КК АМАК СП е поранешен македонски кошаркарски клуб со седиште во Охрид. Клубот бил поранешен учесник во Првата македонска кошаркарска лига.

КК АМАК СП
Лига/
Основан2005; пред 19 години (2005)
Распаднат14 ноември 2009; пред 14 години (2009-11-14)
МестоОхрид
Бои на клуботсина и бела
ПретседателВенко Шапкар (последен)
ТренерМарјан Лазовски (последен)
Позиција 2008/09
(Прва лига мажи)
четвртфинале
Супер Лига 4ти
Прваци1 Куп на Македонија
1 Втора кошаркарска лига
Дресови
Домашен jersey
Team colours
Домашен
Гостински jersey
Team colours
Гостински


Историја уреди

КК АМАК СП бил основан во 2005 година под името Талент АНД 1 и играл во спортската сала „Билјанини Извори“ во Охрид. Клубот во сезоната 2005/2006 учествувал во Втората кошаркарска лига и го освоиле првото место, обезбедувајќи пласман во Првата кошаркарска лига. На почетокот на сезоната 2006/07 клубот бил преземен од компанијата „AMAK СП“, преземајќи го и името на спонзорот.[1] Во таа сезона клубот завршил на седмото место при што играл плеј-аут. Во сезоната 2007/08, АМАК СП го освоил високото трето место, додека во 2009 биле победници на Купот на Македонија.[2] Во сезоната 2009/10, по само 6 одиграни кола, АМАК СП се распаднал и со тоа го откажал учеството во Првата лига поради финансиски причини.[3]

Историја на клупското име уреди

  • 2005-2006: КК Талент АНД 1
  • 2006-2009: КК АМАК СП

Постигнувања уреди

Поважни поранешни играчи уреди

  •   Слободан Агоч
  •   Александар Антиќ
  •   Бојан Апостолов
  •   Иван Атанасовски
  •   Игор Атанасовски
  •   Славиша Богавац
  •   Ефтим Богоев
  •   Дејан Вегов
  •   Ивица Вукотиќ
  •   Младен Гамбироза
  •   Ервин Драгшиќ
  •   Владимир Георгиевски
  •   Вил Кодл
  •    Никола Куга
  •   Даниел Милановски
  •   Иван Наумовски
  •   Влатко Неделков
  •   Јордан Николовски
  •   Антони Нокс
  •   Едис Нури
  •   Игор Пенов
  •   Александар Периќ
  •   Марјан Петровски
  •   Дејан Радуловиќ
  •   Иван Саздов
  •   Александар Совковски
  •   Александар Стефановски
  •   Зоран Стојанов
  •   Војдан Стојановски
  •   Дамјан Стојановски
  •   Антоније Стојковиќ
  •   Ангел Тасевски
  •   Нинослав Тмушиќ
  •   Игор Трајковски
  •   Миливоје Трифуновски
  •   Џарид Фрај
  •   Роман Хорват
  •   Вања Цветник
  •   Мирослав Чубрило

Извор:eurobasket.com

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. „Спонзорство“. amac.com.mk. Посетено на 13 септември 2016.
  2. „Прва титула за АМАК СП“. utrinski.mk. 15 март 2009. Посетено на 13 септември 2016.[мртва врска]
  3. „Згасна КК АМАК СП“. ohridnews.com. 14 ноември 2009. Посетено на 13 септември 2016.

Надворешни врски уреди