Долгашка Река

река во Македонија

Долгашка Река (или Елевска Река) — река во Македонија, сместена на планината Стогово.[1]

Долгашка Река
Елевска Река
Средното течение на реката во долот меѓу Елевци и Долгаш
Местоположба
ДржаваМакедонија Македонија
Општина Центар Жупа
СелаДолгаш, Елевци
Физички особености
Извор 
 • местоЛениште меѓу врвовите Дафиница, Бабин Срт и Докат Баир на Стогово
Устие 
 • место
Црн Дрим
 • координати
41°25′33″N 20°34′0″E / 41.42583° СГШ; 20.56667° ИГД / 41.42583; 20.56667
 • надм. вис.
584 м.
Особености на сливот
ТечениеЦрн ДримДримЈадранско Море
Речен сливЦрн Дрим

Извор уреди

Извира на западните падини на планината Стогово, во пределот на Дебарска Жупа.[1]

Извира од повеќе мали извори на висорамнината Лениште помеѓу врвовите Дафиница, Бабин Срт и Докат Баир високо на планината Стогово, од каде протекуваат неколку потоци со имињата Бела Река, Круше и Кара Дере кои како изворишни челенки го составуваат главниот тек на реката.

Тек уреди

Реката поминува покрај селата Елевци и Долгаш и се влева во Дебарското Езеро, југоисточно од градот Дебар.[1]

Именување уреди

Минувајќи крај селото Елевци го носи името Елевска Река. Под името Елевска Река тече сè до средното течение кај мостот на патот помеѓу Елевци и Долгаш, по што таа го добива името Долгашка Река сè до својот влив во Дебарското Езеро (порано Црн Дрим) кај месноста Требишки Мост.

Галерија уреди

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 1,2 Петрушевски, Илија; Маркоски, Благоја (2014). Реките во Република Македонија (PDF). Скопје: Геомап. стр. 27. ISBN 978-9989-2117-6-8.

Надворешни врски уреди