ФК Рома

италијански фудбалски клуб

ФК Рома (итал. "Associazione Sportiva Roma- A.S. Roma"), или едноставно кажано Рома, е професионален италијански фудбалски клуб од градот Рим. Во моментов се натпреварува во Серија А, највисокото ниво на италијанскиот фудбалски лигашки систем.

Рома
Целосно имеФудбаслки клуб Рома
ПрекарЏалороси
Основан22 Јули 1927
ЛокацијаРим, Италија
СтадионСтадион Олимпико
Капацитет72,698
ПретседателСАД Џејмс Палота
МенаџерПортугалија Пауло Фонсека
ЛигаСерија А Серија А
2018-19Серија А, 6. место
Мреж. местоОфицијално мрежно место
Титули
Домашни бои
Гостински бои
Резервни бои
Тековна сезона

Клубот бил основан со спојување во 1927 година, и оттогаш до денес има учествувано во сите сезони во највисоката фудбалска лига на италијанскиот фудбал, со исклучок само на една сезона во раните 50-ти години (1951-1952). Рома ја има освоено титулата во Серија А трипати, првпат во сезоната 1941-1942, потоа во 1982-1983 и последен пат во сезоната 2000-2001, а исто така има девет наслови во Купот на Италија, и три во Суперкупот на Италија. На Европската сцена, Рома го освоила Купот на саемски градови во сезоната 1961-1962 година, и била блиску до освојувањето на Европскиот куп на шампиони во сезоната 1983-1984 кога во финалето играно во Рим (на нивниот домашен терен) загубиле од Ливерпул по изведување на пенали со 4-2 откако по 120 минути резултатот бил нерешен 1-1. Исто така, Рома била финалист и во второто по важност европско натпрварување, Купот на УЕФА, кога во сезоната 1990-1991 биле поразени во двомечот од Интер.

Својте домашни натпревари екипата на Рома ги игра на Стадионот Олимпико. Истиот стадион е исто така дом и на нивниот градски и најголем соперник Лацио, со кого играат натпревари познати под името Дерби дела Капитале (превод на мак. Дербито на главниот град). Стадионот е со капацитет од над 72.000 места, и е втор по големина стадион во Италија, по Сан Сиро, којшто собира нешто повеќе. Во септември 2009 година клубот ги обелодени своите планови за изградба на нов стадион со капацитет од 55.000 места во западните предградија на Рим. Неговиот дизајн бил според моделот на англиските стадиони, сè со цел на навивачите да им се даде близок поглед на теренот, но сепак изградбата на новиот стадион сè уште не е започната.

Боите на клубот се бордо и златна, поради што клубот го добил прекарот Џалороси (превод на мак. жолто-црвени). Амблемот на клубот ги вклучува боите на клубот и волчицата, која асоцира на митот за Рим.

Историја уреди

 
Атилио Ферарис, капитенот на Рома за време на нивните формативни години.

ФК Рома била основана во летото 1927 година од Итало Фоски[1], кој бил главниот иницијатор за спојување на трите постари клуба од италијанската фудбалска лига: ФК Роман, СС Алба-Аудаче и Фортитудо-Про Рома СГС. Предлогот за спојување бил со цел да се создаде силен клуб во главниот град кој ќе може да им парира на веќе постоечките доминантни клубови од Северна Италија во тоа време. Лацио бил единствениот поголем клуб од Рим кој не бил приклучен во спојувањето поради интервенирањето на генералот на фашистичката полиција, Вакарио, член на клубот и главен на Фудбалската федерација на Италија во тоа време. Клубот своите први сезони ги играл на стадионот Мотовелодромо Апио[2], пред да ги заседне улиците на работничките класи во Тестачо, каде бил изграден стадионот Кампо Тестачо, и истиот бил отворен во ноември 1929 година.[3] Првата сезона од основањето во која Рома направила голем знак било првенството во сезоната 1930-1931, кога тие завршиле на втората позиција во лигата, зад Јувентус. Капитенот Атилио Ферарис заедно со Гидо Масети, Фулвио Бернарди и Родолфо Волк биле меѓу најважните играчи во текот на овој период.[4]

Прва титула и падот уреди

 
Екипата на Рома која го освоила првото скудето на клубот во 1942.

По падот кој го доживеала во лигата и заминувањето на клучните играчи, Рома го обновила тимот со купување на напаѓачи, како аргентинецот Енрике Гуаита.[5] Под тренерската палка на Лујџи Барнесино, римскиот клуб дошол многу блиску до првата титула во сезоната 1935-1936, но сепак морале да се задоволат само со второто место во лигата, завршувајќи со еден бод помалку зад шампионот Болоња.[6]

Рома се вратила во форма по неконсзистентните сезони во доцните 1930–ти. Во сезоната 1941-1942 со неочекуван триумф, Рома го освоила своето прво ''скудето'' во историјата на клубот. Со 18 постигнати гола Амедео Амедеи бил клучниот играч во оваа сезона за освојувањето на титулата која била од суштинско значење за тренерот на Рома, Алфред Шафер. Во тој период Италија учествувала во Втората светска војна и Рома играла на Стадионот на Националната Фашистичката Партија.[7]

