Крајот на војната

„Крајот на војната“ (српскохрватски: Крај рата) — филм на режисерот Драган Кресоја од 1984 година. Главните улоги ги играат: Велимир Бата Живоиновиќ, Горица Поповиќ, Неда Арнериќ, Александар Берчек и Мирољуб Лешо.[1]

Синопсис уреди

Дејствието на филмот се одвива во последните денови на Втората светска војна, во услови на целосен хаос и безнадежност. Еден татко, заедно со својот преживеан осумгодишен син, тргнува во потрага по убијците на својата жена. Притоа, тој ги бара злосторниците врз осмова на една фотографија што ја направиле самите тие. Тој успева, еден по еден, да ги пронајде и да ги убие злосторниците, а кулминацијата на дејството доаѓа во првите денови од ослободувањето.

Наводи уреди