Клопенбург (германски: Cloppenburg; долногермански: Cloppenborg; затерландски фризиски: Kloppenbuurich) — град и административно седиште на истоимениот округ, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се наоѓа 38 километри југозападно од градот Олденбург.

Клопенбург

Cloppenburg

Панорамски поглед на Клопенбург
Панорамски поглед на Клопенбург
Панорамски поглед на Клопенбург
Знаме на Клопенбург
Грб на Клопенбург
Клопенбург во рамките на Германија
Клопенбург
Управа
Земја Германија
Покраина Долна Саксонија
Округ Клопенбург
Градоначалник Најдхард Варнхорн (ДХС)
Основни податоци
Површина 70,62 км2
Надм. височина 39 м
Население 35.966 (31 декември 2020)[1]
 - Густина 509 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. CLP
Пошт. бр. 49661
Повик. бр. 04471
Портал www.cloppenburg.de
Местоположба на градот Клопенбург во рамките на округот Клопенбург
Карта
Карта
Координати 52°51′0″N 8°03′0″E / 52.85000° СГШ; 8.05000° ИГД / 52.85000; 8.05000

Географија уреди

Местоположба уреди

Клопенбург се наоѓа во областа Олденбуршки Минстерски крај помеѓу Оснабрик и Олденбург.

Градски единици уреди

Градот Клопенбург се состои од градското јадро и од осум единици:

  • Амбирен/Шмертхајм
  • Бетен
  • Емштекерфелд
  • Галгенмор
  • Келерхее
  • Штатсфорстен
  • Штернбуш
  • Фарен/Штапелфелд

Стопанство уреди

Градот е средиште на главно земјоделската област во јужниот дел на Клопенбург. Градот е административно седиште и во него се наоѓаат повеќе училишта.

Туризам уреди

Една од главните туристички знаменитости на Клопенбург е музејското село „Клопенбург“, повеќе стари градби од областа кои биле расклопени и поставени во музејот.

Политика уреди

Градски совет уреди

 
Градското собрание

Градскиот совет се состои од 38 избрани членови, што одговара за градови со број на жители помеѓу 30.001 и 40.000 жители.[2] Членовите се избираат на општи избори на секои пет години.

На последните локални избори за Градскиот совет биле добиени следниве резултати:[3]

Градоначалник уреди

Моментален градоначалник на градот Клопенбург е Најдхард Фарнхорн.

Список на досегашни градоначалници
  • Игнац Фајгел (1855–1922)
  • Бернхард Хојкамп (1884–1946)
  • Георг Веслинг (1889–1974)
  • Волфганг Визе (2001-2021)
  • Најдхард Фарнхорн (од 2021)

Збратимени градови уреди

Клопенбург е збратимен со следниве градови:[4]

Познати луѓе уреди

Галерија уреди

Наводи уреди

  1. „Населеност на окрузите, општините и месните заедници во Долна Саксонија на 31 декември 2020“. Служба за статистика и комуникациска технологија на Долна Саксонија. јули 2021. (германски)
  2. Niedersächsisches Kommunalverfassungsgesetz (NKomVG) in der Fassung vom 17. Dezember 2010; § 46 – Zahl der Abgeordneten Архивирано на 10 јуни 2020 г., abgerufen am 28. Dezember 2016.
  3. KDO-Wahlportal Stadtratswahlen 2021, abgerufen am 16. Juni 2022
  4. „Partnerstadt“. cloppenburg.de (германски). Cloppenburg. Архивирано од изворникот на 2021-01-21. Посетено на 2021-03-03.

Надворешни врски уреди