Во периодот после војната, Рома не успеала да ја поврати формата од раните 1940-ти, па во следните пет сезони заземала место во втората половина на табелата, за на крај да подлегне и кон крајот на сезоната 1950-1951 да испадне во Серија Б, речиси по само едно десетлетие по освојувањето на титулата.[8][9] Под водство на идниот селектор на италијанската репрезентација, Џузепе Вијани, Рома изборила промоција и враќање во Серија А по само една сезона отсуство откако го освоиле првото место во Серија Б во сезоната 1951-1952.[10]

По враќањето во Серија А, Рома успеала да се стабилизира и повторно да се врати во средината на табелата со играчи како што биле Егисто Пандолфини, Дино Да Коста и данецот Хелге Броне. Најголемиот успех од одвој период клубот го забележал под водство на англичанецот Џеси Карвер, кога во сезоната 1954-1955 завршиле првично на третото место, зад шампионот Милан и Удинезе, кој подоцна бил осуден за корупција и исфрлен во понизок ранг на натпреварување со што Рома го заземала второто место. Меѓутоа Рома не била способна да се пробие повторно во првите четири додека траело ова десетлетие, по што тие требало да преземат некои мерки за да постигнат успех во куповите. Во сезоната 1960-1961 Рома за првпат ја имала честа да игра надвор од Италија, учествувајќи во Купот на саемските градови којшто и го освоиле, победувајки го англискиот Бирмингем Сити во финалето со 4-2.[11] Неколку години подоцна Рома го освоила и својот прв наслов во Купот на Италија во сезоната 1963-1964, победувајќи го Торино во финалето со 1-0.[12]

Во сезоната 1964-1965 Рома доживеала силен пад кога тренерот Хуан Карлос Лоренцо изјавил дека клубот не може да ги исплати своите играчи и било веројатно дека нема да можат да отпатуваат за Виченца за да го одиграат нивниот натпревар. Навивачите се грижеле за клубот со тоа што започнале да собираат средства во Систинскиот театар и банкротот бил спречен со избирање на новиот претседател на клубот, Франко Евангелисти.

Во сезоната 1968-1969 Рома го освоила својот втор Куп на Италија кога се натпреварувале во мала лига како систем. За време на 1969 година, Џакомо Лоси поставил нов рекорд за Рома со 450 настапи во сите натпреварувања. Овој рекорд што тој го поставил траел 38 години (кога бил надминат од Франческо Тоти).

Период на различна среќа уреди

 
Капитенот Џакомо Лоси (лево) со пехарот од Купот на саемските градови во 1961 година.

Во 1972 година Рома додала уште еден куп во својата колекција, со победата со 3-1 над Блекпул во Англо-италијанскиот куп.[13] Поголемиот период од 1970-те, појавувањето на Рома во горната половина од табелата во Серија А било спорадично. Најдобрата позиција на табелата која ја достигнал клубот за време на оваа деценијата била третата, во сезоната 1974-1975. Во овој период од клубот излегле значајни играчи меѓу кои посебно се истакнуваат играчите од средниот ред Џанкарло Де Систи и Франческо Рока.

Со освојувањето на уште еден Куп на Италија во сезоната 1979-1980, со победата над Торино во пенали, се осветлила една нова успешна ера во историјата на фудбалот на Рома. Рома ќе го достигне врвот во лигата, којшто го немале допрено од 1940-тите години, но сепак на крајот тесно и контроверзно завршиле на второто место зад Јувентус во сезоната сезоната 1980-1981.[14] Во тоа време, поранешниот фудбалер на Милан, Нилс Лидхолм, бил тренер, а меѓу истакнатите играчи биле Бруно Конти, Агустино Ди Бартоломеј, Роберто Пруцо и Фалкао.[15]

Сепак, по оваа одлична сезона Рома не морала многу да чека на своето второ скудето. Во сезоната 1982-1983 римскиот клуб ја освоил титулата после 41 година чекање, по што уследила голема веселба во центарот на главниот град. Во сезоните коишто следувале Рома го заземала второто место во Италија и ја освоила титулата во Купот на Италија (во 1984 и 1986),[12] а исто така била финалист во Европскиот куп на шампиони во 1984 година.[16] Во финалето на Европскиот куп со тие играле против англискиот Ливерпул во натпревар што завршил без победник 1-1 по 90 минути игра, Пруцо го постигнал изедначувачкиот гол за Рома со што го анулирал раното водтсво на англичаните кој повеле со голот на Нил, но сепак Рома загубила по изведувањето на пенали со 4-2.[16] Успешната серија на Рома во 1980-тите завршила со освојувањето на второто место во Серија А во сезоната 1984-1985 и освојување на Купот на Италија, со победа над Сампдорија со 3-2.

