Живко Николовски (1937, Слепче) — македонски писател.

Животопис уреди

Живко Николовски е роден во 1937 година во прилепското село Слепче. Во родното место го завршил основното образование, а учителска школа во Битола. Дипломирал на Педагошката академија во Штип, на групата за одделенска настава. Живее во Велес, каде работел како наставник во основното училиште „Васил Главинов“.[1]

Творештво уреди

Николовски претежно пишува поезија за деца. Неговите песни се објавени во повеќе списанија за деца во СФР Југославија. Негови најпознати поетски збирки се „Крајот на војната“, „Рамка за слики“ и „Низа ситно нанижана“, сите објавени од издавачката куќа Детска радост.[2]

Наводи уреди

  1. „Белешка за писателот“, во: Живко Николовски, Низа ситно нанижана. Скопје: Детска радост, 1985, стр. 56.
  2. „Белешка за писателот“, во: Живко Николовски, Низа ситно нанижана. Скопје: Детска радост, 1985, стр. 56.