Европска економска област

Европската економска област (ЕЕО) била основана на 1 јануари 1994 година, вр основа на договорот меѓу земјите-членки на Европската асоцијација за слободна трговија (ЕФТА) и Европската заедница, односно Европската Унија. Овој договор дозволува Исланд, Лихтернштајн и Норвешка да учествуваат во внатрешниот пазар на ЕУ без редовно членство во ЕУ. За возврат, тие се обврзани да ги усвојат сите закони на ЕУ кои се поврзани со единствениот пазар, освен законите поврзани со земјоделството и рибарството. Притоа, една од членките на ЕФТА, Швајцарија, не се приклучила на ЕЕО.

The EEA area as of 2010
ВидЕдинствен пазар
Воспоставена1994
Членки
Владеење
ОсновиДоговор за EEО
ИнституцииСовет на EEО
Европска Комисија
EFTA SA
ЕСП
Суд на EFTA
Поврзана соЕвропска Унија
Слободна трговска зона на Европа
Статистики
Пипулација (2012)508.833.961
Област4.944.753 км²
БДП (2011)€13 трилиони
$18 трилиони[1]

Основање на ЕЕО уреди

Кон крајот на 1980-тите, земјите-членки на ЕФТА, предводени од Шведска, почнале да ги разгледуваат можностите да се приклучат на тогашната Европска заедница. Во меѓувреме, Жак Делор, кој тогаш бил претседател на Европската комисија, бил противник на идејата за проширување на ЕЕЗ, плашејќи се дека тоа ќе ја спречи способноста на Заедницата да ги заврши реформате на внатрешниот пазар и да го основа монетарниот сојуз. Оттука, во јануари 1989 г., Делор предложил да се основа Европски економски простор(ЕЕП) кој подоцна бил преименуван како Европска економска област(ЕЕО).

Договорот за ЕЕО бил потпишан во Порто, на 2 мај 1992 г., од страна на седумте земји-членки на ЕФТА и Европската заедница (ЕЗ) со нејзините тогашни 12 земји-членки, а ЕЕО официјално била формирана во 1994 година. На 6 декември 1992 г., швајцарските гласачи ја одбиле ратификацијата на договорот, делотворно замрзнувајќи ја апликацијата за членство во ЕУ која била подадена истата година. На 1 јануари 1995 г., три поранешни членки на ЕФТА - Австрија, Финска и Шведска - станале членки на Европската Унија, а учеството на Лихтернштајн во ЕЕО било одложено до 1 мај 1995 г. Денес, договорни страни на ЕЕО се ЕУ и нејзините 27 земји-членки плус Исланд, Лихтенштајн и Норвешка.

Права и обврски уреди

Според членот 126 од Договорот за основање на ЕЕО, членки на ЕЕО може да бидат само земјите кои се членки на ЕУ или на ЕФТА. Всушност, во членот 126, како членки на ЕЕО се наведени само членките на ЕУ, Исланд, Лихтенштајн и Норвешка, а Швајцарија има посебен третман. Притоа, секоја земја може да стане членка на ЕЕО со доставување апликација до Советот на ЕЕО, врз основа на процедурата наведена во членот 128 од Договорот.[2]

ЕЕО се заснова на истите „четири слободи“ како и Европската заедница: слободно движење на добрата, луѓето, услугите и капиталот меѓу земјите на ЕЕО. Членките на ЕЕО имаат бесцарински пристап до единствениот европски пазар и на нив се применува регулативата на ЕУ во однос на конкуренцијата, државната помош, јавните набавки и интелектуалната сопственост. Сепак, слободното движење на луѓето во рамките на ЕЕО се однесува само на економски активното население, како и на студентите.[3] За возврат, овие земји мораат да усвојат дел од законите на Европската Унија. Земјите-членки на ЕФТА кои се дел од ЕЕО не трпат финансиски товар поради членството во ЕУ, иако тие придонесуваат финансиски во европскиот единствен пазар. По проширувањето на ЕУ/ЕЕО во 2004 г. дошло до десетократно зголемување на финансискиот придонес на земјите-членки на ЕЕО, особено на Норвешка, во социјалната и економска кохезија на внатрешниот пазар (1167 милиони евра за пет години). Земјите-членки на ЕФТА не добиваат никакви средства од фондовите на ЕУ.

Институции уреди

Според членовите 88-91 од Договорот за основање на ЕЕО, главниот орган на ЕЕО е Советот кој е составен од претставници на Европската комисија и по еден претставник на земјите-членки на ЕФТА. Покрај него постои и Заеднички комитет на ЕЕО со кој наизменично претседаваат претставникот на ЕУ и на ЕФТА. Во членот 95 се предвидува и формирање мешан парламентарен комитет, а членот 96 предвидува формирање консултативен совет, составен од еднаков број членови од ЕУ и од ЕФТА. Исто така, членот 100 предвидува дека во донесувањето разни мерки може да учествуваат експерти на ЕФТА, а постои и Суд на ЕФТА, како наднационален суд замислен како пандан на Европскиот суд на правдата.[4]

Надворешни врски уреди

Наводи уреди

  1. Gross domestic product at market prices
  2. Марјан Бојаџиев, „Како побрзо во Европа?“, Економија и бизнис, година 21, број 255, ноември 2019, стр. 39.
  3. Марјан Бојаџиев, „Како побрзо во Европа?“, Економија и бизнис, година 21, број 255, ноември 2019, стр. 39-40.
  4. Марјан Бојаџиев, „Како побрзо во Европа?“, Економија и бизнис, година 21, број 255, ноември 2019, стр. 40.