После тоа, започнал компаративен пад во лигата, еден од неколкуте издигнувања во лигата било и освојувањето на третото место во сезоната 1987-1988. Во почетокот на 1990-тите, Рома била дел од се-италијанското финале на Купот на УЕФА, каде што загубила од Интер со 2-1 во 1991 година.[17] Истата сезона клубот го освои седмиот Куп на Италија и го загубиле Суперкупот на Италија од Сампдорија. И покрај тоа што играле во уште едно финале на Купот на Италија во кое биле поразени од Торино во 1993,[12] остатокот од деценијата не бил баш најуспешен за Рома, особено во лигата каде успеале да достигнат само до четвртото место во Серија А 1997-1998.[8] Во раните 1990-ти клубот го вклучува во првиот тим напаѓачот од младинската школа Франческо Тоти кој подоцна ќе биде еден од битните членови во клубот, капитен и клупска икона.

Во новиот милениум уреди

2000-2010 уреди

 
17 јуни 2001 година - Рома-Парма 3-1 - натпреварот во кој Рома го освоила своето трето скудето

Рома се вратила во одлична форма на почетокот на 2000-те, започнувајќи ја деценијата во одличен стил со освојување на третата титула шампион на Италија во сезоната 2000-2001. Скудетотo го освоиле во последното коло од сезоната со победата над Парма од 3-1, останувајќи на крајот од првенството на врвот со два бода повеќе од Јувентус.[8] Капитенот на екипата, Франческо Тоти бил една од одлучувачките фигури за освојувањето на титулата а подоцна ќе стане и една од најбитните личности во историјата на клубот, соборувајќи неколку клупски рекорди.[15]. Меѓутоа покрај својот каитен, Рома исто така во тој период имала одлична екипа која содржела искусни и проверени играчи како Алдаир, Кафу, Венсан Кандела, Габриел Батистута и Винченцо Монтела.[18][19] Во следната сезона клубот се обидел да ја одбрани титулата, но останале само на второто место со еден бод помалку од шампионот, Јувентус.[8] Тоа бил почетокот на еден период во кој Рома неколкупати завршувала на второто место во Серија А, но исто така загубиле и две финалиња во Купот на Италија: во сезоната 2002-2003 од Милан со вкупни 3-6 по двата финални натпревари, и во сезоната 2004-2005 од Интер со вкупни 3-0.

 
Франческо Тоти, со пехарот од Купот на Италија 2007-2008.

На 9 јули 2006, играчите на Рома Франческо Тоти, Даниеле Де Роси и Симоне Перота биле дел од италијанската репрезентација која ја победила Франција во финалето на Светското првенство 2006.[20] Скандалот за местење на натпревари во Серија А, кој бил откриен за време на летото 2006 година, според истражувањата не ја опфатил Рома бидејќи тие биле една од екипите коишто не биле вмешани. По казнувањата редоследот на табелата за сезоната 2005-2006 бил изменет со првобитниот, а Рома напредувала сè до второто место зад административниот шампион Интер, како единствените две екипи од врвот кој не се соочиле со санкции.[21] Во истата сезона, Рома повторно била во финалето на Купот на Италија каде загубила одново од Интер со вкупни 4-2. Во следните две сезони, Рома завршила како втора во Серија А, што значело дека во текот на 2000-тите Рома се наоѓала на првите две позиции многу повеќе од која и да било друга деценија во нејзината историја. Во меѓувреме во Лигата на шампионите во текот на двете сезони, Рома стигнала до четвртфиналето, пред да биде елиминирана од Манчестер Јунајтед. И покрај слабиот почеток во Лигата на шампионите во сезоната 2008-2009, Рома стигнала до нокаут фазата завршувајќи пред Челси во групата, со што за првпат во нејзината историја го освоила првото место во својата група во групната фаза од Лигата на шампионите. Сепак, Џалоросите загубиле во нокаут фазата од Арсенал на пенали, со што го заврши своето понатамошно натпреварување.

По разочарувачкиот почеток во сезоната 2009-2010, Клаудио Раниери го заземал местото на Лучано Спалети на тренерската клупа. За време на промената, Рома се нашла на дното од табелата, откако загубила од Јувентус и Џенова. И покрај овој неуспех, Рома ќе забележи 24 последователни победи во лигата, каде што во последниот од 24-те натпревари со 2-1 ќе го совлада градскиот соперник Лацио, натпревар во кој Рома направила целосен пресврт по негативата со 1-0 на полувремето.[22] "Џалоросите" биле на еден бод од врвот на табелата, пред да го загубат натпреварот од Сампдорија. Рома повторно и во оваа сезона ќе заврши на второто место, како во Серија А, така и во Купот на Италија. Со ова била заокружена успешната деценија во историјата на Рома, која дошла по неколкуте просечни резултати во 1990-те. За време на 2000-те Рома успеала да го освои скудетото, два трофеја во Купот на Италија и нејзините две први титули во Суперкупот на Италија. Меѓу другите успеси коишто се вбројуваат во историјата на Рома во ова деценија се и враќањето во четвртинафиналиња во Лигата на шампионите на УЕФА (во сезоните 2007-2008 и 2008-2009) за првпат уште од финалето во 1984, шестте второпласирани пласмани во лигата, учество во четири финални натпревари во Купот на Италија и три финални натпревари во Суперкупот на Италија, што ја прави деценијата најуспешна во историјата на клубот.

