Тахити


Тахити е најголемиот остров во групата Острови на Ветерот во француска Полинезија, кои се наоѓаат на Архипелагот во јужниот дел на Тихиот океан. Тој е економски, културен и политички центар на Француска Полинезија. Островор се создал од волканска активност кој е висок и планински обиколен со корални гребени. Популацијата изнесува 178,133 жители според пописот од 2007 година. , со што е најнаселениот остров од цела Француска ПОлинезија и броејќи вкупно 68,6% од целата популација. Поранешното име на Тахити е Отахеит. Главниот град, Папити, се наоѓа на севернозападниот дел на брегот каде се наоѓа и единствениот интернационален аеродром во регионот, Фаа’ меѓународен аеродром, кој се наоѓа на 5км од центарот на градот. Помеѓу 300 и 800 година од христијанската ера, полинезијците го населиле Тахити. Тие сочинуваат 70% од населението на острово, а останатиот процент се Европејци, Кинези и други луѓе од мешано потекло. Во 1880 година, островот бил прогласен за колонија на Франција иако се до 1946 година, кога домородните Тахитијци се сметале законски за француски граѓанин. Францускиот јазик е единствениот официјален јазик иако тахитскиот јазик се зборува насекаде. Тоа било дел од кралството на Тахити се до негово припојување со Франција во 1880 година.

Географија Тахити е најголемиот и најдолгиот остров во француска Полинезија. Се наоѓа на 4400 км јужно од хаваи, 7900км од Чиле и 5700 км од Австралија. Островот е долг 45км, а најшироката точка покрива површина од 1045км2. највисок врв е Мон Орохена со 2241 м. Планината ронуи на југот се издига до 1332 м. Островот се состои од два кружни дела кои се наоѓаат во центарот на волкански планини и кои се поврзани со кратки премини или теснеци, чии име им е дадено по малиот град Таравао, кој се наоѓа таму. Северозападниот дел е познат како Тахити Нуи или Голем Тахити, додека многу помалиот југоисточен дел е познат како Тахити Ити или Мал Тахити. Мал Тахити е густо населен вдолж брегот, особено околу главниот град, Папити. Внатрешноста на мал Тахити е скоро целата ненаселена. Мал тахити останал и исолиран, какои неговата југоисточна половина е достапна за оние кои патуваат со бродови и пеш. Остатокот од островот е опкружен со главни патишта кои минуваат низ планините и морето. Внатрешниот пат минува низ фарми со добиток и цитрусни дрва и панорамски глетки. Пејсажот на Тахити се карактеризира со бујни дождовни шуми и многу потоци, вклучувајќи ја и реката Папену на северната страна.

клима Од ноември до април е влажна сезона, највлажен месец е месец јануари со 13,2 литри на м2 дожд во Папити. Август е најсувиот месец со 1,9 литри на м2 дожд. Во просек температурата се движи од 21ºС и 31ºС со мали сезонски варијации.најниски и највисоки температури се забележани во Бибис , а изнесуваат 16ºС и 34ºС.

Историја Тахитијци Се смета дека се населиле околу 300 и 800 година во христијанската ера од страна на полинизејците. Овие први населувачи се смета дека патувале илјадници милји на отворено море со полинезијска навигација од западниот архипелаг на ФиЖи, Самоа и Тонга. Во 1770 година, Џејмс Кук го набљудувал Таххити со брод долг 33 метри. Кланот го воделе шефови, благородници и понизок чин на шефови. За шефовите се верувало дека се наследници на полинезијските богови и дека поседувале натприродни сили. Симбол на нивнит4е статуси биле ремените направени од црвени пердуви.


