Дрим

река во Албанија и Македонија
41°45′2″N 19°34′19″E / 41.75056° СГШ; 19.57194° ИГД / 41.75056; 19.57194

Дрим (албански: Drini) — најдолга река во Албанија, со вкупна должина од 335 км.[1] Има две растоки, од кои едната оди право во Јадранското Море, а другата во реката Бојана („Буна“ во Албанија).

Дрим
Drini
Река
Утоката на Бојана во Дрим
Земја Албанија
Извор утоката на Бел и Црн Дрим
 - место Кукс
 - координати 42°04′N 20°25′E / 42.067° СГШ; 20.417° ИГД / 42.067; 20.417
Утока Јадранско Море
 - координати 41°45′2″N 19°34′19″E / 41.75056° СГШ; 19.57194° ИГД / 41.75056; 19.57194
Должина 335 км
Акумулацијата Коман

Настанок уреди

Дрим настанува со слевање на Црн Дрим што извира во Струга и Бел Дрим кај Кукс во источна Албанија. Од ова место до вливот во Јадранското Море, Дрим е долг 160 км. Меѓутоа, доколку се мери од изворот на Бел Дрим, реката е долга цели 335 км — со тоа најдолгата река во Албанија.[1] Црн Дрим истекува од Охридското Езеро во Струга и тече низ Македонија и Албанија. Бел Дрим извира во планината Жлеб, (северно од Пеќ во Метохија) тече кон Албанија.[2]

Течение уреди

Од Кукс, Дрим тече низ северна Албанија, и тоа прво кај Хас, па низ Спас, Мси и Фиерз. Кога ќе навлезе во Метохија, се спушта во јужен правец. Потоа влегува во ниската Скадарска Рамнинца и се двои на два ракава. Едниот се влева во Дримскиот Залив (Pellg i Drinit) на Јадранското Море југозападно од градот Леска. Другиот се влева во реката Бојана кај тврдината Розафа. Иако е пократок, овој ракав што завршува во Бојана се нарекува „Голем Дрим“ (Drini i Madh) бидејќи е многу пополноводен. Сè до 1858 г. во морето се влевал и Голем Дрим, но таа година настанала поплава што го пренасочила кон Бојана. Овој дел е многу широк и носи големи количества вода (320 м³/с), дотолку што фигурира како езеро на некои карти. По ова место, продолжува на југ и минува низ Бушат, Маб, Гајдар, Леска и Медово. Јужно од Меска навлегува во ниско плавно поречие, низ мочуришта, па завршува во Јадранското Море.

Стопанска важност уреди

Дрим игра многу важна улога во албанското стопанство како главен извор хидроенергија. Трите брани на реката произведуваат речиси сета струја во земјата. Најголемо вештачко езеро е Фиерза (73 км2), а по него следува Вау и Дејс (25 км2).

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 Tom Streissguth (2011). Albania in Pictures. Twenty-First Century Books. стр. 12. ISBN 978-0-7613-6378-1. Посетено на 26 септември 2013.
  2. Klement Tockner; Urs Uehlinger; Christopher T. Robinson (31 јануари 2009). Rivers of Europe. Academic Press. стр. 1156. ISBN 978-0-08-091908-9. Посетено на 26 September 2013.
  • Мала Просветина енциклопедија, III изд. (1985); Просвета; ISBN 86-07-00001-2
  • Јован Ђ. Марковић (1990): Енциклопедијски географски лексикон Југославије; Свјетлост-Сарајево; ISBN 86-01-02651-6

Поврзано уреди