Претседатели уреди

Низ историјата Рома имала многубројни претседатели кои биле на чело на овој клуб, некој од нив биле и сопственици, а некој почесни претседатели. Франко Сенси бил претседател сè до неговата смрт во 2008 година, кога неговата ќерка Росела Сенси го заземала неговото место.[23][24] Еве ја комплетната список на претседатели на Рома од 1927 година па сè до ден денес.[24]

 
Име Години
Итало Фосчи 1927–28
Ренато Сакердоти 1928–34
Виторио Сиалоха 1934–36
Игино Бетини 1936–41
Едгардо Базини 1941–43
Пиетро Балдасаре 1943–49
Пјер Карло Рестањо 1949–52
Ромоло Васели 1952
Ренато Сакердоти 1952–53
Ренато Сакердоти 1953–58
Анаклето Џани 1958–62
Франческо Марини Детина 1962–65
Франко Евангелисти 1965–68
 
Име Години
Франческо Ранучи 1968–69
Алваро Марчини 1969–71
Гаетано Анзалоне 1971–79
Дино Виола 1979–91
Флора Виола 1991
Џузепе Кјарапико 1991–93
Чиро ди Мартино 1993
Франко Сенси 1993–08
Росела Сенси 2008–11
Роберто Капели 2011
Томас Р. ДиБенедето 2011-2012
Џејмс Палота 2012-

Тренери уреди

Голем број на тренери поминале низ историјата на Рома, еве ја хронолошката листа од 1927 година па наваму:.[10]

 
Пауло Фонсека, моменталниот тренер на Рома.
 
Име Нац. Години
Вилијам Гарбт   1927–29
Гвидо Бакани   1929–30
Херберт Берџес   1930–32
Ласло Бар   1932–33
Лајош Ковач   1933–34
Лујџи Барбезино   1934–38
Гвидо Ара   1938–39
Алфред Шафер   1939–42
Геза Кертес   1942–43
Гвидо Масети   1943–45
Џовани Дењи   1945–47
Имре Шенкеј   1947–48
Лујџи Брунела   1948–49
Флувио Бернарди   1949–50
Адолфо Балончери   1950
Пјетро Сератони   1950
Гвидо Масети   1950–51
Џузепе Вијани   1951–53
Марио Варљен   1953–54
Џеси Карвер   1954–56
Џерџ Шароши   1956
Гвидо Масети   1956–57
Алек Сток   1957–58
 
Име Нац. Години
Гунар Нордал   1958–59
Џерџ Шароши   1959–60
Алфред Фони   1960–61
Луис Карниља   1961–63
Наим Кријезију   1963
Алфредо Фони   1963–64
Луис Миро   1964–65
Хуан Карлос Лоренцо   1965–66
Оронцо Пуљезе   1966–68
Еленио Ерера   1968–70
Лучано Тесари   1970
Еленио Ерера   1971–72
Тонино Требичани   1972–73
Нилс Лајдхом   1974–77
Густаво Џањони   1978–79
Феруџо Вагареџи   1979–80
Нилс Лајдхолм   1980–84
Свен Горан Ериксон   1984–86
Анџело Зомани   1986–88
Нилс Лајдхолм   1988
Лучано Спинози   1988–89
Џиџи Радиче   1989–90
Отавио Бјанки   1990–92
 
Име Нац. Години
Вујадин Бошков   1992–93
Карло Мацоне   1993–96
Карлос Бјанки   1996
Нилс Лајдхолм   1996
Ецио Села   1996
Здењек Земан   1997–99
Фабио Капело   1999–04
Чезаре Прандели   2004
Руди Фелер   2004
Лујџи Дел Нери   2004–05
Бруно Конти   2005
Лучано Спалети   2005–09
Клаудио Раниери   2009–11
Винченцо Монтела   2011
Луис Енрике   2011–12
Зденек Земан   2012–13
Аурелио Андрејацоли   2013
Руди Гарсија   2013-2016
Лучано Спалети   2016-2017
Еузебио Ди Франческо   2017-2019
Клаудио Раниери   2019
Пауло Фонсека   2019-

Играчи уреди

Моментален состав уреди

Обновено на 23 септември 2019.[25]
Бр. Позиција Играч
2   ОД Давиде Ѕапакоста
4   СР Брајан Кристанте
5   ОД Жуан Жезус
6   ОД Крис Смолинг
7   СР Лоренцо Пелегрини
8   НП Диего Пероти
9   НП Един Џеко
11   ОД Александар Коларов
13   ГМ Пау Лопес
15   ОД Мерт Четин
17   НП Џенгиз Ундер
18   ОД Давиде Сантон
19   НП Никола Калиниќ
20   ОД Федерико Фацио
Бр. Позиција Играч
21   СР Жордан Верету
22   СР Николо Ѕаниоло
23   ОД Џанлука Манчини
24   ОД Алесандро Флоренци  
27   СР Хавиер Пасторе
28   ОД Вилијам Бианда
37   ОД Леонардо Спинацола
42   СР Амаду Дијавара
48   НП Мирко Антонучи
63   ГМ Даниел Фузато
77   НП Хенрих Мхитарјан
83   ГМ Антонио Миранте
99   НП Џастин Клајверт

