Знамето на Тонга е официјалното знаме на оваа океанска држава усвоено на 4 ноември 1875 година. Знамето е составено од црвена позадина со бел кантон и црвен крст. Првично ова знаме било исто со знамето на Црвениот крст, односно бела поздина со црвен крст во средината. За да не се мешаат знамињата, Тонга го променила дизајнот во сегашниот. Ова знаме било во употеба уште од 1864 година, но официјално било усвоено во 1875 година.


Знаме на Тонга
}}
Употреба граѓанско, државно и пловно знаме граѓанско и државно знаме, граѓанска и државно поморско знаме Национален симбол на Тонга.
Сразмер 1:2
Усвоено 4 ноември 1875
Опис црвена позадина со бел кантон и црвен крст.

Галерија уреди

Поврзано уреди