Војдан Стојановски

Македонски кошаркар


Војдан Стојановски (роден на 9 декември 1987 во Скопје) — македонски кошаркар, бек на македонската репрезентација и на кошаркарскиот клуб МЗТ Скопје.

Војдан Стојановски


Лични информации
Роден на 9 декември 1987(1987-12-09)(36 г.)
Роден во Скопје, СР МакедонијаСФРЈ
Националност Македонија Македонија
Висина 1,94
Тежина 110
Позиција Бек, Крило
Информации за кариерата
Драфт 2009 / Не драфтуван
Проф. кариера 2005-
Моментален клуб
Клуб МЗТ Скопје Аеродром
Сениорски клубови
Години: Клубови:
2005-2007
2007-2009
2009-2010
2010-2011
2011-2012
2012-2013
2013-2015
2015-2016
2016-2017
2017-2018
2018-2019
2019-2020
2020-2021
2022-
Вардар Вардар
АМАК СП АМАК СП
Напредак Крушевац Напредак Крушевац
Фени Индустри Фени Индустри
Черкаски Мавпи Черкаски Мавпи
Донецк Донецк
Алба Берлин Алба Берлин
Андора Андора
Севиља Севиља
Бујукчекмеџе Бујукчекмеџе
Олденбург Олденбург
По Лак Ортез По Лак Ортез
Гравелине-Данкерк
МЗТ Скопје МЗТ Скопје
Репрезентација
2008- Македонија Македонија

Тој е брат-близнак на кошаркарот Дамјан Стојановски и е помлад брат на поранешниот кошаркар Огнен Стојановски.

Клупска кариера уреди

Кариерата ја започнал во Вардар при што со него го освоил Купот на Македонија. Веднаш следната сезона се преселил во АМАК СП од Охрид. Таму останал две сезони и со клубот во 2009 година го освоил Купот на Македонија. По распаѓањето на АМАК СП во 2009 година, тој ја започнал својата меѓународна кариера во екипата на Напредак Крушевац од Србија, играјќи таму една сезона. За следната сезона 2010-2011, се вратил во Македонија во Фени Индустри, клуб со кој го освоил македонското првенство и Балканската лига.

Во 2011 година се преселил во Украина, каде играл за тамошните клубови Черкаски Мавпи во сезоната 2011-2012, а потоа и за Донецк во сезоната 2012-2013 со кој го освоил украинското првенство.

Во сезоната 2013-2014, потпишал за германската Алба Берлин. Во својата прва сезона во клубот Војдан и помогнал на Алба да го освои Купот на Германија, совладувајќи го Улм во финалето со 86-80. Во летото 2014 година му пропаднал трансферот во Бремерхафен,[1][2][3] па веднаш потоа потпишал нов договор со Алба Берлин. Во сезоната 2014-2015, Војдан со клубот од Берлин дебитирал во Евролигата, каде одиграл 11 натпревари со просек од 4,3 бода, 1,2 скокови и 1,2 асистенции по натпревар.

На крајот на јануари 2015 година, Војдан ја напуштил Алба Берлин и се преселил во МораБанк Андора во шпанската АЦБ лига.[4][5][6] Во август 2016 година, се преселил во Севиља,[7] односно Реал Бетис како ново спонзорско име на клубот.[8]

На крајот на јуни 2017 година, потпишал за турскиот клуб Бујукчекмеџе од Истанбул.[9][10] За сезоната 2018/19, односно во август, Војдан потпишал за германскиот клуб Олденбург.[11][12] На почетокот на јули, на Војдан му завршила соработката со германскиот клуб.[13][14] По пет месеци без клуб, во декември 2019 година тој потпишал за францускиот клуб По Лак Ортез.[15][16] По истекот на едномесечниот договор со По Ортез, во средината на јануари 2020 година, Војдан се преселил во клубот Гравелин-Данкерк кој исто бил од Франција.[17][18] Во мај, Војдан ја продолжил соработката со Данкерк за следната сезона.[19][20] Во март 2021, за време на тренинг, Војдан се здобил со посериозна повреда на левото колено, со што за него завршила сезоната 2020/21.[21][22]