Играчи рекордери уреди

Извор:Yearbook 2014

Играчи со најмногу настапи за клубот уреди

М. Играч Во клубот Натпревари
1   Франческо Тоти 1992–2017 786
2   Даниеле Де Роси 2001–2019 616
3   Џакомо Лоси 1954-1969 455
4   Џузепе Џанини 1981-1996 437
5   Алдаир 1990-2003 436
6   Серџо Сантарини 1964-1978 431
7   Бруно Конти 1973–1975, 1976–1991 402
8   Себастијано Нела 1981–1993 397
9   Франко Танкреди 1978–1990 385
10   Гвидо Масети 1930–1943 364

Играчи со најмногу постигнати голови за клубот уреди

М. Играч Во клубот Број на голови
1   Франческо Тоти 1992–2017 307
2   Роберто Пруцо 1978-1988 138
3   Амадео Амадеи 1936-1948 111
4   Родолфо Волк 1928-1933 106
5   Педро Манфредини 1959–1965 104
6   Винченцо Монтела 1999–2006, 2008–2009 102
7   Един Џеко 2015- 91
8   Абел Балбо 1993–1998, 2000–2002 87
9   Марко Делвекио 1995–2005 81
10   Дино Да Коста 1955–1960, 1961–1962 79

Освојувачи на титули уреди

Светски шампиони уреди

Повлечени броеви уреди

Следниве броеви на дресовите се повлечени од употреба во екипата на Рома во чест на следниве играчи :

Стручни кадри уреди

 
Позиција Персонал
Тренер   Еузебио Ди Франческо
Помошен тренер   Франческо Томеи
Тренер на голмани   Марко Саворани
Асистент тренер   Данило Пјерини
Тренер за физичка кондиција   Никандро Визоко
Тренер за физичка кондиција   Манрико Ферари
Тренер за физичка кондиција   Лука Франчески
Раководител на здравствен персонал   Андреја Каузарано
Доктор   Рикардо Дел Весково
Физиотерапевт   Дамјано Стефанини
Менаџер на тимот   Морган Де Санктис

Статистики на клубот и рекорди уреди

 
Историски позиции на ФК Рома во Серија А.

Франческо Тоти го држи официјалниот рекорд на Рома со 496 изиграни натпревари ( до Март 2008) во сите натпреварувања, во текот на 15 сезони од 1992 година па сè до ден денес [1]. Тој, исто така, го држи и рекордот во Серија А со 388 одиграни натпревари, со тоа што на 1 март 1998 година го надмина рекордот на Џакомо Лоси за време на натпреварот со Парма, одигран на домашен терен. Вклучувајќи ги сите натпреварувања, Франческо Тоти е најдобриот голгетер на Рома со деадени 195 голови, од кои 159 ги има постигнато во Серија А ( што е уште еден рекорд за Рома ). Роберто Прузо го држеше рекордот сè до 1988 година со 136 постигнати голови во сите натпреварувања. Во сезоната 1930-31 Родолфо Волк постигна 29 гола во текот на оваа сезона, и не само што постави свој сопствен рекорд , тој го постави и рекордот на Рома со најмногу дадени голови во една сезона , рекорд којшто не е срушен до ден денес. Најбитните создавачи на Рома, Фортитудо и Алба беа пренесени во крајот на кампањата 1926-27, и нововформираната Рома требаше да земе учество во првенството на јужната прва девизија ( Серија Б ), за нејзината инаугуративна сезона. Сепак ФИГЦ одлучи специјално да ја прошири првата лига признавајки ја повторно ФК Рома како ССЦ Наполи. Првото официјално учетво на Рома беше во Националната девизија , претходникот на Серија А, во сезоната 1927-28, против Ливорно и издвои победа со резултат 2-0. Најголемата победа на Рома е против Кремонезе со 9-0 во сезоната 1929-30 на Серија А, а најголемиот пораз што го има претрпено е 7-0, и тоа трипати: еданш од Јувентус во сезоната 1931-32, потоа од Торино во 1947-48 и против Манчестер Јунајтед во 2006-07.

Бои, амблем и прекари уреди

Боите на Рома, темноцрвена и златножолта, се традиционалните бои на вечниот град Рим, официјалниот печат на Општината Рим се одликува со истите бои [2]. Златната боја го симболизира Бог во католицизмот, додека пак темно-црвената боја го претставува царското достоинство. Како по обичај, белиот шорц и црните чорапи ги комбинираат со темноцрвени дресови, мегутоа , особено во битните натпревари, шорцот и чорапите се во иста боја со домашниот дрес. Самиот комплет беше носен од оригиналниот римски фудбалски клуб, кој беше еден од трите клуба кои се споија во 1927 година за да ја формират денешната Рома. Поради боите што ги носат на себе, играчите на Рома се наречени Giallorossi , што значи жолто-црвени. Далеку од тоа дека белите комплети се традиционални, но тие се едната третина од комплетите што ги менуваат играчите од време на време. Можеби поради модерниот спортси маркетинг златниот трим и некои детали, во текот на годините се заменети со светлопортокалово. Во модерните колекции како алтернативи се вклучени сите портокалови и портокалово-канелени верзии . Популарниот прекар на клубот им е волци, животно кое што секогаш се наоѓало на амблемот на клубот, но со различни форми во текот на историјата. Моментално амблемот е оној којшто беше употребен првпат кога Рома била создадена. На него е претставена волчицата со двајцата брака близнаци, Ромул и Рем, со кој се илустрира митот за тоа како настанал Рим, ставени на бипатриден златножолт заокружен со црвеноканелен штит.