Сепак, водачите на кланот не ја имале во целост власта, нивната улога вклучувала и сонсултирање со генералните собранија или совети, особено за време на некоја војна. Мараето е свето место на богослужење кое е направено од камени платформи на отворена земји, со изведување на културни функции слични на структурите како во другите полинезијски општества. Мараетобило во центарот на духовниот и социјалниот живот на кланот. Европски контакти 1700те години Самуел Валис, англиски капетан, го забележал Тахити на 18 јуни 1767 година и тој се смета за еден од првите европски посетители. Педро Фернандес де Киерос во 1606 година, погресил во забележувањето на Ла Сехитариа островите, во СЕ на Тахити. Во април 1768 година, на Валис го придружувал францускиот истажувач Луис Антоан де Бугенвиј. Луис го прочул Тахити низ Европа кога објавил за патот околу светот. Тој го опишал островот како рај на земјата каде мажт и жената ќе живеат во невиност , далеку од корупцијата на цивилизацијата. Неговото досие го опишува концептот на благородна дивина и влијателни утопијски мисли на филозофите како Жан Жак Русо пред Француската револуција. Во април 1769 година, Капетанот Џејмс Кук за прв пат го посетил островот . тој, заедно со Шарл Грин и Даниел Соландер, изградиле камп на Матаваи заливот и останале таму се до 9 август. Кук пресметал популација од 200,000 жители вклучувајќи ги и соседните острови. Но подоцна, во 1767 година, таа бројка се намалила на 35,000 од страна на Даглас Л. Оливер. Вицекралот на Перу, Мануел де Амат и Џуниет, следејќи го инструкциите на шпанската кралевска власт, во 1772 година одлучил да превземе власт на островот, да ја прошри контролата и врз другите земји и да го покрсти населението или да го проповеда Евангелието. Тој испратил две експедиции под водство на Доминго де Бенечеа во периодот од 1772-1775 година, но Боничеа умрел на 20 јануари 1775 година на Тахити, а неговиот гроб бил откриен во 20 век. На 12 ноември истата година спанската мисија на тахити била распуштена . најважен детал од таа мисија е запишивањето на дневникот на маринскиот војник Максимо Родригез, кој запишувал период од 12 месеци, откривајќи многу етнолошки детали за тахитијците од 18 век. Помаре Први ја основал династијата Помаре, а неговата лоза најпрво била да се обединат тахитијците од 1788-1791 година. Тој и неговите потомци го основале и прошириле тахитијското влијание на сите површини кои денес ја сочинуваат Француска Полинезија. Помеѓу европските бродови кои пристигнале на Тахити во последните декади на 18 век е познат како Баунти, чиј екипаж по заминувањето од Тахити во 1789 година кренале востание. По европскиот контакт, бројот на жители брзо опаднал а традиционалното општество го зафатило од пиштоли, проституција, венерични болести и алкохол. во 1797 година, популацијата била уништена од тифузот, инфлуенца и вариолата, и тоа дошло до 16,000 жители. Подоцна дури достигнало бројка од 6000 жители. 1800те години

Во 1803 година умрел Помаре Први, а него го наследил Помаре Втори. Во 1821 година,умрел Помаре Втори, а тронот го превземал неговиот син Помаре Трети, на 18 месечна возраст. Во 1827, Помаре Трети умрел на шест годишна возраст, па на тронот дошла неговата сестра ПОмаре Четврта.

Во ноември 1835 година, Чарлс Дарвин го посетил Тахити со Бигл, а Роберт ФизРој како капетан на бродот. Дарвин ја величел природата, но не и кралицата на Тахити Помаре Четврта. Во 1833 година, капетанот Фицрој направил договор за компезација да се нападне еден англиски брод од Тахитијците.

Во 1839 година, островот го посетила експедиција од САД. Еден од членовите, Алфред Томас Агате, направил повеќе скици за животот на Тахити, од кои некои подоцна биле објавени во САД.

Во 1842 година, европската криза го вклучила и Мароко со што се заостило меѓу Франција и Велика Британија, кога адмиралот Дупетит Туеарс, настапил самостојно од француската влада, и ја убедил кралицата на Тахити, Помаре Четврта да го прифати францускиот протекторат. Во јуни 1843 година, Дупетит Туарс, под своја иницијатива, испратил морнари на островот, додавајќи и го тоа на Франција. А потоа го ставил во затвор Питчард, британски конзул, и го вратил назад во Британија.

Во почетокот на 1844 година, пристигнале вести од Тахити во Европа. Францускиот државник Франсоа Гизот, поддржан од кралот на Франција Луис- Филип, го откажал припојувањето со островот. Сепак, војната меѓу Франција и Тахити продолжила се до 1847 година. Се до 29 јуни 1880 година, островот останал по францускиот протекторат, кога кралот Помаре Петти бил присилен да ги даде суверенитетот на Тахити и неговите колонии на Франција.

Францускиот сликар Пол Гигин живеел на Тахити се до 1890те години и насликал многу случувања од Тахити. Во Папеари постои мал музеј со слики од Гогин.

Во 1891 година, Метју Турнер, еден американски градител на бродови од Сан Франциско, кој минувал низ градо и Тахити , ја изградл едрелицата Папити, едрелица со два јарбола, со која минал седумнаесетдневно патување.