Репрезентативна кариера уреди

Војдан Стојановски е член на Кошаркарската репрезентација на Македонија. Учествувал на Евробаскетот 2009, Евробаскетот 2011, Евробаскетот 2013 и Евробаскетот 2015 година. За време на завршниот турнир 2015 во групната фаза во Загреб - Хрватска, Војдан бил петтиот играч со најмногу бодови во македонската репрезентација односно имал 37 бода на четири натпревари (9,3 по натпревар).[23]

Во јануари 2020 година, селекторот на Македонија, Александар Тодоров го објавил поширокиот состав за февруарските квалификации за Евробаскетот 2021 во кој бил вклучен Војдан.[24] Потоа во февруари, тој бил избран во составот на репрезентацијата.[25]

Во моментов тој е капитен на репрезентацијата.

Хронологија на репрезентативни настапи уреди

Хронологија на настапи и постигнати поени за националната селекција - Македонија
Дата Град Домашни Резултат Гости Натпреварување Поени Инфо
07/09/2009 Познањ Македонија   54 - 86   Грција Евробаскет 2009 - Прва фаза 6
08/09/2009 Познањ Израел   79 - 82   Македонија Евробаскет 2009 - Прва фаза 3
09/09/2009 Познањ Македонија   71 - 81   Хрватска Евробаскет 2009 - Прва фаза 7
11/09/2009 Бидгошч Франција   83 - 57   Македонија Евробаскет 2009 - Втора фаза 2
02/08/2010 Јужне Украина   58 - 71   Македонија Квал. за Евробаскет 2011 11
05/08/2010 Скопје Македонија   78 - 44   Унгарија Квал. за Евробаскет 2011 5
08/08/2010 Њукасл Велика Британија   104 - 96   Македонија Квал. за Евробаскет 2011 3
14/08/2010 Скопје Македонија   70 - 56   Босна и Херцеговина Квал. за Евробаскет 2011 2
17/08/2010 Скопје Македонија   71 - 55   Украина Квал. за Евробаскет 2011 5
20/08/2010 Солнок Унгарија   85 - 82   Македонија Квал. за Евробаскет 2011 0
23/08/2010 Скопје Македонија   75 - 56   Велика Британија Квал. за Евробаскет 2011 0
29/08/2010 Сарајево Босна и Херцеговина   83 - 71   Македонија Квал. за Евробаскет 2011 4
31/08/2011 Алитус Црна Гора   70 - 65 прод.   Македонија Евробаскет 2011 - Прва фаза 7
01/09/2011 Алтиус Македонија   78 - 76   Хрватска Евробаскет 2011 - Прва фаза 5
03/09/2011 Алитус Грција   58 - 72   Македонија Евробаскет 2011 - Прва фаза 2
04/09/2011 Алтиус Македонија   72 - 70   Финска Евробаскет 2011 - Прва фаза 16
05/09/2011 Алтиус Македонија   75 - 63   Босна и Херцеговина Евробаскет 2011 - Прва фаза 4
08/09/2011 Вилниус Грузија   63 - 65   Македонија Евробаскет 2011 - Втора фаза 8
10/09/2011 Вилниус Македонија   68 - 59   Словенија Евробаскет 2011 - Втора фаза 11
12/09/2011 Вилниус Русија   63 - 61   Македонија Евробаскет 2011 - Втора фаза 6
14/09/2011 Каунас Македонија   67 - 65   Литванија Евробаскет 2011 - Четвртфинале 15
16/09/2011 Каунас Шпанија   92 - 80   Македонија Евробаскет 2011 - Полуфинале 6
18/09/2011 Каунас Македонија   68 - 72   Русија Евробаскет 2011 - за 3. место 5
02/07/2012 Каракас Ангола   88 - 84   Македонија Квал. за ЛОИ 2012 12
03/07/2012 Каракас Македонија   84 - 62   Нов Зеланд Квал. за ЛОИ 2012 9
06/07/2012 Каракас Македонија   76 - 86   Доминиканска Република Квал. за ЛОИ 2012 3
17/08/2013 Скопје Македонија   50 - 62   Литванија Пријателска 8
04/09/2013 Јесенице Македонија   80 - 81   Црна Гора Евробаскет 2013 - Прва фаза 8