 
Амблемот на Рома користен од 1979 година до 1997 година и бил користен за нивниот трет дрес за сезоната 2010-2011.

Во митот од кадешто клубот го има земено прекарот и логото, близнаците (од татко Марс и мајка Реја Силвија ) биле фрлени во реката од нивниот чичко Амулиус, а таа т.е волчицата ги спасила и се грижела за нив. Откога му се одмаздиле на Амилиус, близнаците се скарале. Ромул го убил Рем и бил прогласен за крал на новосоздадениот град, кој во чест на неговиот брат бил наречен Рим.

 
Амблемот на Рома од 1997 до 2013

Спонзори на дресови и изработувачи уреди

Период Изработувач на опремата Спонзор на дресот
1970–71 Лакост Нема
1972–76 Нема
1977–79 Адидас
1979–80 Поучеин
1980–81 Плајграунд
1981–82 Барила (Тестенини)
1982–83 Патрик
1983–86 Капа
1986–91 NR
1991–94 Адидас
1994–95 Асикс Нуова Тирена (Осигурителна компанија)
1995–97 ИНА (Осигурителна компанија)
1997–00 Дијадора
2000–02 Капа
2002–03 Мазда (Автомобили)
2003–05 Дијадора
2005–06 Италијанска Банка
2006–07 Нема
2007–13 Капа Wind (Телекомуникации)
2013–14 In-house production Roma Cares (добротворна организација)
2014–18 Најк Никој
2018–21 Qatar Airways (авиокомпанија)

Навивачи уреди

 
Нвивачите на Рома на Олимпико.

Рома е петтиот најподдржуван фудбалски клуб во Италија - зад Јувентус, Интер, Милан и Наполи - со околу 7% од италијанските фудбалски навивачи според статистиката направена од институтот Doxa и истражувањето на Espresso во април 2006.[26] Историски гледано, најголемиот дел од навивачите на Рома во градот Рим доаѓаат од внатрешноста на градот, особено од Тестачо.[3]

Традиционалната група на ултраси на клубот била Commando Ultra Curva Sud,[27] или скратено CUCS. Оваа група била формирана со спојување на повеќе мали групи и се сметала за една од најстарите во историјата на Европскиот фудбал.[27] Како и да е, во средината на 1990-тите CUCS била узурпирана од влијанието на соперниците и на крајот се распаднала. Во тој период Curva Sud на Стадионот Олимпико била контролирана од страна на повеќе десничарски групи,[27] како што биле A.S Roma Ultras, Boys, Giovinezza и други. Најстарата група Fedayn не е политичка и сепак политиката не е основен идентитет Рома, само дел од нејзиниот целосен идентитет. Покрај ултрасите, се верува дека навивачите на Рома ја поддржуваат левицата, наспроти поддржувачите на Лацио, кои се значително горди на нивната десничарска припадност.[28] Во септември 2009 клубот ги обелодени плановите за изградба на нов стадион со капацитет од 55.000 седишта кој ќе се наоѓа во западните предградија на Рим.

Најпознатата химна и мото на клубот е "Рома", позната и како "Рома ,Рома", испеана од Антонио Вендити. Насловот грубо вели дека Рома не треба да се доведува до прашање, таа треба да биде сакана и се пее пред секој натпревар, а песната "Grazie Roma", од истиот пејач, се слуша на крајот од секој победен натпревар на домашен терен. Неодамна, главниот рефрен од песната на The White Stripes, "Seven Nation Army" исто така има широка популарност на натпреварите.[29]

Конфликти со англиските навивачи уреди

Во последниве неколку години имаше многубројни конфликти помеѓу навивачите на Рома и навивачите англиските клубови, што укажува на очигледна одбивност за англиските навивачи во некои поддржувачи на Giallorossi. Една од причините која го следи ова е поразот од Ливерпул во 1984 година во Европскиот Куп на Стадионот Олимпико и последователното насилство надвор од стадионот, коешто доведе до тоа неколку навивачи на Ливерпул да бидат прободени со нож [3] Архивирано на 13 април 2013 г.. Уште тогаш во Рим имало повеќе случаи кога некои навивачи на англиски клубови биле нападнати и избодени, вклучувајќи ги инцидентите во 2001 кога Ливерпул ја посети Рома двапати и последователните судири со навивачите на Миделсбро во 2006 и со навивачите на Манчестер Јунајтед во 2007. Во март 2009 автобусот со навивачи на Арсенал бил нападнат од ‘ Ultras ‘, навивачка група на Рома, уште однадвор на стадионот Олимпико. Прозорците на автобусот биле скршени и дури едно лице успеало да влезе во возилото отпуштајки одблесок и пребодил навивач со нож во коленото. Арсенал имаше испратено совети до нивните навивачи на кој начин да ги избегнат правците преземени од Ultras навивачката група на Рома [4].