Дваесеттиот век

Во 1946 година, тахити и останати делови од Француска Полинезија станале поморски територии. На жителите на тахити им било дадено француско државјанство. Во 2003 година, статусот на Фрацуска Полинезија се сменил во поморска заедница, а во 2004 година, била прогласена за поморска земја.

За време на првата светска војна, два воени германски бродови го нападнале регионот на Папити. Француската топовница како и заробениот германски теретен брод се закотвиле на пристаништето а два германски воени бродови ја бомбардирале колонијата. Во периодот од 1966 до 1996 година, француската влада направи 193 тестови за нуклеарни бомби над и под коралниот остров на Моруроа и Фангатофа. На 27 јануари 1996 година бил направен последниот тест.

21 век

Во 2009 година, Тоатомо Меро дошол на на тронот на Тахити, а се обидел и повторно да го одбрани статусо на монархијата во дворецот.


Политика

Тахитијците се француски граѓани со целосни цивилни и политички права. Францускиот е официјален јазик, но и Тахитскиот е во употреба. Како и да е, во 1960тите и 1970тите години децата во училиште заборавија да го користат тахитскиот. Тахитскиот сега се зборува во училиштата, а понекогаш се бара при вработување.

Тахити е дел од Француска Полинезија. Француска Полинезија е полуавтономна територија на Франција со свое собрание, претседател, буџет и закони. На Франција и е ограничено влијанието во финнсиите, образованието и безбедноста. Екс претседателот на Француска Полинезија, Оскар Темару, издвои целосна независност од Франција. Сепак, само околу 20 % од популацијата...............

За време на прес-конференцијата на 26 јуни 2006 година, на вториот Францско-Океански самит, францускиот претседател Жак Ширак рече дека не мисли дека мнозинството од Тахитијците сакаат независност. Тој, исто така рече дека е можно во иднина да има референдум.

Изборите за Собрание на Франциска Полинезија,Територијално Собрание на Француска Полинезија, беа одржани на 23 мај 2004.

Како за изненадување, коалицијата за про-независно движење на Оскар Темару, Демократската Унија, формира влада со ..........мнозинство со 57 парламентарни седишта, поразувајќи ја конзервативната партија, Тахуера Хуратира, предводена од Гастон Флос. На 8 октомври, 2004 година, Флос покренувајќи критичко движење против владата успева да предизвика криза. Прашањето е дали владата на Франција треба да ја искористи нејзината моќ да повикаат нови избори во локална влада, во случај на политичка криза.

Демографија

Локалните Тахитијци се полинезиски претци кои содржат 70 % од популацијата на Европејците, Источните Азијци(особено Кинези) и луѓе со мешано наследство понекогаш нарекувани како Демис. Тие ја сочинуваат најголемата популација во Француска Полинезија. Повеќето луѓе од главниот град на Франција, Париз, живеат во Папете, а 20 % од популацијата е главно сместена во преградијата, особено во Пунауија.

Административна поделба

Островот се состои од 12 општини, кои заедно со Мореа-Мијао ја сочинуваат подподелбата на Винвард островите.

Главен град е Папете,најголема општина по популација е Фааа, додека пак Тајарапу Ист е најголема по површина.


Економија

Туризмот е значајна индустрија. Во јули, со фестивалот Хева, во главниот град Папете се слави полинезиската култура и комеморација за падот на Бастиља во Франција.

По одредбата во 1963, на Центарот за експериментирање на Пацификот, животниот стандард во Француска Полинезија значително е зголемен и многу луѓе ги напуштиле традиционалните активности и емигрирале во Папете. Дури иако животниот стандард се зголеми (што главно се должи на директните француски инвестиции), економијата се потпира на увозите. По прекинот на активностите на Центарот за експериментирање на Пацификот, Франција потпиша Пакт за развој со Тахити за да ја надомести финансиската загуба и да помага во образованието и туризмот со инвестиција од околу 50 милиони долари годишно, почнувајќи од 2006. Главен трговски партнер е Франција , со околу 40 % од извозот и 25 % од увозот, а други трговски партнери се САД, Јапонија, Австралија и Нов Зеланд. Тахитскиот бисер (Црн бисер) е исто така важен извор на приходите, а повеќето од нив се извезуваат во Јапонија, Европа и САД. Тахити исто така извезува ванила, овошје, цвеќиња,масло манои, риба, масло копра, масло и нони(тахитско растение).