05/09/2013 Јесенице Литванија   75 - 67   Македонија Евробаскет 2013 - Прва фаза 4
06/09/2013 Јесенице Македонија   89 - 75   Србија Евробаскет 2013 - Прва фаза 7
07/09/2013 Јесенице Босна и Херцеговина   62 - 54   Македонија Евробаскет 2013 - Прва фаза 2
09/09/2013 Јесенице Латвија   76 - 66   Македонија Евробаскет 2013 - Прва фаза 8
10/08/2014 Скопје Македонија   76 - 73   Белгија Квал. за Евробаскет 2015 16
13/08/2014 Хорсенс Данска   75 - 81   Македонија Квал. за Евробаскет 2015 12
17/08/2014 Минск Белорусија   70 - 81   Македонија Квал. за Евробаскет 2015 8
20/08/2014 Шарлоа Белгија   63 - 60   Македонија Квал. за Евробаскет 2015 6
24/08/2014 Скопје Македонија   80 - 46   Данска Квал. за Евробаскет 2015 2
27/08/2014 Скопје Македонија   72 - 66   Белорусија Квал. за Евробаскет 2015 11
07/08/2015 Охрид Македонија   75 - 58   Израел Пријателска 8
08/08/2015 Охрид Македонија   81 - 51   Украина Пријателска 15
10/08/2015 Охрид Македонија   69 - 64   Израел Пријателска 12
18/08/2015 Каунас Литванија   68 - 62   Македонија Пријателска 14
19/08/2015 Каунас Македонија   68 - 85   Турција Пријателска 15
22/08/2015 Мадрид Шпанија   94 - 63   Македонија Пријателска 8
25/08/2015 Логроњо Шпанија   88 - 54   Македонија Пријателска 8
05/09/2015 Загреб Македонија   65 - 85   Грција Евробаскет 2015 - Прва фаза 13
06/09/2015 Загреб Холандија   71 - 78   Македонија Евробаскет 2015 - Прва фаза 11
08/09/2015 Загреб Хрватска   73 - 55   Македонија Евробаскет 2015 - Прва фаза 9
09/09/2015 Загреб Македонија   75 - 90   Грузија Евробаскет 2015 - Прва фаза 4
05/08/2016 Самоков Бугарија   61 - 59   Македонија Пријателска 11
06/08/2016 Самоков Бугарија   74 - 78   Македонија Пријателска 20
17/08/2016 Скопје Македонија   73 - 77   Црна Гора Пријателска 19
18/08/2016 Скопје Белгија   67 - 72   Македонија Пријателска 25
19/08/2016 Скопје Македонија   69 - 75   Босна и Херцеговина Пријателска 11
24/08/2016 Марибор Словенија   82 - 67   Македонија Пријателска 14
31/08/2016 Кавадарци Македонија   89 - 75   Луксембург Квал. за Евробаскет 2017 28
03/09/2016 Лондон Велика Британија   96 - 79   Македонија Квал. за Евробаскет 2017 28
07/09/2016 Кавадарци Македонија   66 - 76   Унгарија Квал. за Евробаскет 2017 16
10/09/2016 Луксембург Луксембург   74 - 82   Македонија Квал. за Евробаскет 2017 6
14/09/2016 Кавадарци Македонија   62 - 89   Велика Британија Квал. за Евробаскет 2017 15
17/09/2016 Солнок Унгарија   63 - 61   Македонија Квал. за Евробаскет 2017 10
20/07/2017 Скопје Македонија   52 - 47   Португалија Пријателска 10
21/07/2017 Скопје Македонија   78 - 72   Холандија Пријателска 23
22/07/2017 Скопје Македонија   71 - 67   Босна и Херцеговина Пријателска 4
02/08/2017 Приштина Косово   72 - 68   Македонија Квал. за СП 2019 17
05/08/2017 Скопје Македонија   76 - 80   Естонија Квал. за СП 2019 26
12/08/2017 Скопје Македонија   87 - 74   Естонија Квал. за СП 2019 14
16/08/2017 Талин Естонија   74 - 65   Македонија Квал. за СП 2019 18
23/11/2017 Попрад Словачка   66 - 74   Македонија Квал. за Евробаскет 2021 19
26/11/2017 Скопје Македонија   83 - 68   Швајцарија Квал. за Евробаскет 2021 9
25/02/2018 Скопје Македонија   87 - 74   Словачка Квал. за Евробаскет 2021 13
Вкупно Настапи 71 Поени 722