Соперништва уреди

Во италијанскиот фудбал, Рома е клуб којшто има многу соперништва. Па да ги претставиме по ред:

Прв и основен соперник на Рома е нивниот градски соперник Лацио, клуб со којшто го делат Стадионот Олимпико. Дербито помеѓу овие два клуба се нарекува Дерби дела Капитале (во превод значи Дерби на главниот град), и тоа е едно од највозбудливите и емоционалните соперништва во светот. За време на фудбалските натпревари во минатото биле забележани повремени случаи на насилство вклучувајќи ја и смртта на навивач на Лацио, Винченцо Папарели во сезоната 1979-1980, која што настапила како резултат на одблесок пуштен за итни случаи. Во март 2004, следејќи ги неоснованите гласини на фаталност, довеле до прекинување на натпреварот и насилство надвор од стадионот. Досега двата тима одиграле преку 200 официјални натпревари, а Рома е засега поуспешна со 20 победи повеќе. Интересно досега двата клуба не се сретнале во ниту едно европско меѓународно натпреварување. Статистиката моментално изгледа вака:

Натпревари Победи
Лацио
Нерешени Победи
Рома
Голови Лацио Голови Рома
Серија А 149 37 58 54 143 189
Дивизионе Национале 2 1 0 1 2 2
Вкупно првенство 151 38 58 55 145 191
Куп на Италија 20 7 3 10 21 24
Вкупно официјални натпревари 171 45 61 65 166 215

Со Наполи, Рома исто така има свое дерби кое е наречено Дерби дел Соле (што во превод би значело Дерби на Сонцето). Соперништвото меѓу овие два клуба е посебно изразено во последните години, откако двата клуба се издвоиле како најголеми конкуренти на шампионот Јувентус во периодот 2013-2018, водејќи голема битка меѓусебе за второто место на табелата кое во споменатиот период постојано го освојувала една од овие две екипи, додека другата завршувала како трета.

Денеска, навивачите на Рома, за свои соперници ги сметаат и гигантите од Серија А, како што се Јувентус (соперништво кое се развило во текот на 1980-тите), и миланските клубови Милан и Интер (кое се зголемило во почетокот на новиот милениум), бидејќи овие четири клуба се натпреварувале за првите четири места во табелата за да обезбедат место во Лигата на шампионите.[27] Соперништвото со Интер добило силни размери во втората половина на 2000-тите, кога Нероаѕурите и Џалоросите се натпреварувале за титулите во речиси сите национални натпреварувања.[30] Иако некогаш навивачите на Рома и оние на Милан биле збратимени, денес и нивните односи не се пријателски: меѓу причините е трагичната смрт на навивачот на Рома Антонио Де Фалчи, која се случила во 1989 година, по тепачката на групата ултраси со росонерите.[31]

Титули уреди

  Домашни уреди

 
Фреската на Франческо Тоти насликана по сезоната 2001-02 година во чест на нивната трета титула
1941–1942; 1982–1983; 2000–2001
1963–1964; 1968–1969; 1979–1980; 1980–1981; 1983–1984; 1985–1986; 1990–1991; 2006–2007; 2007–2008
2001, 2007
1951–52

  Меѓународни уреди

1960–1961
1971–1972

Младински натпреварувања уреди

1972-1973, 1973-1974, 1977-1978, 1983-1984, 1989-1990, 2004-2005, 2010-2011, 2015-2016
1973-1974, 1974-1975, 1993-1994, 2011-2012, 2016-2017
2012, 2016
1981, 1983, 1991

ФК Рома како компанија уреди

Од 1999 година , кога Франко Сенси беше на функција, спортската асоцијација Рома беше акционерско друштво.Моментално акциите на Рома се поделени мегу: 67,1% на Compaigna Italpetroli SpA ( холдингот на фамилијата Сенси ); 2,7% на Banca Monte dei Paschi di Siena SpA; 2,5% на Данило Копола и 27,7% на други акционери. Зедно со Лацио и Јувентус, Волците се еден од трите италијански клубови кои котираат на Borsa Italiana ( Италијанска берза ). Според Фудбалската лига на парите, објавена од консултантите на Deloitte, во сезоната 2005-06, Рома го заземаше високото дванаесетто место со остварен приход од 127 милиони евра. По неколку месеци шпекулирање, во април 2008година, Џорџ Сорос беше задолжен од Росела Сенси,на фудбалскиот клуб Рома од италијанската фудбалска асоцијација, Серија А, да биде наддавач за откуп [5]. Понудата за откуп последователно беше одбиена од фамилијата Сенси, кои наместо да го продадат сакаа да ја задржат сопственоста. По долго боледување, на 17 август 2008 претседателот и сопственикот на клубот, Франко Сенси, почина. Неговото место во претседавањето последователно и беше преземено од неговата ќерка, Росела Сенси.