Околу 13 % од активната популација се невработени, особено жените и неквалификуваните млади луѓе.

Тахитската валута, француско-пацифички франк. 1 франк одговара на 0.0838 евро. Хотелите и финансиските институции поседуваат менувачници.

Данокот на Тахити е наречен Данок на додадена вредност или ДДВ.ДДВто во 2009 година за туристички услуги изнесува 10 %, додека пак за хотели, мали пансиони, храна и пијалаци е 6 %.ДДВто за купување добра и производи е 16 %.

Култура

Тахитската култура вклучува усна традиција која ја опфаќа митологијата на разни богови, како Оро и верувањата, исто така како старото традиционално тетовирање и пловење. Годишниот фестивал Хева, кој се одржува во јули,ја слави традиционалната култура, танц, музика и спорт, вклучувајќи трка на големо растојание меѓу островите во Француска Полинезија, во модерни тахитски чунови.

На Тахити се наоѓа Музејот на Пол Гоген, посветен на животот и работата на францускиот уметник Пол Гоген (1848-1903), кој насликал славни дела како “Две тахитски жени”,”Тахититската жена на плажа” и “Од каде доаѓаме?Што сме ние?Каде ќе одиме?”.

На Пунаја се наоѓа Музејот на Тахити и островите. Тоа е етнографски музеј основан во 1974 година, за да ги зачува и обнови полинезиските артефакти и културните обичаи.

Музејот на бисерот Роберт Хан е едниствениот светски музеј посветен на бисерот. Папете маркетот исто така продава локални уметности и вештини.

Танц

Една од најшироко познатите слики од островот е светски познатиот тахитски танц. Оте'а, понекогаш напишано како отеа, е традиционален танц од Тахити, каде што танчерите стоејќи во неколку редови, изведуваат разни фигури. Овој танц, лесно претпознатлив по неговото тресење со гас, и често се меша со хавајскиот танц хула, кој е побавен и поелегантен и кој повеќе се фокусира на рацете и приказната која ја искажува со ниц отколку на бедрата.

Оте'а е еден од неколкуте танца кои веќе постоеле во пред европските времиња како машки танц. Од друга страна пак, хура (хула,на тахитски говорен јазик), танцот за жени исчезна, а танцот во двојки упа упа исто така исчезна, но може повторно да се појави како тамур. Денес, сепак, танцот го играат мажи ( оте'а тане ), жени ( оте'а а вахине ) или двата пола ( оте'а амуи унитед о ). Танцот се состои само од музика, тапани, без пеење. Тапанот може да биде еден од разните типови на то'ере, или труп од дрво со лоингитудинален пресек, кој се удира со едно или две стапчиња. Исто така тапанот може да биде паху, стар тахитски тапан, покриен со кожа од ајкула и се удира со раце или стапчиња. Ритмот од то'ере е побрз од оној на паху. Исто така, се користи и помал тапан, наречен фа'атете. Танчерите прават гестови прикажувајќи ги секојдневните занимања од животот. Мажите ги бираат темите од војните или од пловидбите, и тогаш користат копја и весла.

Темите кои ги избираат жените се поблиски до домот и природата, составувајќи ги косите или пак покажувајќи го летот на пеперутката. Има многу други теми кои можат да се изберат, како на пример, танчерите да се најдат на мапа на Тахити, осветлувајќи ги најважните места. Во вистински “оте'a”, приказната треба да го исполнува целиот танц.

Танчерска група, наречена “Апарима”, обично ги изведуваат танцовите облечени во парео и маро (традиционална тахитска облека). Постојат два типа на апарима и тоа апарима химене и апарима вава, кој се изведува само со музика, без пеење.


Пловидба

Тамошните Тахитијци се Полинезијци, од големата фамилија на Океански народи, забележани во нивната историја и култура за нивните навигациски вештини, ососбено за трговија и комуникација во нивната морска средина.

Во Полинезиската пловидба, звезда откриена директно горе на тахитското ноќно небо, Сириус, служела како сигнален знак во традиционалниото пронаоѓање на патот, за време на отворените океански патувања.


Образование

Тахити е домаќин на Универзитетот на Француска Полинезија. Тоа е растечки унивезритет, со 3.200 студенти и 62 истражувачи. Достапни се повеќе курсеви како курс по право, трговија, наука и литература. Исто така во Папете се наоѓа колеџот Ла Мене.