Италијански фудбалер на годината во Серија А

Италијански фудбалер на годината во Серија А (италијански: Migliore calciatore italiano) била годишна награда организирана од италијанската асоцијација на фудбалери, која се доделувала за најдобриот италијански фудбалер за кој се сметало дека се претставил најдобро во претходната сезона во Серија А.

Италијански фудбалер на годината во Серија А
Се доделува заНајдобриот италијански играч во
Серија А секоја сезона
ДржаваИталија Италија
Доделена одИталијанска асоцијација на фудбалери (ИАФ)
Историја
Прва награда1997
Последна награда2010
Најмногу победиИталија Франческо Тоти (5)

Наградата се доделувала за време на манифестацијата Оскар дел калчо. За прв пат наградата била доделена во 1997 година, а последен пат била доделена во 2010 година. Доколку добитникот на оваа награда, бивал избран и за најдобар фудбалер во Серија А, тогаш се бирал и најдобар странски фудбалер во лигата.

Од 2011 година па наваму, се доделува само награда за најдобар фудбалер во Серија А, а наградите за најдобар италијански фудбалер и најдобар странски фудбалер биле укинати.

Победници уреди

 
Роберто Манчини добитник на првата награда во 1997.
 
Франческо Тоти добитник на наградата рекордни пет пати, сите во дресот на Рома.
 
Алесандро Дел Пјеро двократен добитник на наградата, во 1998 и 2008 - тој е играчот со најдолг период меѓу две награди, 10 години.
 
Кристијан Виери добитник на наградата со два различни клуба.
Година Играч Клуб
1997
Манчини, РобертоРоберто Манчини   Сампдорија
1998
Дел Пјеро, АлесандроАлесандро Дел Пјеро   Јувентус
1999
Виери, КристијанКристијан Виери   Лацио
2000
Тоти, ФранческоФранческо Тоти   Рома
2001
Тоти, ФранческоФранческо Тоти   Рома
2002
Виери, КристијанКристијан Виери   Интер
2003
Тоти, ФранческоФранческо Тоти   Рома
2004
Тоти, ФранческоФранческо Тоти   Рома
2005
Џилардино, АлбертоАлберто Џилардино   Парма
2006
Канаваро, ФабиоФабио Канаваро   Јувентус
2007
Тоти, ФранческоФранческо Тоти   Рома
2008
Дел Пјеро, АлесандроАлесандро Дел Пјеро   Јувентус
2009
Де Роси, ДаниелеДаниеле Де Роси   Рома
2010
Ди Натале, АнтониоАнтонио Ди Натале   Удинезе

По играч уреди

По клуб уреди

Клуб Играч Вкупно
  Рома 2 6
  Јувентус 2 3
  Интер 1 1
  Лацио 1 1
  Парма 1 1
  Сампдорија 1 1
  Удинезе 1 1

По позиција уреди

Позиција Играчи Вкупно
напаѓач 6 12
среден ред 1 1
одбрана 1 1