Суперлига формула уреди

ФК Рома има тим во новата Суперлига формула, серија тркачки автомобили, каде што тимовите се спонзорирани од фудбалските клубови. Моменталниот возач на СА Рома е поранешниот возач на IndyCar Series, Франк Перера. Тимот има објавено три подиуми и моментално е управуван од Alan Dockin Racing.

Наводи уреди

  1. „La Storia“. asroma.it (италијански). AS Roma. Архивирано од изворникот на 23 December 2007.
  2. „A.S. Roma“. AlbionRoad.com. 24 јуни 2007. Архивирано од изворникот на 14 April 2008.
  3. 3,0 3,1 „Campo Testaccio“. Viva la Roma. 24 June 2007.
  4. „Attilio Ferraris“. Viva la Roma. 24 June 2007.
  5. „Tutti i calciatori dell'A.S. Roma“. Viva la Roma. 24 June 2007.
  6. „1935–'36: Io Faccio I Gol Non La Guerra!“. ASRomaUltras.it. 24 јуни 2007. Архивирано од изворникот на 22 октомври 2007.
  7. „I Campi da Gioco“. ASRomaUltras.it. 24 јуни 2007. Архивирано од изворникот на 7 август 2007.
  8. 8,0 8,1 8,2 8,3 Modena, Panini Edizioni (2005). Almanacco Illustrato del Calcio – La Storia 1898–2004.
  9. „Italy 1951–52 – Serie B“. Rec.Sport.Soccer Statistics Foundation. 24 јуни 2007. Архивирано од изворникот на 9 May 2007.
  10. 10,0 10,1 „Gli Allenatori dell'A.S. Roma dal 1927 al Oggi“. Viva la Roma. 24 June 2007.
  11. „Inter-Cities Fairs Cup 1960–61“. Rec.Sport.Soccer Statistics Foundation. 24 June 2007.
  12. 12,0 12,1 12,2 „TIM Cup – Coppa Italia“. Vilacom Sports. 24 June 2007. Архивирано од изворникот на 27 September 2011.
  13. „Anglo-Italian Cup 1972“. Rec.Sport.Soccer Statistics Foundation. 24 јуни 2007. Архивирано од изворникот на 29 May 2014.
  14. „Roma – Juventus: A Historical Look“. Goal.com. 24 June 2007. Архивирано од изворникот на 1 December 2008.
  15. 15,0 15,1 „A.S. Roma Legends“. LaRoma-Online.com. 24 јуни 2007. Архивирано од изворникот на 11 октомври 2007.
  16. 16,0 16,1 „Season 1983–84“. European Cup History. 24 June 2007.
  17. „Roma – Inter: A Historical Look“. Goal.com. 24 June 2007. Архивирано од изворникот на 1 December 2008.
  18. „Team 2000-2001“. Архивирано од изворникот на 2007-11-14. Посетено на 2011-01-20.
  19. „A.S. Roma 2000–2001“. Italica RAI. 24 јуни 2007. Архивирано од изворникот на 14 ноември 2007.
  20. „Football – World Cup 2006 – Zidane off as Italy win World Cup“.
  21. Punishments cut for Italian clubs bbc.co.uk
  22. „A Tribute To Claudio Ranieri's Coconuts – The Offside – AS Roma blog“. Roma.theoffside.com. 19 април 2010. Архивирано од изворникот на 20 February 2012. Посетено на 19 February 2012.
  23. „Roma, Rosella è presidente“. La Gazzetta dello Sport (италијански). RCS MediaGroup. 28 August 2008. Посетено на 21 August 2017.
  24. 24,0 24,1 „I presidenti dell'A.S. Roma dall 1927 ad oggi“. Viva la Roma. 8 June 2007.
  25. „Players and Staff“. A.S. Roma. 8 September 2018. Архивирано од изворникот на 2021-03-26. Посетено на 8 September 2018.
  26. L'altra metà del pallone: Supporters of football clubs in Italy“. L'Expresso. April 2006. Архивирано од изворникот на 6 April 2009.
  27. 27,0 27,1 27,2 27,3 „Italian Ultras Scene“. View from the Terrace. 29 June 2007. Архивирано од изворникот на 8 May 2009.
  28. Impiglia, Christopher. „Why Roma-Lazio Is One of World Football's Fiercest Rivalries“.
  29. 'Seven Nation Army' coro dei tifosi romanisti“. Indie-Rock.it. 29 јуни 2007. Архивирано од изворникот на 17 септември 2007. Посетено на 20 септември 2007.
  30. Andrea Sorrentino (6 февруари 2011). „Inter e Roma, il lungo brivido stavolta si sceglie la sfidante“. la Repubblica. Посетено на 29 март 2018.
  31. Piero Colaprico e Fabrizio Ravelli (6 јуни 1989). „Killer da stadio con tessera“. la Repubblica. Посетено на 29 март 2018.

Надворешни врски уреди