Џон Доналд „Дон“ Баџ (англиски: John Donald "Don" Budge; Оуклeнд, Калифорнија, 13 јуни 1915Скрантон, Пенсилванија, 26 јануари 2000) бил тенисер на Америка. Баџ е прв тенисер во историјата кој го освоил календарски гренд слем (1938), победувајќи на сите четири најголеми натпреварувања во една година. Тој исто така е рекордер по бројот на узастапно освоени гренд слемови (6). На почетокот на кариерата бил аматер, а подоцна преминал во професионалци. СЕ Пензионирал во 1955 година.

Дон Баx, американски тенисер, Вимблдон сингл шампион за тенис 1937 и 1938 година

Животопис уреди

Баџ е роден 13 јуни 1915 година во Калифорнија. Татко му бил фудбалер. Баџ во младоста бил заинтересиран за други спортови, но набрзо сфатил дека е природно надарен за тенис. Запонал да студира на Калифорнискиот универзитет, но го напуштил за да игра тенис за САД. Тогаш имал само деветнаест години.

Вејќе со 21 година играл на Вимблдон, каде го поразил тогашниот први аматерски играч на светот, Фред Пери. Баџ вејќе следната годин јаа преземал таа титула од Перија, откако станал професионалац. Tаа година, исто така, ја освоил Вимблдон во сите три конкуренции (поединечно, парови и мешани парови) и мѕ ја донел титулата Дејвис куп на тимот САД кога го победил на Готфрид фон Крам од Нацистичка Германија со резултат 3:2.

Следната година, 1938 година, Баџ влегол во тениската историја така што станал прв играч кој ги освоил сите четири гренд слем турнири во една година. До денес, неговиот успех (во машка конкуренција) го обновил само Род Лејвер (1962 и 1969). Баџ во текот на 1937 и 1938 победил во 92 последователени натпревари.

 
Американскиот тенисер Дон Баџ во Белиот градски тениски клуб во Сиднеј, Австралија

Баџ станал професионалац 1939 година. Во текот на Втора светска војна Служел во воздухопловната единица, каде во една вежба се здобил со повреда на рамото, која засекогаш го спречила да се врати на негово најдобро ниво. Се пензионирал во 1955, а 1964 примен е во Тениската куќа на славни.

Баџовата игра ја карактеризирал моќен сервис и одличен бекхенд. Исто така останал запамтен по исклучително пристојно понашање на терен, без покажување на бес и конфликт со судиите.

Баџ во 1999 возеќи удрил во дрво. Од таа повреде никогаш не се опоравил и умрел аз неколку месеци подоцна, во јануари 2000 година. Имал жена Лоријел и два сина, Дејвид и Џефриј.

Аматерски гренд слем турнири уреди

Исход Година Турнир Противник Резултат
Пораз 1936. Првенство САД   Фред Пери 6:2, 2:6, 6:8, 6:1, 8:10
Победа 1937. Вимблдон   Готфрид фон Крам 6:3, 6:4, 6:2
Победа 1937. Првенство САД   Готфрид фон Крам 6:1, 7:9, 6:1, 3:6, 6:1
Победа 1938. Првенство Австралија   Џон Бромвич 6:4, 6:2, 6:1
Победа 1938. Ролан Гарос   Родерих Мензел 6:3, 6:2, 6:4
Победа 1938. Вимблдон   Бани Остин 6:1, 6:0, 6:3
Победа 1938. Првенство САД   Еуген Мако 6:3, 6:8, 6:2, 6:1

Професионални гренд слем турнири — поединечно (4:4) уреди

Исход Година Турнир Противник Резултат
Победа 1939. Професионално првенство Франција   Елсворт Вајнс 6:2, 7:5, 6:3
Победа 1939. Вембли   Ханс Нислајн 13:11, 2:6, 6:4
Победа 1940. Професионално првенство САД   Фред Пери 6:3, 5:7, 6:4, 6:3
Победа 1942. Професионално првенство САД   Боби Ригз 6:2, 6:2, 6:2
Пораз 1946. Професионално првенство САД   Боби Ригз 3:6, 1:6, 1:6
Пораз 1947. Професионално првенство САД   Боби Ригз 6:3, 3:6, 8:10, 6:4, 3:6
Пораз 1949. Професионално првенство САД   Боби Ригз 7:9, 6:3, 3:6, 5:7
Пораз 1953. Професионално првенство САД   Панчо Гонсалес 6:4, 4:6, 5:7, 2:6