Статистика уреди

Евролига уреди

[26]

Година Екипа ОН СН МПН ШИ% 3П% СФ% СПН АПН УТПН БПН ППН ИНД
2014–2015   Алба Берлин 11 0 13.1 .378 .368 .750 1.2 1.2 0.5 0.0 4.3 3.4
Кариера 11 0 13.1 .378 .368 .750 1.2 1.2 0.5 0.0 4.3 3.4

Успеси уреди

Титули уреди

  Вардар уреди

  АМАК СП уреди

  Фени Индустри уреди

  Донецк уреди

  • Украинска Суперлига (1) : 2011/12

  Алба Берлин уреди

  • Куп на Германија (1) : 2014
  • Суперкуп на Германија (2) : 2013, 2014

Признанија уреди

Наводи уреди

  1. „Војдан Стојановски останува во Германија, ќе игра во дресот на Ајсберен!“. sportmedia.mk. 29 јули 2014.[мртва врска]
  2. „Војдан Стојановски во Ејсбарен Бремерхафен“. makfax.mk. 29 јули 2014.[мртва врска]
  3. „Војдан Стојановски од наредната сезона во Бремерхафен!“. tip.com.mk. 29 јули 2014.[мртва врска]
  4. „Војдан Стојановски ја продолжува интернационалната кариера во Шпанија“. dnevnik.mk. 30 јануари 2015.[мртва врска]
  5. „Војдан Стојановски од Алба се сели во Шпанија“. Pixel.mk. 30 јануари 2015. Архивирано од изворникот на 2016-03-05. Посетено на 2015-02-05.
  6. „Војдан: Дојдов во најсилната лига во Европа“. ekipa.mk. 4 февруари 2015. Архивирано од изворникот на 2015-02-07. Посетено на 2015-02-05.
  7. „ОФИЦИЈАЛНО: Војдан Стојановски парафираше со Севиља“. sportmedia.mk. 6 август 2016.
  8. „Војдан Стојановски ќе игра за Бетис“. ekipa.mk. 17 август 2016. Архивирано од изворникот на 2016-08-18. Посетено на 2016-08-18.
  9. „Војдан Стојановски потпиша за Бујукчекмече“. ekipa.mk. 25 јуни 2017. Посетено на 25 јуни 2017.
  10. „Војдан Стојановски продолжува во Бујукчекмеџе“. sportmedia.mk. 25 јуни 2017. Посетено на 25 јуни 2017.
  11. „Војдан потпиша за Олденбург: Добиваме играч со огромна интелигенција“. ekipa.mk. 24 август 2018. Посетено на 25 август 2018.
  12. „Војдан: Олденбург е организиран и амбициозен клуб“. sportmedia.mk. 24 август 2018. Посетено на 25 август 2018.
  13. „Војдан Стојановски го напушта Олденбург“. ekipa.mk. 3 јули 2019. Посетено на 4 јули 2019.
  14. „Војдан Стојановски по една година го напушти Олденбург“. gol.mk. 3 јули 2019. Посетено на 4 јули 2019.
  15. „ВОЈДАН: На Ортез му претстојат многу важни натпревари, ќе се обидам да помогнам“. basketball.mk преку web.archive.org. 13 декември 2019. Архивирано од изворникот на 2019-12-15. Посетено на 15 декември 2019.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  16. „Стојановски: Чест е што ќе бидам дел од тим со голема историја“. ekipa.mk преку web.archive.org. 13 декември 2019. Архивирано од изворникот на 2019-12-15. Посетено на 15 декември 2019.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  17. „Војдан Стојановски потпиша за Гравелин Данкерк“. ekipa.mk преку web.archive.org. 13 јануари 2020. Архивирано од изворникот на 2020-01-14. Посетено на 14 јануари 2020.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  18. „ОФИЦИЈАЛНО: Војдан Стојановски го напушти По Ортез, но потпиша за друг француски клуб“. gol.mk преку web.archive.org. 14 јануари 2020. Архивирано од изворникот на 2020-01-14. Посетено на 14 јануари 2020.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  19. „Војдан останува во Гравелин: Довербата на тренерот многу ми значеше“. ekipa.mk преку web.archive.org. 20 мај 2020. Архивирано од изворникот на 2020-05-24. Посетено на 24 мај 2020.