2 5 8
9   Русија 1 1 2 4
10   Унгарија 1 1 1 3
11   Латвија 1 1 0 2
  Германија 1 1 0 2
13   Египет 1 0 1 2
14   Полска 0 1 3 4
15   Бугарија 0 1 1 2
16   Израел 0 1 0 1
  Турција 0 1 0 1
  Србија 0 1 0 1
19   Хрватска 0 0 2 2
Total 38 38 38 114
  • Советскиот Сојуз (до 1992 г.) и Југославија (до 2006 г.) повеќе не постојат. Ниедна екипа не ги поседува нивните титули.

Наводи уреди

  1. FIBA (11 ноември 2012). "Централниот одбор даде зелено светло за новиот формар и календарот на натпревари". Соопштение за печат.  посет. 18 ноември 2012 г Архивирано на 23 септември 2015 г.
  2. 2,00 2,01 2,02 2,03 2,04 2,05 2,06 2,07 2,08 2,09 2,10 Немало разигрување за места
  3. „Историја на ФИБА“. ФИБА. Архивирано од изворникот на 2016-03-05. Посетено на 19 септември 2009.