Берне (германски: Berne) — општина во округот Везермарш, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се наоѓа на левиот брег на реката Везер, околу 20 километри источно од Олденбург и 25 километри северозападно од Бремен.

Берне
Црква „Св. Егидиј“ во Берне
Црква „Св. Егидиј“ во Берне
Црква „Св. Егидиј“ во Берне
Грб на Берне
Берне во рамките на Германија
Берне
Управа
Земја Германија
Покраина Долна Саксонија
Округ Везермарш
Месни единици 34
Градоначалник Хартмут Ширенштет (независен)
Основни податоци
Површина 85,2 км2
Надм. височина 6 м
Население 6.805 (31 декември 2020)[1]
 - Густина 80 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. BRA
Пошт. бр. 27804
Повик. бр. 04406
Портал www.berne.de
Местоположба на Берне во рамките на округот Везермарш
Карта
Карта
Координати 53°11′0″N 8°29′0″E / 53.18333° СГШ; 8.48333° ИГД / 53.18333; 8.48333

Географија уреди

Местоположба уреди

Општината Берне се наоѓа во јужниот дел на округот Везермарш, сместена на устието на реките Берне во Олен, притока на Хунте. Денешната општина се наоѓа во историската област Штединген.

Соседни општини уреди

Во северозападниот дел на општината се граничи со Хунте, а во североисточниот дел со Везер. Везер истовремено образува граница со Бремен (градската единица Блументал). Југоисточно се граничи со општината Лемвердер, а на југ со округот Олденбург. Северозападно од Берне се наоѓа градот Елсфлет.

Општински единици уреди

Општината Берне се состои од местата: Беке, Барденфлет, Берне (гл. место), Бернебител, Бетингбирен, Бутел, Бутлерхерне, Кампе, Колдевај, Драјзилен, Филје, Ганспе, Ганспе Аусендајх, Глизинг, Ханефер, Харменхаузен, Хекелермор, Хекелн, Хидигварден, Хидигвардермор, Хунтебрик, Јулиусплате, Катјенбител, Кетеренде, Лихтенбергерзил, Моцен, Нојенхунторф, Нојенхунторферзил, Нојенхунторфермор, Нојенкоп, Нојмилен, Охолт, Орт, Олен, Оленермор, Пфалхаузен, Ранценбител, Шлите, Шлитербург, Шлитердајх, Варфлет, Вердер, Вердерхеле и Везердајх. Административното општинско седиште е местото Берне.[2]

Природни области уреди

На општинското подрачје се наоѓаат:

  • Природната област Јулиусплате, североисточно од Берне на левиот брег на Везер на истоимениот поранешен остров на Везер.
  • Витемор, како дел од Природната област Холер- и Витемор.

Наводи уреди

  1. „Населеност на окрузите, општините и месните заедници во Долна Саксонија на 31 декември 2020“. Служба за статистика и комуникациска технологија на Долна Саксонија. јули 2021. (германски)
  2. Gemeinde Berne – Zahlen / Daten / Fakten, abgerufen am 7. April 2012

Надворешни врски уреди