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  20. „Војдан Стојановски: Тренерот верува во моите квалитети, Франција е идеална за мене!“. gol.mk преку web.archive.org. 22 мај 2020. Архивирано од изворникот на 2020-05-24. Посетено на 24 мај 2020.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  21. „Лоши вести од Франција, сериозна повреда на Војдан Стојановски“. sportmedia.mk преку web.archive.org. 18 март 2021. Архивирано од изворникот на 2021-03-21. Посетено на 21 март 2021.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  22. „Војдан ја потврди лошата вест: Пред мене е долга пауза, но ќе се вратам посилен“. ekipa.mk преку web.archive.org. 18 март 2021. Архивирано од изворникот на 2021-03-21. Посетено на 21 март 2021.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  23. Accumulated Stats Архивирано на 10 септември 2015 г. eurobasket2015.org
  24. „Тодоров го објави поширокиот список за Естонија и Русија“. gol.mk преку web.archive.org. 9 јануари 2020. Архивирано од изворникот на 2020-01-14. Посетено на 14 јануари 2020.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  25. „Тодоров го скрати списокот, со млади сили против Естонија и Русија“. gol.mk преку web.archive.org. 11 февруари 2020. Архивирано од изворникот на 2020-02-21. Посетено на 21 февруари 2020.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  26. http://www.euroleague.net/competition/players/showplayer?pcode=003934#!careerstats
  27. „Гоцевски и Колариќ играчи на годината“. vecer.mk. 23 декември 2007. Архивирано од изворникот на 2015-02-19. Посетено на 26 февруари 2018.
  28. 28,0 28,1 28,2 „Eurobasket.com All-Macedonian League Awards 2007-08“. eurobasket.com. Посетено на 15 ноември 2017.
  29. „Војдан Стојановски - најдобар кошаркар“. vecer.mk. 22 јануари 2009. Посетено на 26 февруари 2018.[мртва врска]
  30. „Војдан Стојановски е број еден“. idividi.com.mk. 23 јануари 2009. Посетено на 26 февруари 2018.
  31. 31,0 31,1 31,2 Избрани најдобрите во Мак баскетот во 2015, Војдан и едина се најдобрите кошаркар и кошаркарка Архивирано на 11 јануари 2016 г. basketball.org.mk 23 декември 2015
  32. „Хет-трик на семејството Стојановски“. dnevnik.mk. 25 декември 2011. Посетено на 6 јули 2017.[мртва врска]
  33. „Војдан Стојановски и Елена Раденковиќ се кошаркари на годината“. dw.com. 25 декември 2011. Посетено на 6 јули 2017.
  34. „Војдан Стојановски и Елена Раденковиќ кошаркари на годината“. kajgana.com. 25 декември 2011. Архивирано од изворникот на 2012-01-15. Посетено на 6 јули 2017.
  35. „Кавадарчани крунисани во Скопје“. dnevnik.mk. 29 мај 2011. Посетено на 17 септември 2016.[мртва врска]
  36. 36,0 36,1 „Eurobasket.com All-Macedonian League Awards 2010-11“. eurobasket.com. Посетено на 15 ноември 2017.
  37. МКФ го потврди изборот на Војдан Стојановски за кошаркар на 2015 година! sportmedia.mk 23 декември 2015
  38. Војдан Стојановски најдобар македонски кошаркар за 2015 година Архивирано на 28 декември 2015 г. sport365.mk 23 декември 2015
  39. „Војдан и Бојан ќе ја поделат наградата за најдобар!“. sportmedia.mk. 18 декември 2018. Посетено на 22 декември 2018.
  40. „Сите бираат еден, МКФ двајца: Војдан и Бојан – најдобри кошаркари за 2018 година“. ekipa.mk. 18 декември 2018. Посетено на 22 декември 2018.

Надворешни врски уреди